Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Мобилни телефони => Topic started by: go4o on 18.01.2014, Saturday, 16:27:23

Title: Проблем со батерија на кинески телефон, копија на HTC One Mini
Post by: go4o on 18.01.2014, Saturday, 16:27:23
Имам копија на htc one mini кинески и имам проблем со батеријата понекогаш брзо се празни а понекогаш држи и дури 2 дена. Имам приметено кога ќе ја наполнам батеријата и да ја остам 2 дена изваена од тел. и после 2 дена да ја клам така држи, а да земам да ја наполнам и одма да го користам телефонот се празни за 3 сати. Во што можи да биди проблемот?
Title: Одг: Проблем со батерија на кинески телефон
Post by: GigaWatt on 18.01.2014, Saturday, 19:58:14
Изгледа контролерот кој чита колку е полна батеријата е зезнат или не чита правилно... а можно е и напонот на батеријата да варира, кој знае, тоа се Кинески копии, се е можно ;D.

Ако имаш можност, пробај да видиш како ќе се однесува со оригинална батерија ;).
Title: Одг: Проблем со батерија на кинески телефон
Post by: Devil on 18.01.2014, Saturday, 23:04:12
Па нормално дека се празни, кога е приклучена нешто црпи струја од неа и си се празни, кога е извадена од мобилен нема што посебно да ја празни и си трае подолго, друго е тоа што капацитетот наведен на батеријата може и да не е онај кој е вистинскиот на таа батерија :D
Title: Одг: Проблем со батерија на кинески телефон
Post by: Toma on 19.01.2014, Sunday, 00:01:45
Ако батеријата е за HTC One Mini M4 од 1800 mAh и напон од 3.7V и ако е можно да се приклучи светилка (сијалица) од 4.5V (пример) 1W би требало да светли околу ~2 часа.
Title: Одг: Проблем со батерија на кинески телефо
Post by: Z31GH on 19.01.2014, Sunday, 00:10:21
Сличен проблем имав со мојот Motorola Droid 2 Global. Батеријата се празнеше за неколку часа, и така два три месеци. Наеднаш истата батерија почна да држи и до два дена и таков е и денес. Сепак од кинеските копии немој многу да очекуваш. Направи како што гажа GigaWAtt, робај со оригинална батерија
Title: Одг: Проблем со батерија на кинески телефон
Post by: DX-er on 19.01.2014, Sunday, 00:12:25
Oooo go4o повторно на форум  :)
Те немам видено од пред година ипол на форум
Title: Одг: Проблем со батерија на кинески телефон
Post by: go4o on 19.01.2014, Sunday, 02:32:49
да ја наполнам и да ја остам 2 дена, после да ја клам држи, иначе од кога ќе се испразни да ја наполнам, без да ја остам 2 дена во мирување тогаш одма се празни. Батеријата е оргиналот со телефонот што е 3.7в 1500mah. Пробав и со друга батерија од samsung истото и со незе се случи. :-\
Title: Одг: Проблем со батерија на кинески телефон
Post by: at.koce on 19.01.2014, Sunday, 02:58:14
Проблемот е софтверски, т.е. имаш некои да речам вируси (не знам точно што се) кои ја полнат интерната меморија на телефонот и ја празнат за кратко време батеријата, некогаш за 2 саати некогаш за 6 итн. На мојот Vodafone Smart II го имав (и пак го имам) истиот проблем. Пробај направи recovery на телефонот, јас така го решавам тоа и се е во ред одредено време (неколку месеци)  :)
Title: Одг: Проблем со батерија на кинески телефон
Post by: GigaWatt on 19.01.2014, Sunday, 03:39:07
Ако батеријата е за HTC One Mini M4 од 1800 mAh и напон од 3.7V и ако е можно да се приклучи светилка (сијалица) од 4.5V (пример) 1W би требало да светли околу ~2 часа.

Ова не е паметно. Ова се Li-Ion батерии, напонот на излезот од батеријата не смее да падне под определена минимална вредност. Ако напонот падне, батеријата е потоа веќе оштетена и неупотреблива. Ќе се полни, но ќе држи само неколку часа и при разговор, нагло ќе се празни (практично, може да се случи по неколку минути разговор од целосно полна да падне на целосно празна и да се исклучи телефонот).

Најдобар тест е да проба да ја наполни Кинеската батерија на HTC One Mini и да ја користи батеријата со него. Ако нема проблем и си тера исто (или скоро исто) колку и оригиналната батерија, значи дека Кинеската копија има проблеми со колото за контрола и полнење на батеријата... а можно е и софтверски проблем да е, не е исклучена и таа можност.