Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Сè останато => Topic started by: DX-er on 23.01.2014, Thursday, 20:43:02

Title: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: DX-er on 23.01.2014, Thursday, 20:43:02
·         
АЛАРМАНТНО :  Чипувањето на новороденчињата во Европа тргнува од  месец мај 2014 . ?!
 
Чиповите во телата на новороденчињата ќе се вградуваат, како што  се наведува, заради се` поголемиот број  изгубени деца,  па чипот би требало да помогне  во нивното пронаоѓање,  но, и заради полесно  купување и продавање и пренесување на податоците!
 
Ако може да `и се верува на италијанската интернет страница  CorrierediRoma.it, но и според  некои германски и француски извори,  оваа година   Европа, но и останатиот свет  ќе се соочат со исполнувањето  на најстрашното Библиско пророштво .
 
 Станува збор за „жигот на ѕверот“  пророчено во книгата на Откровението , а  според кое  луѓето ќе бидат присилени да го вградат  во своето тело. Токму ова го најави порталот  како факт за мај оваа година.
 
 Иако  за чипувањето на луѓето и порано е пишувано и се претпоставувало така,  општо е познато дека во Америка веќе со години  чиповите се тестираат на одредени групи на луѓе, (психијатриски болни, затвореници...) и други луѓе кои доброволно се согласиле  да примат чип во своето тело.
 
Неговото масовно имплементирање, иако најавено  и одобрено уште од пред неколку години, секогаш е попречувано или се одвивало во тајност  со образложение дека тоа  е само  - вакцина!
 
Оваа страница го најавува чипувањето на новороденчињата овој пат на просторите на Европа  и тоа заедно со вакцината која што новороденото дете ја прима првиот ден по раѓањето во болницата.
 
Можеби и тоа е причината за  законски задолжителното вакцинирање  во Хрватска, зашто наскоро ќе се воведе и чипување,  па нема смисла да се дотерува тој закон дополнително!
 
  Застрашувачки е тоа  што оваа страница има потполно афирмативен став кон  чипот  и  го претставува као добар полициски  помагач.
 
Чиповите во телата на  новородените деца ќе се вградуваат, како што наведуваат,  заради се` поголемиот број  изгубени деца, а  чипот би требало да помогне во нивното пронаоѓање, но  и заради полесно купувње и продавање и пренос на податоци.
 
 Микрочиповите,  кои  ќе се вградуваат  под кожата на секое родено бебе, всушност, се мали  технички картички (како зрно роза) на кои ќе бидат испишани, ама баш  сите податоци за детето, но  и  со  поставен
 ГПС уред   кој што ќе мора да се полни  секоја втора година во болница и  покрај  кого  ќе бидат инсталирани ГПС  системи.
 
 Овој микрочип директно е поврзан  со сателит, така што оној кој го носи никако не ќе може да побегне  во сопствената приватност - никогаш!
 
Ќе се вградува во сите јавни болници  и на сите бебиња во ЕУ и тоа потполно   бесплатно , но ако родителите го сакаат тоа.
 Но, како да им се верува дека потајно нема да им се вградуваат и на оние бебиња чии што родители тоа не го сакаат?
 
Ќе се имплементираат  на подрачјето на десниот лакт под кожата .
Но, според оваа страница, но и другите информативни медиуми , микрочипувањето е веќе одамна започнато.
 
 Да се чипуваат заради сопствена  „сигурност“ на подрачјето  на Европа сега  можат и возрасните и децата кои тоа го  сакаат.    Но, од мај  оваа година,  секое бебе ќе биде изложена на можност на чипување,  но  и  заплашувањето на родителите кои заради таа лажна „сигурност“, која што ја претставуваат како причина  за чипот, навистина би можеле  масовно  да се согласуваат на ова монструозно  етикетирање на човечкото суштество.

извор:
Code: [Select]
http://preminportal.com.mk/content/view/13657/71/
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: DX-er on 23.01.2014, Thursday, 20:46:22
Дали некој знае нешто повеке околу овие чипови, од што се состојат, кои модули ги има во нив, како се одвива комуникацијата меѓу чипот и базата и кој се може да контролира?

Подоле во текстот се вика:
  Еднаш, кога ќе го дозволите чипот  во своето тело,  треба да знаете , тоа тело веќе не е ваше, зашто не можете да бидете сигурни дека некој не управува со вашите движења, со вашите  мисли и дела.

