Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: Josifosky on 17.03.2014, Monday, 23:11:41

Title: Народна техника, Натпревари од технички училишта
Post by: Josifosky on 17.03.2014, Monday, 23:11:41
Некој да не знае информации за натпреварите од Народна техника насока Електротехника и Електроника, на пример што склоп, дали треба да биде изработката наша а шемата и кодот готови или пак и тие да бидат наши и слични корисни информации ?
Исто и за натпреваров што е од Стручни училишта за изработка на труд што треба како ?? :)
Title: Одг: Народна техника, Натпревари од технички училишта.
Post by: batka on 17.03.2014, Monday, 23:44:29
Сите информации овде

Code: [Select]
http://www.atcm.org.mk/index.php/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8/76-povik-za-49-ot-drzaven-natprevar-na-mladi-istrazuvaci
Title: Одг: Народна техника, Натпревари од технички училишта.
Post by: Josifosky on 18.03.2014, Tuesday, 00:45:58
Мислев на искуства и такви работи :)
Title: Одг: Народна техника, Натпревари од технички училишта.
Post by: batka on 18.03.2014, Tuesday, 01:18:24
Прво,сам не можеш да се пријавиш,мора преку училиште да оди со заверен печат од менторот и училиштето.За подробни информации веројатно менторот треба да ви каже.Искуства? Дозволено е се ,а кога ке дојдеш на одбрана на трудот гледај да не ти се погоди некој во Комисијата што малку е поупатен во темата.Зависи колку е интересна,така ке те прашаат.Нема некој посебни правила.Ако имаш добра тема и одбрана,пази на практичниот дел,да не биде составен од десетина плочки и милион кабли.пази на естетика и гледај склопот да функционира и да знаеш како и поради што функционира. 8)
Title: Одг: Народна техника, Натпревари од технички училишта.
Post by: SKOLS_OLD on 18.03.2014, Tuesday, 01:19:32
@Josifovski,јас имам учествувано на повеќето натпревари организирани од Народна Техника.Идам,дури од 5-то одделение,тоа е околу 8 години.Најдобро ти е да си изработиш твој уред,тоа значи,ќе направиш свој уред(склоп),подобро ти било да е со некој микроконтролер,кодот да е твое дело,шемата,плочката...Тоа што сам ќе го започнеш од "нула" повеќе го ценат тој труд,отколку труд кој си го украл од некое списание или интернет!За идеја пак,има безброј:часовници,ЛЕД коцки...јас сега работам на ЛЕД RGB глобус,во последната година од средно освоив 2-ро место со ЛЕД глобус...окото на комисијата освен што ќе е твое дело,највеќе им привлекува внимание ако уредот(склопот) свети или трепка.Ова повеќе пати го имам слушнато од искусните и точно е.
Title: Одг: Народна техника, Натпревари од технички училишта.
Post by: batka on 18.03.2014, Tuesday, 01:24:14
Не го плаши толку,да мора да трепка.Имаш повеке работи  да запазиш.Ако имаш некоја идеа за управување преку РС ,тоа оди добро,Потоа радио команди,нешто со pic можеби,не е морално да свети,но да е оригинално,односно да не биде веќе видено.Што имаше ти Сколс во Кавадарци?
Title: Одг: Народна техника, Натпревари од технички училишта.
Post by: SKOLS_OLD on 18.03.2014, Tuesday, 01:33:43
не го плашам  :) Во Кавадарци дали беше лани?Јас прехлани завршив  ;D ако не грешам натпреварот беше во Штип и освоив 2-ро место со еден дигитален термометар со термостат,а пак на Емуцијадата освоив 2-ро место со ЛЕД глобусот.

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/ledglobus.jpg)

За идеи,може да бара на нет,има еден тон материјал...може да направи ласерски проектор,некоја команда преку ПЦ(како што му кажа и ти Батка) или пак Bluetooth(Android),Ethernet контролер итн...
Title: Одг: Народна техника, Натпревари од технички училишта.
Post by: batka on 18.03.2014, Tuesday, 01:41:35
Сега очекувам ке има еден тон Андроиди  :D ,слични еден на друг,ама ако се направи нешто оригинално макар била и попроста направа ке биде добро.Имаше некоја шема гледав преку мобилен да направиш телекоманда и дома преку РС да вклучуваш и исклучуваш уреди.ниво,термо метри со РС поддршка,некоја проста направа со пр 4 мотора ( или степ) управувана од некој прост програм.Зависи колку можеш и финансиски да поднесеш.
Title: Одг: Народна техника, Натпревари од технички училишта.
Post by: SKOLS_OLD on 18.03.2014, Tuesday, 01:51:49
Од година во година,се помалку и помалку се нафаќаат да изработуваат.Пред 3 години бев на натпреварите од основно училиште и многу лошо беше.Порано,кога јас се натпреварував(5-то одд. година 2005),мерак ми беше да отворам Word office,да го преведам текстот(некои од бугарски,српски,англиски) и да го накуцам(сам го куцав ,а преводот беше со грешки  :D ).Па бидејќи немав скенер и незнаев многу да работам во таа програма ќе го испечатев текстот,па ќе го однесам во Фотокопирница,пред тоа со лепак ќе ја исечам шемата и ќе ја залепам и како да било вметнато во некоја програма.Сега,некој нема елаборат ,па камоли цел реферат да пишува.Малце отидов во офф-топик,но според мене оваа и наредните години мислам нема да има многу "понапредни" уреди(склопови) кои ќе се натпреваруваат во областа електроника.Сега,во денешно време кога ја имаат оваа техника,никој не ја користи.
Title: Одг: Народна техника, Натпревари од технички училишта.
Post by: Josifosky on 18.03.2014, Tuesday, 13:12:21
Па склопов го спремам се обидувам кодо да го прам да биди шо е можно мој иначе прам Тетрис најосновен без звуци глупости и триста други делој шо че ме збуна туку едноставен ама мој :) А за на другиов натпревар шо е од здружениево сакам да одам со RGB USB контрола многу работи паралелно работам и нестасувам секаде ми остана да го напишм текстот за тетрисов ама некако незнам сеуште шо да пишувам :(
Title: Одг: Народна техника, Натпревари од технички училишта.
Post by: MetallicA on 18.03.2014, Tuesday, 14:06:23
Quote
Исто и за натпреваров што е од Стручни училишта за изработка на труд што треба како ??

