Македонски форум за електроника
Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: stiffy on 11.05.2014, Sunday, 21:41:31
-
Па вака, да се пофалам...на државниот натпревар за стручни школи кој се одржа на 9 мај освоив 2ро место за труд на тема автокатика-електроника....така нешто :)
За проектот беа планирани 3-системска активна свртница, 3 засилувачи за истата и RGB лед ву метар.
(http://s1.postimg.cc/njuhv8b0u/20140508_173238.jpg)
ова е првото вклучување на ву метарот кој за жал не успеав да го завршам поради недостаток на финансии и време. Прво ми беше речено дека ќе се одржи на 10ти мај, па во последен момент немав време да набавам делови.
(http://s1.postimg.cc/qdjv3g91q/20140508_012410.jpg)
предна страна на ву метарот.
(http://s1.postimg.cc/f83c7q30u/20140509_122906.jpg)
Штандот на кој го презентирав и бранев трудот.
(http://s1.postimg.cc/x0owflk9a/20140509_122925.jpg)
јас (дечкото со црна маица) со својот склоп ;D
(http://s1.postimg.cc/y82u7tadq/20140509_123539.jpg)
Исто така штанд, целосен, каде што се гледа и осцилоскопот каде графички ги прикажав излезните фрекфенции на свртницата (ниски, средни, високи) :D
Малце по скромно се претставив на регионалниот натпревар во битола без звучник (само 3 драјвери), со фабрички засилувачи и сл. на кој со 1-во место се пласирав на државниот натпревар, а на државниот освоив 2ро место. :)
-
Честито дечко,само така продoлжи.. :).Ткау да те прашам,сами си ги финансирате проективе ?
-
како што знам да... него прво место да не освои едно девојче од неготино со автоматизација на светло???
-
не бе ги јаде домаќино со фриждеро што го имаше уклучено на компјутер ;D тој мислам зеде 1
и јас заборавив честито и од мене
-
Не само активни свртници туку и Open Baffle звучници. :D Голем поздрав од мене, и честито за 2рото место ;)
-
и заборавив да пишам... честито второ место :D
-
Честито второ место ;).
-
Честито дечко ;)
-
Фала ви на сите! :D
иначе дел сам се финансирав, дел школото...имав големи идеи за целиот склоп кои не успеав да ги реализирам најмногу поради времето, преголем залак....другиот пат здравје :D
-
Почнувам да се плашам конкуренција да не ми станеш :D
-
Почнувам да се плашам конкуренција да не ми станеш :D
баш конкуренција е добра работа...ако нема конкуренција никогаш нема да станеш подобар :D
-
Многу се нервирам што за да се запишеш техничко ти требаат некои 40 бода , а за гимназија 60 , па сите "попаметни деца" одат таму. И јас бев на натпреварот и се разочарав од тоа дека вкупно беа 147 учесници, а во мојот смер енергетика (теорија) беа само 10 души, а на натпреворот можеше да одат сите што на општинскиот ќе освојат над 50 бода од вкупно 100. Слично беше и кај другите. Срамота што да се речи друго
-
Ова мислите на натпреварот во петокот што се одржа во Владо Тасевски и јас бев таму тоест и јас се натпреварував трета година електроника и телекомуникации.И имав највише бода на тестот.А за проектите секоја чест.Јако беше и автоматското светло на девојчето од Неготино но Прилеп најдобри сто бода земаа за труд.Ова беше 33 државен натпревар на електротехничките,машинските и сообраќајните училишта и се одржа во моето училиште.Доста интересни проекти имаше. ;) :)
-
Почнувам да се плашам конкуренција да не ми станеш :D
баш конкуренција е добра работа...ако нема конкуренција никогаш нема да станеш подобар :D
Точно! :)
Споено мислење: 12.05.2014, Monday, 01:15:38
Патем кое интегрирано коло го користеше како засилувач?
-
slider - Само со подобар противник можеш да напредуваш! :D
луѓе, како во секое школо така и во техничките има деца што сакаат да научат, и деца што сакаат да имаат пролазна 2ка. Лошо е што процентот на таквите во техничкиве училишта е многу поголем. Конкретно во моето училиште, има најтежок материјал во споредба со гимназија и економско...заради слабиот критериум има такви деца, а уписот е со исто поени за информатика/автоматика како и гимназија, а другите смерови се со помалце поени. Така да не зависи тоа од нас, имало и ќе ги има.
Конкретно, не бев којзнае колку воодушевен од проектите што ги видов - вклучувајќи го и мојот...или поради едноставноста или поради знаењето дека се работи за готов проект со готов .HEX (за микроконтролери воглавно).