Како чипот ке контролира мисли и движења?
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: warningteam on 23.01.2014, Thursday, 20:55:01
Хм.. колку е ова чипување добро толку и е лошо. Во странство зборувам за европските земји  веќе одамна се чипуваат  домашни миленици, но имаше случај баш пред некое време гледав на еден странски програм ваков чип  имале вградено доктори ветеринари на една мачка уште како мала со цел сопствениците да се осигураат од изгубување на миленичето,но како што малечкото маче се развивало чипот завршил меѓу пршлените и правеше проблем при движење на мачката, па мораше други доктори да ја оперираат (ризична операција) да го вратат чипот на местото каде требало да биде..  а околу работата и не сум баш запознаен но изгледаше во форма на капсула мини капсула... 
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: Zan on 23.01.2014, Thursday, 21:09:18
Претпоставувам дека чиповите ќе бидат од типот RFID, и ќе служат само за идентификација, без можност за контрола на мисли и движења и без GPS, барем не од почеток, можеби во наредните, пософистицирани модели  :)

Code: [Select]
http://en.wikipedia.org/wiki/Radio-frequency_identification
Еве како изгледа RFID чип, во споредба со зрно ориз.
(http://i1072.photobucket.com/albums/w368/zzaann/Razno/Microchip_rfid_rice_zpsb9ecfe6b.jpg)
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: DX-er on 23.01.2014, Thursday, 21:25:11
Барав по интернетов и на неколку места пишуваше дека ке има и GPS во чипот, тоа е за наводно лоцирање на изгубени и киндапирани луѓе. Него мене ме чуди следново, на која далечина ке може да се фати сигналот од чипот? Каква батерија користи, бидејки таа ке се полни на секој 2 години ?

Čipiranje novorođenčadi u Europi kreće od svibnja 2014.?! (http://www.youtube.com/watch?v=k3offbVG2UE#)
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: Hahahaha on 23.01.2014, Thursday, 21:43:14
Тоа за контролирање на мозокот нема шанси мислам да се оствари, зашто треба мозок да ти отвори и во него да го стави чипот, ова ќе стои само подкожно како локатор, иначе преку сателит ќе функционира како сим картичките сто функционираат, пусти ГПС на телефон и да видис одма кај к те лоцира точно на мапа, ама сепак немораме до толку да се секираме, барем ние што сме до кај 25 години нема да го дочекаме ова, зашто се знае во Македонија стига нешто дури после 20 години, или пак може овој пат, бидејќи сме многу запалени за да влеземе во европска унија, први ќе дозволиме на нас да ни се вгради, само да станеме членки.
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: MetallicA on 23.01.2014, Thursday, 21:50:55
И да ти вградат "На сила" вакво нешто, можеш да го отстраниш, тоа е барем лесно, ке отидеш во Косово и готово завршена работа.  ;D
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: DX-er on 23.01.2014, Thursday, 21:54:52
Ајде малце за техничките карактеристики да зборуваме.
Како што се гледа, најголем дел зафаќа антената, потоа батеријата, а чипот е нај мал од се. Во него покрај примо-предавател за дигитална радио комуникација (пренос на податоци) ке содржи и GPS функција и GPS антена. Не успеав да ја видам GPS антената.
Иначе баш сакам да земам еден таков чип и да направам доста експерименти со него... ама изгледа нема можност да ти дадат без да ти го вградат.
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: Devil on 23.01.2014, Thursday, 22:13:38
Прво да си кажам свое мислење оти ова е глупост, некој негде ја има измислено онака и некој наш се најде да ја преведи, вакви работи нема никогаш да поминат нигде пред никоја влада и слично, без мое одобрени несмее никој да прави ништо на моето тело, така да ова е најверојатно некоја чиста глупост само за да се придобие внимание према нешто.

Во случај да е вистина

RFID ќе се, и нема да може да ве контролираат и такви работи, на тоа заборавете, се работи за чипови за идентификација на луѓе, затоа што многу луѓе исчезнуваат, се продаваат како робови и слично па вака барем ќе ги препознаваат кој е кој
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: DX-er on 23.01.2014, Thursday, 22:21:16

RFID ќе се, и нема да може да ве контролираат и такви работи, на тоа заборавете, се работи за чипови за идентификација на луѓе, затоа што многу луѓе исчезнуваат, се продаваат како робови и слично па вака барем ќе ги препознаваат кој е кој