ако мислеше за МАСУУМ, изгледа оваа година ке нема натпревар по електроника, има некои други категории, види мислам имаше страна на нет.  ;)
Title: Одг: Народна техника, Натпревари од технички училишта.
Post by: Josifosky on 18.03.2014, Tuesday, 16:41:34
Ненене :) На массум одам така за шеткање и му ја изработувам рекламата за училиштето:)
Title: Одг: Народна техника, Натпревари од технички училишта.
Post by: nsu on 18.03.2014, Tuesday, 21:48:52
Нека ви е со среќа на натпреварот Josifosky од народна техника може многу да се научи а убаво е чуството да учествуваш.Ќе запознаеш деца.Кој исто така се разбираат доста во електрониката.
Title: Одг: Народна техника, Натпревари од технички училишта.
Post by: batka on 18.03.2014, Tuesday, 21:56:34
За тоа колку се*разбираат* ке дискутираме кога (ако) отиде на натпревар и види што се случува таму. ;D ;D
Title: Одг: Народна техника, Натпревари од технички училишта.
Post by: MetallicA on 18.03.2014, Tuesday, 22:12:19
Quote
Кој исто така се разбираат доста во електрониката.

А, секогаш највеке се разбираат оние коишто се од богата фамилија  ;) :D :D
Title: Одг: Народна техника, Натпревари од технички училишта.
Post by: stiffy on 18.03.2014, Tuesday, 23:27:09
луѓе, за народна техника незнам...ама за массум е чиста местенка, еднаш ме зедоа Струмица пред 2 год. како златна резерва бидејќи сите беа “високоинтелегентни“....наредно би отишол, но неспремен и без склопови да видиме како ќе изгледа тоа затоa што сум повикан само кога немаат доволно склопови или знаење.
Ваљда народна техника е по фер од агол на оценување, комисија и слично....а не месеци уназад да се знае што-како :)
Title: Одг: Народна техника, Натпревари од технички училишта
Post by: KiloVolt on 19.03.2014, Wednesday, 08:11:52
Лани имаше две местенки на Народна Техника, едно девојче со теслин трансформатор (на натпреварот по применета физика, дел од Народна Техника) од околу 70kV освои 2-ро место зад едно друго девојче што имаше направено еден прост трепкач, ист како вежбата што ја правевме истиот ден на натпреварот по електроника...
Каква Местенка!
Другата да не ја спомнувам...
Title: Одг: Народна техника, Натпревари од технички училишта
Post by: Josifosky on 19.03.2014, Wednesday, 20:22:43
а чекајте сеа има дел и изработка таму или ?
Title: Одг: Народна техника, Натпревари од технички училишта
Post by: SKOLS_OLD on 19.03.2014, Wednesday, 20:42:50
Лани имаше две местенки на Народна Техника, едно девојче со теслин трансформатор (на натпреварот по применета физика, дел од Народна Техника) од околу 70kV освои 2-ро место зад едно друго девојче што имаше направено еден прост трепкач, ист како вежбата што ја правевме истиот ден на натпреварот по електроника...
Каква Местенка!
Другата да не ја спомнувам...
јас кога учествував пред 2 години,имаше еден кумановец кој беше на Натпреварот од средните стручни училишта,таму освои прво место и освои на Народна техника натпреварот.Истиот проект...се му беше исто.Ама тоа е тоа.Имам и претходно во осмо,пред нос ми земаа 3-то место,ме поставија на четврто!(Затоа на државниот ништо не направила(девојче беше))
Title: Одг: Народна техника, Натпревари од технички училишта
Post by: GigaWatt on 19.03.2014, Wednesday, 21:58:36
Абе мора малку еманципација да фураат за девојчињава ;D... тоа е тоа, нели еднаквост на полови, ова она ;) ;D.

Мада морам да признаам, имам видено девојче како леми... не е тоа тоа ;D.
Title: Одг: Народна техника, Натпревари од технички училишта
Post by: batka on 19.03.2014, Wednesday, 22:14:11
Ти си видел девојче како *леми*,ама јас сум видел девојче кое навистина леми подобро од половината електроничари кои ги знам.Затоа ,без подценување. 8)
Title: Одг: Народна техника, Натпревари од технички училишта
Post by: stiffy on 20.03.2014, Thursday, 11:21:29
Јас сеуште барам таква девојка :(

зато неам женска  ;D