Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: Atanas on 21.03.2014, Friday, 17:36:21

Title: Проблем со компјутер
Post by: Atanas on 21.03.2014, Friday, 17:36:21
Па за разлика од електрониката во врска со компјутериве сум по напреден. Софтверо го познавам не како професионалец ама блиску сум.

Па да се вратам на темата...
Другиов компјутер што ми е во дневната соба многу ми кочи неможам да дознаам што е работава го однесов на преинсталација 2пати пак исто. Се двоумам дали ми прават проблем графичката или процесорот ама се надевам ќе ми го посочите проблемот,а најмногу батка бидејќи ми има во неколку наврати дека има фирма за компјутери..
Слики од карактеристики:
(http://prntscr.com/32sypt)
(http://prntscr.com/32syvr)
Title: Одг: Проблем со компјутер
Post by: batka on 21.03.2014, Friday, 18:13:26
Батка, Атанас, бидејќи си со софтверот  не како професионалец,ами блиску тука некаде,не разбирам зошто си го носел на преинсталација.Веројатно не знаеш да преинсталираш.Е,па еве кога ме прозиваш дека МОРАМ да ти одговорам - ќе ти одговорам - носи го во сервис.
Title: Одг: Проблем со компјутер
Post by: Atanas on 21.03.2014, Friday, 18:31:56
И на сервис што треба да му направат/сменат (не ми оди хардвер) графичка процесор ? Што ?
Title: Одг: Проблем со компјутер
Post by: batka on 21.03.2014, Friday, 23:22:23
Вечер ако има ѕвезди ке видам,ако не на гравчиња ке вражукам!??( шала) Абе како може некој на невидено да каже нешто? Треба со свое око да видиш,да мериш,да смениш или тестираш од РАМ,напојување,да истеститаш хард,матична,.... Скоро се е во игра!
Title: Одг: Проблем со компјутер
Post by: GigaWatt on 22.03.2014, Saturday, 01:22:31
Па за разлика од електрониката во врска со компјутериве сум по напреден. Софтверо го познавам не како професионалец ама блиску сум.

Ова ти беше бисер над бисерите. Ова само кажува колку не знаеш. Не се бламирај пред цел форум, а башка што читаат и луѓе кои не се членови на форумов.

Се гледа колку знаеш за софтвер... едни слики не знаеш да ги поставиш како што треба со image tag.

Мој личен совет: не пишувај некој период на форумов, само читај и прочитај некои книги за техника, електроника, софтвер, хардвер, итн., па потоа почни да пишуваш. Имаш цела секција со книги на форумов, една одбери, која сакаш и фати да ја читаш.
Title: Одг: Проблем со компјутер
Post by: Clear Sky on 22.03.2014, Saturday, 02:43:26
Извинете за офтопик, ама ова е лошо за форумов, секој што ќе влези на форумо прво ќе ги прочита овие глупостите и наредното шо ќе го напрај ќе мани на иксо и ќе го отцени форумо негативно, така да воведете санкции, ми здосади(а не само мене туку на сите) да го гледам ова ,за се што ќе му текнело нова тема, барем малку срам да се имаше
Title: Одг: Проблем со компјутер
Post by: GigaWatt on 22.03.2014, Saturday, 05:10:48
Се сложувам, но ние не ги бираме членовите. Форумов е отворен за сите, па нормално е да се јавуваат и вакви ситуации.

Во секој случај, не гледам поента да се разглобува тема во која не се дадени никакви информации околу хардверот и софтверот, освен дека компјутерот е спор ::). Темата оди под клуч, а Atanas нека размисли за она што му го пишав во претходниот post. Веќе имаше еден опоменувачки бан, наредниот може да биде и траен.