Да ама чим има батерија и ГПС, тоа значи дека модулот е предвиден да може да се лоцира на поголема далечина, а не како оние RFID картици на само 5cm
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: Hahahaha on 23.01.2014, Thursday, 22:21:42
Ај да гледаме на позитивната страна, донекаде позитивна, ете ако во тој чип има GPS и може да се прати човекот преку сателит, со помош на тоа полесно ќе може да се најде прекрсител на некој закон, убиство да се разоткрие. Со помош на тој чип би се знаело да кажеме денес кој ја ограбил таа и таа банка. Да кажеме тоа е едно нешто позитивно од ова, ама друго нешто позитивно не гледам :)
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: Z31GH on 23.01.2014, Thursday, 22:25:06
чипот е под кожата некаде. Лесно можеш да го отстраниш
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: MetallicA on 23.01.2014, Thursday, 22:26:22
Тоа е стран објект и кога ке се инјектира во телото, тоа ке се стреми да го отфрли, со што би можело да дојде до компликации. инаку ова не е позитивно, туку напротив е негативно бидејки се нарушува слободата на граганите, инаку девил не им треба согласност ни од влада ни од суд, виде што направија американците со НСА, истото ке биде и со ова. сите си мислат дека е некоја безбедносна мерка а напротив тоа е далеку од безбедно.
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: Zan on 23.01.2014, Thursday, 22:34:17
...без мое одобрени несмее никој да прави ништо на моето тело...
Ќе смислат нешто и за тоа, како задолжителните вакцини за децата. Или вакцина или казна.
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: Z31GH on 23.01.2014, Thursday, 22:42:25
Мислам дека никој нема право да ти вградува нешто со сила. Може да се користи за затвореници кога би се пуштиле на слобода. Не може тоа да е задолжително за луѓето освен на доброволна база.
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: Devil on 23.01.2014, Thursday, 23:03:12
RFID чипот нема да има GPS, затоа што за тоа се потребни антени, повеќе кола, загревање (поради снагата која би требало да ја имаат) цело времено зрачење што е штетно и така натаму, RFID работи само кога ќе се донеси читач без батерија без ништо така да не би требало да има потреба од менување на неколку години, вакво нешто веќе постое и се става кај кучињата и кај некои загрозени видови на животни за нивна евиденција
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: DX-er on 23.01.2014, Thursday, 23:28:39
Ама тоа е друго, тие кај кучињата имаат домет од неколку cm. Ова е друго. Имам видено на телевизија прилог како на пчелите им ставаат микрочип и ги следат каде летаат, испитале дека летаат и до 10km оддалеченост од кошниците.... значи тие чипови емитуваат доволно силен сигнал за да дофрли на 10km. Е тоа ме чуди како работи. Значи за тоа треба батерија а не електромагнетна индукција, треба и засилувач на RF сигнали, треба и батерија. Devil погледај го видеото од погоре, тамо е објаснето дека ке има и GPS, а и на друго место прочитав за тоа. Ма да и мене не ми се верува толку за GPSто. Иначе прочитав дека ке има батерија која ке треба да се полни на 2 години во болница. Е како овој GPS и примо-предавател со голем домет ке работи на батерија 2 години ?
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: GigaWatt on 24.01.2014, Friday, 01:02:59
Прво да си кажам свое мислење оти ова е глупост, некој негде ја има измислено онака и некој наш се најде да ја преведи, вакви работи нема никогаш да поминат нигде пред никоја влада и слично, без мое одобрени несмее никој да прави ништо на моето тело, така да ова е најверојатно некоја чиста глупост само за да се придобие внимание према нешто.

Паааа... јас не би бил толку сигурен. Чудно време е, чудни работи се случуваат, чудни закони се донесуваат... никогаш не се знае. Може да биде и задолжително за некое време, кој знае.

Во случај да е вистина

RFID ќе се, и нема да може да ве контролираат и такви работи, на тоа заборавете, се работи за чипови за идентификација на луѓе, затоа што многу луѓе исчезнуваат, се продаваат како робови и слично па вака барем ќе ги препознаваат кој е кој

Тоа може да биде една од многуте примени. Се разбира, тоа ќе биде последна работа за која ќе се применува, иако јавно ќе биде кажано дека само за тоа ќе се применува. А и ова е само почеток, сега се RFID чипови, по некое време ќе бидат GPRS чипови, па потоа тоа ќе се вградуваат "кредитна картичка/GPRS/матичен број/лична карта/возачка дозвола" чипови, со што во секој момент, со адекватен читач, секој ќе може да дознае што сака за тебе, од име и презиме до тоа што си купил денес за јадење. Во совршено општество, ова е многу добра работа, за жал, како и секоја нова технологија, по некое време повеќе се злоупотребува отколку употребува.

Во секој случај, дури и да е вистина, не се согласувам со ова.
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: Trolko on 24.01.2014, Friday, 12:33:37
Мислам дека никој нема право да ти вградува нешто со сила. Може да се користи за затвореници кога би се пуштиле на слобода. Не може тоа да е задолжително за луѓето освен на доброволна база.

Точно, насекаде во европа и пошироко се гарантира правото на секој да си одлучи што сака да си прави со телото оти е само негово.

Прво да си кажам свое мислење оти ова е глупост, некој негде ја има измислено онака и некој наш се најде да ја преведи, вакви работи нема никогаш да поминат нигде пред никоја влада и слично, без мое одобрени несмее никој да прави ништо на моето тело, така да ова е најверојатно некоја чиста глупост само за да се придобие внимание према нешто.