Мојот проект беше со рачно изработена плочка, сам ја исцртав истата....со мои пресметки. Сам го изработив звучникот, и го склопив ву метарот од неколку проекти. Но самото што не беше на пример склоп со микроконтролер, лично мој испишан код и слично не ги задоволуваше моите „стандарди“, секогаш се стремам да одвлечам внимание на некои образовани и почитувани луѓе. ;D ;D
највоодушевен бев од способноста на едно “детиште“ забегано што успеа да занимава 100ина луѓе околу 45мин. поради каснењето на резултатите...многу сум се изнасмеал! :D
Споено мислење: 12.05.2014, Monday, 01:35:57
три засилувачи со TDA2050 :)
-
според мене треба повеќе мачење на тие натпревари (премногу прашања да се), зашто (се срамам ова да го кажам) проектот од тоа девојчето 98% јас го имав направено и не ни знаев дека би земала прво место, а девојчето незнае ни да леми ни отпорници да чита...
-
Добро, само јас ли не ги гледам сликите во првиот пост...? ???
-
Ги нема!? Ги имаше,па сега и јас не ги гледам.Иначе Стифи,добра работа, само така напред и во секој случај работата се исплати! 8)
-
Браво бате само така и јас во Битола на натпревар кога бев бев како тебе второ место имав направено миксета со засилувач.Прво место тогаш освои едно дечко со сензор за ниво на течност и плус тој во комисијата му беше чичко мислам или тетин.Само напред ;D ;)
-
Абе, зборувајте сешто. Незнам како е сега ама пред три четири години на овие натрпревари во комисиите беа професори од Електротехничкиот факултет кои нема да си го рушат угледот затоа што можеби имаат внук што се натпреварува. Друго, Никогаш не победуваат класични работи (засилувачи и миксети) па макар и биле фабрички направени. Секогаш победуваат понетипичните склопови иако со послаба изработка. Во таа смисла склоп за контрола на ниво е подобар избор од мискета па колку и да е тој попрост. И на крај не гледам некоја голема работа ако составиш склоп по некоја шема и го презентираш. Затоа и не ги вреднуваат овие натпревари во категоријата проекти. Оваа категорија е повеќе за некоја промоција на училиштето каде што учи ученикот. А државен натпревар по Физика или Математика......е тоа е веќе друга работа
-
Сликите не се гледаат ???
-
Професоре Муро,тоа беше одамна.Сега ,зборувам во последните 7-8 години постојано се расправам поради притисоците што врз комисиите ги прават домакините,а потоа и некои професори ,кои навистина форсираат свои деца.Под свои подразбирам некој интереси кои ги бранат. Факт е дека квалитетот опадна и тоа значително.Бидејќи сте вие во таа струка (така мислам барем),имате прилика да видите и доживеете кои се дечки се * спровираат* во средните училишта ,а се далеку од квалитет.Но,отидовме подалеку.На натпреварот во Пехчево пример победи кандидат кој не успеа докрај да го направи уредот,кој беше даден како обавезна вежба.Го ставив вчера на Форум,да го видат и знаат сите тој проект.Што да објаснувам понатаму..??
Споено мислење: 13.05.2014, Tuesday, 00:12:14
ПС. Во последниве 10 години не сум видел ниеден * инвентивен* труд - носеле како домашна работа готови направени кит-уреди,готови фабрички плочки со делови комплет,потоа склопови кои само електроничар со 20 г. искуство би ги составил,а не дете од 12-13 години.... Се сум видел и доживеал,а инвентивност во натпреварите по електроника - можеби 2-3 пати,ама никој од нив не добил прво место!
-
На натпреварот во Пехчево пример победи кандидат кој не успеа докрај да го направи уредот,кој беше даден како обавезна вежба.
Абе ајде, :o кит ти даваат и да не успееш да го направиш? цццццц
Споено мислење: 13.05.2014, Tuesday, 13:03:29
П.С. Батка, на тоа девојчето со волтметарот мислеше?
-
Нема никакви предуслови и критериуми во категорија проекти. Може секој да довлечка било што и да рече дека е тоа негово. Значи, дисциплината проекти на овие натпревари според мене е гола вода. Никаква корист (стипендија или слично) освен личнo задоволство нема.Најдобрите електроничари (оние што стануаат профеционалци а не миднајт инжинери) од учениците воопшто и не типуваат на оваа диспиплина.
-
прво фала на сите :D
Батка - На моите плочки баш се чудеа...ама можам во било кој момент да ги изработам и да склопам уред што ќе мислат дека е фабрички, а во елаборатот имав туторијал за изработка на ппк. Иновативност...иновативноста, мои се пресметките, мои се плочките, од сите професори ми беше речено „абе оди со шо било, не ќе прајш ти ракета...секако место ќе добијаш сите се трупој таму“...ама јас седнав и сакав сложен склоп да составам, настрана ву метарот што беше планиран, од обичен ву метар го смислив со миљон додатоци, штета немав време...затоа имав едноставен аналоген склоп, добив второ место...ништо посебно. :/.
