Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: warningteam on 09.04.2014, Wednesday, 19:24:12
-
Поздрав колеги потребно ми е ваше мислење, искуство се работи околу едно ДВД марка НЕО кое ми стоеше дома во кутија , но помината гаранција купено од Нептун и пред некој ден ми затреба и пробав да го уклучам се најнормално си работеше слика се се се филм дури гледав на него музика и така и го открив проблемот. Префрлив на радио бидејки има можност и радио да слушаш на него и кога се појавува фреквенцијата на станицата на која е наместено,но на звучниците ништо ни шум немаше, пробував со други станици се се,но пак безуспешно отворив внатре ја откачив антената да видам дали ке добијам шум и повторно ништо..Можеби е фабричка маана, или пак се работи за некој дефект кој лесно може да се отклони има ли начин да се поправи или сепак ке си остане на тоа да биде само ДВД не радио ??
-
Види кои се ознаките на RF модулот. Ако успееме да најдеме некои податоци за него, можно е да се среди проблемот. Ако не, тоа е тоа.
И пиши ги ознаките на моделот или евентуално ознаките на главната плоча (шасијата) на DVD плеерот.
-
види каблите одзади и во опциите прокопај, стерео или 2.1 нешто барај. башка кабли се, затоа немаш звук. 90% е тоа, истото го имам приметено на кварц што се исто такво..
-
DVD-то е модел HT335DivX, иначе сите кабли можни ги проверив се си е во ред, но ме чуди и на АМ кога ке го префрлам нема шум барем на излезот :S.
-
а фм? може да има ауто-муте...
-
Не верувам не .. ајде еве и да речеме дека ФМ е на муте што е со АМ ? или пак обратно, нешто друго е во приказнава ке видиме...