Потполно се согласувам :-) Испаничени религиозни луѓе што за сѐ пробуваат да најдат скриена агенда, каде што ја нема :-) (исто муабетот беше и за вакцини, али тоа друга тематика)
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: dr-mr on 24.01.2014, Friday, 14:34:36
Според  линкот, веста пласирана од страна на топинфопост е неточна и непроверена ( измама ).
Code: [Select]
http://www.snopes.com/politics/medical/microchipeurope.asp
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: bicikle on 25.01.2014, Saturday, 20:57:49
n.c. ова е бизарно.. од кај ќе знаеш што се не има во чипот. Како прво членови од форумов имаат направено предавателчиња со слични димензии како ова во амтерски услови, да не прајме муабет што може фабрика да направи. За енергија е најмал проблем, топлината е извор на енергија не? а ние "работиме" на 37C. Нели направија киборг од буба-шваба(лебарка, што и да е), па зошто да не и од нас? Ја не су за!
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: MarkoMK on 26.01.2014, Sunday, 01:14:39
Не е добра работа според мене.
На прв поглед изгледа како нешто што ќе придонесе, ете за наоѓање на загубени луѓе или за спречување на криминал. На пример, како што рече некој од членовите, со ГПС уредот ќе може да се лоцира, на пример кој ограбил банка. Или ако има некое убиство одма ќе се види според координатите кој бил во тој временски период таму и ќе се знае убиецот... Значи, огромна помош за откривање на криминалци.
Ама ако се замислиме повеќе, ако некој криминалец, на пример планира да ограбува банка, ќе си го извади чипот со операција, и ќе го остави дома.. после тоа, од кога ќе го изврши грабежот може пак да си го вгради и ете му совршено алиби дека си бил дома... :)
А околу техничкиот дел, мислам дека чипот би бил RFID и GPS приемник. Ама само приемник. Пошто за предавател тешко дека ќе издржи 2 години таа батерија. Приемникот би ги логирал податоците во некоја меморија и по потреба ќе можат да се прочитаат.... Ова е мое мислење..
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: bicikle on 26.01.2014, Sunday, 05:14:45
А од каде знаеш дека чипот не може да те натера да ограбиш банка за некого? и така, ти си крив.. а може и да не си свесен.. ја не би.. Пари в банка не чува, џигерот што од креатин што од алкохол ми е партал, цигари пуша што ќе се плаша да не ме киднаписа некој или да не ме ограби ?
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: Z31GH on 26.01.2014, Sunday, 07:28:02
Само будала може да дозволи да му се вгради еден ваков паразит. Тој доктор што би ми предложил вакво нешто....има да му се слоши ;)
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: MarkoMK on 26.01.2014, Sunday, 09:25:52
А од каде знаеш дека чипот не може да те натера да ограбиш банка за некого? и така, ти си крив.. а може и да не си свесен.. ја не би...
Науката се уште не е стигната до тој степен да може да комуницира електрониката со нервниот систем...
Знам имаше пред некое време успеале да одгледаат нервни клетки на чип ама се уште е далеку контрола на мислите, прво уште не се знае 100 % како функционира мозокот, а да не збориме околу техниката да се имплеметира таков уред во чип и да се вградува.

Споено мислење: 26.01.2014, Sunday, 09:30:19
... Пари в банка не чува, џигерот што од креатин што од алкохол ми е партал, цигари пуша што ќе се плаша да не ме киднаписа некој или да не ме ограби ?

Хахахахах....  :) :) баеги пороци си имал ти бицикле..
Ама не е поентата да те ограбат или киднапираат него тоа дека ти се одзема приватноста, секој ќе знае каде си во секој момент.
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: Zan on 26.01.2014, Sunday, 09:51:28
Само будала може да дозволи да му се вгради еден ваков паразит.

Така е, и јас се согласувам со ова. Но што ако во иднина се променат некои работи, па луѓето сами да бараат да им се вгради чип?
Еве да ги земеме за пример мобилните телефони. Знаеме дека големите компании имаат можност да ги прислушкуваат нашите разговори, да ги читаат нашите SMS пораки, да одредат во кој дел од земјината топка се наоѓаме, па сепак сите сакаме да имаме мобилен телефон. Ситуацијата е уште полоша со паметните телефони. Многу повеќе податоци може некој да дознае за нас, доколку поседуваме паметен телефон. Овие телефони имаат интернет конекција, GPS уред, пристап до нашите банкарски сметки и ред други работи, па сепак сите сакаме да имаме што подобар паметен телефон, со што е можно повеќе опции. Сите тие опции, им даваат многу повеќе шанси на оние што сакаат да ни наштетат, многу полесно да стигнат до нивната цел.
Уште еден пример: Да речеме дека родителите на своето дете, тинејџер, му дале обичен мобилен телефон (Nokia 3310  :)). Сите пријатели ќе му се смеат и ќе го зафркаваат тоа дете поради мобилниот телефон, затоа што сите други имаат iPhone или HTC со Android. Тоа дете ќе се бори со сите сили да добие паметен телефон, за да не заостанува зад другите деца, иако тој телефон има и негативни особини, наведени претходно.
Мое мислење е дека ќе дојде време кога луѓето сами ќе бараат да им се вгради чип, поради поволностите што тој чип ќе ги нуди во иднина, без оглед на негативните работи.
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: GigaWatt on 26.01.2014, Sunday, 11:00:03

Exactly my point ;). Технологијата може да се користи за многу добри работи. За жал, најчесто се користи за лоши :S. Последен пример е NSA и аферата со прислушкувањето. Но, за ова се дозна... замислете за колку активности од овој вид нема никогаш да се дознае ;).