Муро - И сега имаше некои професори на факултет, ама и професори од школите исто така. Еве јавно, и мојот професор проба да се протне но комисијата но не успеа. Секој брани интереси во секој случај, факт е тоа.
Иновативните трудови, во нивни очи изгледа сите се смислени од тој што презентира...иако може со 1 кратко прашање да се знае дали е автор или не на трудот. Па на крај го оценуваат самиот проект.
Ништо страшно, сурова реалност...ако не ништо - подискутиравме малку! ;D
-
Зошто неможам да ги видам сликите 8)
-
Нема никакви предуслови и критериуми во категорија проекти. Може секој да довлечка било што и да рече дека е тоа негово. Значи, дисциплината проекти на овие натпревари според мене е гола вода. Никаква корист (стипендија или слично) освен личнo задоволство нема.Најдобрите електроничари (оние што стануаат профеционалци а не миднајт инжинери) од учениците воопшто и не типуваат на оваа диспиплина.
Видете,натпреварите се замислени како натпревари во права смисла на зборот.До пред 10-15 години имаше повеќе цврсти критериуми и се знаеја и важеа за сите! Тоа одговорно го тврдам.Многу години сум бил во Комисии не само по електроника,ами и конструкторство,радио-техника,*лов на лисица*.... Порано имаше квалитет и избор на кандидати.Денес,извинете сите- ама квалитетот се слуша ,ане се гледа( со чесни исклучоци!).Ме нервира кога стотина луѓе ,додека трае испитувањето ,се муваат и подметнуваат ливчиња, ми се јавуваат и дури ми сугерираат кој да биде прво место! Секогаш сум бил ригорозен.Имаше едно момче - татко му бил лекар (после разбрав!),ама дечкото беше супер,имаше добра домашна!! Е,се бараше прво место да му го дадам на кандидат два степени далеку од првиот,заради средношколската стипендија! Овој имал татко кој бил полн пари,а вторииот се грепчи за стипендија! И го викнав малиот кој требаше да биде прв,разговаравме и му кажав какви притисоци ми прават другиот да биде прв!! И дечкото ми вели : Ма,во ред е,нека земе стипендија,мене не ми значи да бидам прв,битно е ова што го работам некој да ми рече дека е добро!!!!! Еј,малиов беше сосема ОК.И ,ајде ,направивме така,но јас му поклонив на второпласираниот таблет,во време кога се броеја во МК на прсти!! И му велам- да знаеш дека ти си прв и да го чуваш за спомен ова !!! До ден денес ми се јавува од Германија ,каде работи во СИМЕНС.И ова година ми рекоа дека однапред се било познато.До кога така?? Точно е дека само со две-три прашања може да се оцени дали некој ја правел домашната или не!! Во повеќето случаи одговорот е - НЕ!
-
Сликите на Opera и Chrome ги отвора, и на линукс и на вин.
-
Сликите на Opera и Chrome ги отвора, и на линукс и на вин.
Јас имам Chrome не ми ги отвара...
-
На компјутерот имам Mozilla не ми ги отвара.На лаптопот имам Ghrome исто не ми отвара.Нема везе сега опера ке симнам да видам.И да не ги отвори нема везе бев таму знам за што се работи. ;D ;D ;D ;)
-
јас со мозила ги гледам, прво беа преголеми, ама некој од администацијава, мислам дека Девил ги среди :)
Батка, секогаш имало и ќе има...некогаш повеќе некогаш помалку. Вие оцените во кои спаѓам...не би ме повредило ништо, само би ми дало мотивација за повеќе труд. :D
Пак има крај и на протекциите, цел живот тато не е тука да те турка ;)
Утре во рек нема да те запосли со купена диплома ...1 турбина - 1 миљон чини, на вредиш ако не си способен! :D
Така да јас се водам по то и се надевам еден ден ќе можам да испишам програма од 10ина KB ;D
-
исчистете кукис кеш и слично таму во пребарувачите, незнам што да ви речам
-
Јас сум на Chrome, не се прикажуваат сликите, но доколку одите со десен клик>open in new tab ќе можите да ги видите сликите :). Барем кај мене така работи.
Иначе Stiffy браво за трудот, догодина да освоиш прво место :D. Имаш талент, продолжи така друже, да се слушат насекаде за Mуцон :D
П.С: Ех младоста ми ојде во онај Mуцон, ама сепак најјако беше :'( :'( :( .. позз до сите таму од кј јаболкана :D
-
Стифи,нема бе батка чурук човек на Форумов ;D ;D ;D ( чест на исклучоци! :D ;))