Уште еден пример: Да речеме дека родителите на своето дете, тинејџер, му дале обичен мобилен телефон (Nokia 3310  :)). Сите пријатели ќе му се смеат и ќе го зафркаваат тоа дете поради мобилниот телефон, затоа што сите други имаат iPhone или HTC со Android. Тоа дете ќе се бори со сите сили да добие паметен телефон, за да не заостанува зад другите деца, иако тој телефон има и негативни особини, наведени претходно.

Тоа се вика „челичење“ на карактер и се правело порано, а во денешно време... мене ако ме прашате, малку премногу се размазени децава. Дај, на, дај, на ::). Се знае, ако сака smart phone, ќе си го заслужи. Ама ова е друга тема веќе, да не навлегувам во ова.

Сигурно нема да му дадам на мое дете Nokia 3310 ;D. Апсурдно е тоа, дури ни јас (обожавам simple модели BTW ;D) немам таков ;D.

Според мене, во иднината (освен ако не настане некоја катаклизма или не изумреме сите од нуклеарна војна ;D, што е прилично веројатна опција ;)) ќе имаш две опции: или ќе бидеш дел од „интегрираното“ општество (со вакви пронајдоци, како чипот, се цели кон тоа) или нема да бидеш дел. Изборот е твој. Секој си има предности и недостатоци, како за тебе, така и за твојата фамилија и потомство (ако решат да те следат по било кој пат, се разбира). Твое е да избереш дали во конкретниот момент и ситуација, притоа, пробувајќи да предвидиш (колку што можеш подобро) како ќе се движат работите во иднината, да одлучиш кој пат ќе го избереш: оној на „отфрленик“ (outlaw) или оној другиот, според сите „општествени рамки и норми“, нормален пат. Како и да избереш, губиш, прашањето е, во која ситуација губиш повеќе ;).

Мое мислење е дека ќе дојде време кога луѓето сами ќе бараат да им се вгради чип, поради поволностите што тој чип ќе ги нуди во иднина, без оглед на негативните работи.

Според мене, токму ова е трагично, што луѓе сами ќе бараат да им се вгради вакво нешто и ќе те гледаат чудно (а може и да станеш и „сомнително лице“) ако не сакаш да го направиш тоа... или на твоето дете не сакаш да му се вгради вакво нешто, итн.

Мое мислење е дека, сега за сега, немаме ни доволно свест, ни доволно сме интелигентни за да може разумно да раководиме со ваков тип на технологија, а кога би биле доволно свесни и развиени за да можеме да раководиме со ваков тип на технологија, истата нема да ни треба ;D. Многу поблиску сме до мајмуни отколку што мислиме ;). Во еден документарец, некој научник, не ми текнува кој, направи една интересна споредба, вели вака: „Во денешно време ги имаме сите овие напредни помагала, компјутери, мрежи, паметни телефони... тоа е се убаво, ама човечкиот ген, од каменото доба до денес, се има сменето само за 0.3%. Тоа е исто како да инсталирате денешен софтвер на хардвер од праисториско доба“. Убава мисла, ми се допаѓа ;). Од овие причини, мислам дека сите овие муабети паѓаат во вода ;). Мислам дека немаме доволно капацитет да размислуваме на оваа тема. Кој сака може да се сложи, кој не сака, не мора, не ми е целта да навредам никој, ова е чисто мое мислење ;). Ние сеуште се убиваме поради глупави религиски или расни разлики, сме преокупирани со цензура, авторски права и што уште не... да, дефинитивно мислам дека не сме спремни за ова ;D.
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: MetallicA on 26.01.2014, Sunday, 12:11:50
Quote
Уште еден пример: Да речеме дека родителите на своето дете, тинејџер, му дале обичен мобилен телефон (Nokia 3310  ). Сите пријатели ќе му се смеат и ќе го зафркаваат тоа дете поради мобилниот телефон, затоа што сите други имаат iPhone или HTC со Android. Тоа дете ќе се бори со сите сили да добие паметен телефон, за да не заостанува зад другите деца, иако тој телефон има и негативни особини, наведени претходно.

Ете тоа е еден голем проблем со општеството, што сите си завидуваат едни на други, што го занима некој каков телефеон или PC имам?? тоа е работа на преференции и финанскиски можности, а не сакам ова сакам она... се надевам дека ова ке се смени...

Quote
Технологијата може да се користи за многу добри работи. За жал, најчесто се користи за лоши :S. Последен пример е NSA и аферата со прислушкувањето. Но, за ова се дозна... замислете за колку активности од овој вид нема никогаш да се дознае .

И не само НСА верувај, постојат многу повеке вакви организации само не се знае за нив, за НСА се дозна откако овој сноуден ги предаде, но не верувам дека тоа ке биде случајот и со другите. Ова е само во САД, а замислете си дека вакври организации имаат и русија, Кина, Ирак итн.

Quote
мене ако ме прашате, малку премногу се размазени децава. Дај, на, дај, на . Се знае, ако сака smart phone, ќе си го заслужи. Ама ова е друга тема веќе, да не навлегувам во ова.

Не малку повеке, туку премногу се размазени, и јас спагам во групата на деца, ама тоа незначи дека не смеам да ги критикувам особините на младината..

Quote
Според мене, во иднината (освен ако не настане некоја катаклизма или не изумреме сите од нуклеарна војна , што е прилично веројатна опција ) ќе имаш две опции: или ќе бидеш дел од „интегрираното“ општество (со вакви пронајдоци, како чипот, се цели кон тоа) или нема да бидеш дел. Изборот е твој. Секој си има предности и недостатоци, како за тебе, така и за твојата фамилија и потомство (ако решат да те следат по било кој пат, се разбира). Твое е да избереш дали во конкретниот момент и ситуација, притоа, пробувајќи да предвидиш (колку што можеш подобро) како ќе се движат работите во иднината, да одлучиш кој пат ќе го избереш: оној на „отфрленик“ (outlaw) или оној другиот, според сите „општествени рамки и норми“, нормален пат. Како и да избереш, губиш, прашањето е, во која ситуација губиш повеќе .

За војната сум сигурен дека ке има е сега во кој временски период ке биде тоа, дали утре, после 2 месеци, години итн. тоа никој не знае, ама ке има сигурно бидејки постојат премногу различни мислењеа, а сега не само Русија Сад и кина имаат и други нации нуклеарни реактори, бомби.. на пример, Ирак, Јапонија, Кореа и др.

А она со чипот ке биде исто како и со смартфоните, или имаш и си дел од модерното општество или си Outsider...

Quote
Мое мислење е дека, сега за сега, немаме ни доволно свест, ни доволно сме интелигентни за да може разумно да раководиме со ваков тип на технологија, а кога би биле доволно свесни и развиени за да можеме да раководиме со ваков тип на технологија, истата нема да ни треба . Многу поблиску сме до мајмуни отколку што мислиме . Во еден документарец, некој научник, не ми текнува кој, направи една интересна споредба, вели вака: „Во денешно време ги имаме сите овие напредни помагала, компјутери, мрежи, паметни телефони... тоа е се убаво, ама човечкиот ген, од каменото доба до денес, се има сменето само за 0.3%. Тоа е исто како да инсталирате денешен софтвер на хардвер од праисториско доба“. Убава мисла, ми се допаѓа . Од овие причини, мислам дека сите овие муабети паѓаат во вода . Мислам дека немаме доволно капацитет да размислуваме на оваа тема. Кој сака може да се сложи, кој не сака, не мора, не ми е целта да навредам никој, ова е чисто мое мислење . Ние сеуште се убиваме поради глупави религиски или расни разлики, сме преокупирани со цензура, авторски права и што уште не... да, дефинитивно мислам дека не сме спремни за ова .

Проблемот со лугето е што сакаат да изиграваат господ, да се прават мокни над се, се додека ова особина не се искоренети, нема одење напред.
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: DX-er on 26.01.2014, Sunday, 13:24:43
Темата ептен забега во оф топик! Треба да збориме за техничките карактеристики на чипот (модулот) а не за тоа колку е тој етички и колку се човековите права засегнати и сл. За тоа темата е постирана во радио техника а не во општи муабети.
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: MetallicA on 26.01.2014, Sunday, 18:38:48
Не знам што ти е поентата и што сакаш да се дискутриа... мислам дека веке кажаа дека чипот е со големина на зрно ориз, има некоја антена и најверојатно ке се напојува од батерија или топлината од човекот, повеке не верувам дека некој знае бидејки ова е сеуште прототип и не се знае многу за него.. додека не почне да се призведува неможеме да знаеме со сигурност ништо.
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: GigaWatt on 26.01.2014, Sunday, 18:53:08
За војната сум сигурен дека ке има е сега во кој временски период ке биде тоа, дали утре, после 2 месеци, години итн. тоа никој не знае, ама ке има сигурно бидејки постојат премногу различни мислењеа, а сега не само Русија Сад и кина имаат и други нации нуклеарни реактори, бомби.. на пример, Ирак, Јапонија, Кореа и др.

Се менуваат светските супер сили, затоа ќе има ;). Тоа не значи дека ќе има утре, ама како што се оди се повеќе и повеќе кон трошење на ресурсите од кои живееме, и тоа се со цел да се оствари само профит, ништо повеќе (??? ::)), без притоа да се земе во обзир од што ние зависиме, а одговорот е краток и јасен, природата, ќе се случува тоа што се случува. Борбата за ресурси и профит ќе станува се по жустра во иднината, луѓето се помалку и помалку пари ќе имаат, економијата ќе стагнира или споро ќе се опоравува од крахови, а ќе има крах по крах, тоа е неминовно, и, мислејќи во контекст на капиталистичко (потрошувачко) општество, моќнициве ќе мислат дека решение е заграбување на повеќе ресурси, а со цел да си обезбедат трка на наредните избори, ќе ги убедуваат луѓето дека ова е „вистинскиот пат“ и единственото решение за нивните проблеми (војната е профит, кратко и јасно, само од војната ќе имаат ќар, а уште ако на тоа ги додадеш и заграбените блага/ресурси од, која и да е, држава која си решил да ја нападнеш, ехееееее ;)) и се така ќе си се врти се додека не решат да нападнат некоја држава која има нуклеарен арсенал и ќе возврати со нуклеарен удар... а верувам дека вакво нешто ќе се случи, само што сеуште не е дојден „ножот под грло“ како што викаат. Кога ќе дојде, се ова природно ќе си дојде и ќе имаат масовна поддршка бидејќи... повеќето луѓе се лесно поводливи, не размислуваат, што ќе им се каже и сервира од страна на политичарите го „лапаат како алва“ ;D, ќе имаат поддршка од масите и ќе си ги спроведат овие акции ;). Ова и сега се случува, само во помали размери ;). Се случувало и пред 50 и пред 100 и години ;). Само што во иднина, ќе биде на глобално ниво ;). Тоа е стратегија за контрола на масите на која и треба време да се развие и усоврши... а веќе ја имаат усовршено скоро до перфекционизам.

Проблемот со лугето е што сакаат да изиграваат господ, да се прават мокни над се, се додека ова особина не се искоренети, нема одење напред.

Мислам дека ова повеќе има врска со она машкото его ;D, оној „алфа мажјак“ статус кон кој се стреми секој маж ;). Затоа пишав, не мислам дека сме многу далеку од мајмуните од овој аспект ;D. Сите големи модерни проблеми ни се последица на ова ;)... да да, дефинитивно не сме спремни за вакви технологии ;). Трагично е само што голем дел од умовите кои ги измислуваат овие технологии, тргнуваат со многу добра и чиста идеја и желба... е сега, кога ќе ја продадат таа идеја и технологија на банкари, економисти, генерали... целта на таа идеја и замисла се менува за 360 степени ;D.

Можно е да има спас за сите овие работи... единствена компанија која гледа далекусежно на работите, барем според мене, е Google. Мислам дека целат кон „насочување“ на светот во друга насока. Дали сум во право, не знам, ама инстинктот ми вика дека, ако некој има шанси глобално да ги смени работите, тоа се они.
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: Trolko on 26.01.2014, Sunday, 23:16:22
Темата ептен забега во оф топик! Треба да збориме за техничките карактеристики на чипот (модулот) а не за тоа колку е тој етички и колку се човековите права засегнати и сл. За тоа темата е постирана во радио техника а не во општи муабети.

Се согласувам, да зборуваме за техничките карактеристики и можности !

Ако може да `и се верува на италијанската интернет страница  CorrierediRoma.it, но и според  некои германски и француски извори,  оваа година   Европа, но и останатиот свет  ќе се соочат со исполнувањето  на најстрашното Библиско пророштво .
 
Станува збор за „жигот на ѕверот“  пророчено во книгата на Откровението , а  според кое  луѓето ќе бидат присилени да го вградат  во своето тело. Токму ова го најави порталот  како факт за мај оваа година.

Јас лично штом нешто ќе се смешаат хокус-покус муабети со технологија, одма почнувам да се сомневам со реалноста на ситуацијата. Така да мислам дека сето ова е само *залажување* како што реков, религиозни луѓе бараат заговор каде што неможе да постои.

Чиповите во телата на  новородените деца ќе се вградуваат, како што наведуваат,  заради се` поголемиот број  изгубени деца, а  чипот би требало да помогне во нивното пронаоѓање, но  и заради полесно купувње и продавање и пренос на податоци.

Купување и продавање и пренос на податоци ? Какви податоци ... не верувам дека би имало 16/32 GB на празен простор во него :)

Микрочиповите,  кои  ќе се вградуваат  под кожата на секое родено бебе, всушност, се мали  технички картички (како зрно роза) на кои ќе бидат испишани, ама баш  сите податоци за детето, но  и  со  поставен
ГПС уред   кој што ќе мора да се полни  секоја втора година во болница и  покрај  кого  ќе бидат инсталирани ГПС  системи.

Смешки, за GPS приемник се потребни „малку“ поголеми димензии од зрно роса :-) Плус за приемникот треба додатна процесирачка моќ, регулатори, стабилизатори итн...

Овој микрочип директно е поврзан  со сателит, така што оној кој го носи никако не ќе може да побегне  во сопствената приватност - никогаш!
 
Последниот чекан во кофчегот на митов :-) Потребната енергија за да се пренесе информација до сателит е *ОГРОМНА* за мистериозниот уред за кој што станува збор :-)

извор:
Code: [Select]
http://preminportal.com.mk/content/view/13657/71/

Преминпортал и не е баш некој извор за доверба :-)
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: KiloVolt on 05.03.2014, Wednesday, 16:56:15
Абре едно моќно електромагнетно празнење и ќе спржи се спроводливо во ова, камоли една танка жичка... или уште подобро, индукциски греач, доволно е само малку...
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: bicikle on 06.03.2014, Thursday, 19:01:28
Со оглед на тоа дека уредот ќе биде во тебе ќе те спржи и тебе, слично како и хемотерапија...
Инфо:  Исто така при експлозија на нуклеарна бомба се создава јако поле при што све околу неа што е од електроника станува практично неупотребливо, поготово полуспроводници.
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: KiloVolt on 06.03.2014, Thursday, 19:11:06
Еден човек актривираше нервни центри во мозокот со празнење на HV кондензатор низ намотка која се наоѓаше на неговата глава... Или еден Теслин трансформатор да доприш тебе ништо нема да ти биде, а електрониката во тоа спржена ;D ;D ...(се разбира слаб)
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: Atanas on 06.03.2014, Thursday, 19:15:20
Се плашам од денот кога технологијата ќе ја потисне човечката интеракција. Тогаш светот ќе има генерација идиоти. - Алберт Ајнштајн

Изгледа се остварува! хаха  :D
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: batka on 06.03.2014, Thursday, 22:08:13
Се плашам дека кај нас тој процес започна. 8) Не мислам само на Форум,општо. ;D ;D ;)
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: Zan on 06.03.2014, Thursday, 22:13:13
Хахаха, еј batka како сум се изнасмеал  :)
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: batka on 06.03.2014, Thursday, 22:28:02
Веќе видено,батка 8) ::)
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: beethoven on 06.03.2014, Thursday, 22:44:27
Батка јас мислам дека веќе е започнато бидејќи сега има повеќе идиоти од порано,децата се повеќе седат на фејзбук,на игри,почна ама се плашам да не заврши катастрофално за нацијата
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: Atanas on 06.03.2014, Thursday, 22:54:07
Нема повеќе просперитет сите компјутерот го злоупотребуваат малце се оние кои го користат во позитивни цели...На прсти се бројат
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: beethoven on 06.03.2014, Thursday, 22:58:26
Така е но не само компјутерите туку и телефоните,таблетите и се слично :)
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: batka on 06.03.2014, Thursday, 22:58:42
Абе батки другиве деца седат ба Фејзбук,а вие Форумов го направивте Фејзбук! Дали е тоа во ред? И дали не замарате??
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: Atanas on 06.03.2014, Thursday, 22:59:35
Искрено така е...Батка ај ако сакаш дозволи да ти праќам пораки
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: batka on 06.03.2014, Thursday, 23:01:22
Искрено така е...Батка ај ако сакаш дозволи да ти праќам пораки

Абе јас ке дозволам,ама Форумов не - вели многу пораки си испраќал,па не може,мора малку да одмориш! ;)
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: batka on 06.03.2014, Thursday, 23:05:35
Батки,три -четири поста ги направивте *дар-мар*!! Ако не се запрете,односно ,ако продолжите со офф топик постови,навистина ке се најдете недела дена надвор од Форумов.Навистина досадувате и се однесувате како да сте на некој * рекла-казала* чет ! Престанете сите тројца : Коловолт,Бетовен,Атанас.За вас важи тројцата.
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: MetallicA on 06.03.2014, Thursday, 23:07:40
Абе, овие ставарно се заебаваат.Немам коментар.........
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: batka on 06.03.2014, Thursday, 23:10:45
Навистина Администрацијата дискутираше за бан!!
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: beethoven on 06.03.2014, Thursday, 23:12:32
Ок од сега ветувам дека повеќе нема да пишувам офф топик
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: batka on 06.03.2014, Thursday, 23:13:50
Ок од сега ветувам дека повеќе нема да пишувам офф топик
Дали приметивте дека неколку постови отидоа во кош!! И продолжувате упорно вие тројцата!!  ??? ???  Не се работи веќе за зафрканција,максимално сум озбилен.Да не видам ниеден офф топик пост веќе! ???
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: DX-er on 14.12.2014, Sunday, 22:11:31
Дали некој знае некаква ознака на тие чипови или дали може да се најде даташит, да се види од кои блокови е составен ?
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: bicikle on 15.12.2014, Monday, 03:03:28
тешко, мислкам дека се дури во облик на тетоважа и се врзуваат со днк-та, така да најверојатно луѓето ќе бидат под тотална контрола...
Code: [Select]
http://tocka.com.mk/5/144857/zastrasuvacko-36-meseci-po-stapuvanjeto-na-zakonot-vo-sila-sekoj-covek-mora-da-ima-cip-vo-sebe
Title: Одг: Започна поробувањето на луѓето!
Post by: DX-er on 31.01.2015, Saturday, 21:48:40
(http://www.dumpt.com/img/files/6msabvkt8ut4php2k79g_thumb.gif) (http://www.dumpt.com/img/viewer.php?file=6msabvkt8ut4php2k79g.gif)