Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: dare532 on 05.01.2014, Sunday, 17:58:25
-
Сакам да ми предложите некој автомобилски засилувач за вуфер(што е на сликава) вуферот е изледа 200W 8 ома. Јас мислам дека 100-150W појачало ке врши работа, е сега некоја добра шема ако имате предложете и фала ви многу на помошта
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/2042495246.jpg)
-
Батка,гледам долго време луташ со тој твој бас.Не ми личи за 200W,ама направи си го ова појачалце ,проверено е и терај.Не инвестирај во небитни работи.Нека не те буни монтажната со електричната шема,иста работа е а транзисторите се тука некаде по јачина.Реално 120 W да извадиш е доволно за тој твој бассс. 8)
-
Значи батка ова работи на 12 волти така, отприлика да не знаеш што цена ќе ме кошта и ќе ги најдам ли деловиве по скопје
-
Па нема да те фати многу ама не и малце,ама појачалово добро е ти се исплати да вложиш.Како прво ти треба ти треба плочка.Кондензаториве не се скапи отпорниците по еден денар диодите се пет денари и транзисторите не се скапи е сега тоа петпинското интегрално коло седумдесет денара мислам дека го купив еднаш но може и да е поскапо но повеќе од стотка не е.Е трафото само тоа држи цена незнам колку пари е али седум амперско е.Инаку убава шема солидна е и за тој звучник погодок е пробај изработија :D
-
хаха, ТДА2030 е не појќе од 30-40 денари...а BD249/50 се по стотина денари...110 можда ;)
-
А зашто ми е трафо кога директно на акумулатор ќе се приклучува
-
А ја разгледа ли ти шемата за да видиш какво е напојувањето...?
-
зш бе, пак мојт...ама на 2 акумулатори :D
-
Значи мора трафо е сеа како се вика ова трафо како да го барам
-
значит тебе ти требит симетрично напојување 2х15 негде. То од кола ќе го добијаш со инвертор некој ако напрајш или со 2 акумулатори. И да имаш трафо в газ нема да го ставиш штекот...или друга шема или напојувањето ќе те кошта дупло појќе него појачалото :D
-
Јас затоа побарав помош од по искусни ако не бива ништо од оваа шема дајте тогаш друга по исплатлива
-
Еве ти уште еден предлог, ама овој не е баш за почетници. Исто како и претходно предложените шеми, треба да изработиш инвертор. Инаку, нема шанси да добиеш над 40W RMS од 12V напојување. Добрата работа е што целиот засилувач, заедно со инветорот, се изведени на една плочка и деловите за инветорот може да се најдат од старо ATX напојување ;).
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=11420.0
-
Ај ќе видам што ќе правам, случајно некој да не има некое за продавање?
-
:) Ја имаш шемата од GigaWatt лично е пробана трафо од атx некој, јас го премотував а имаш и готова плочка во avt2732 само за ; dc-dc конвертер. Појачалото прави го посебно TDA7294 или 7293. ;)
-
А,батка ,да си купиш некое настаро појачалце за во кола ,фабричко.да не му се мислиш.Очигледно не си многу по електрониката,па да не се изрезилиш и да не направиш ништо,само пари да фрлаш.Има по огласиве евтини појачалца за во кола.
-
Па и јас тоа гледам онака ќе го направам се ама околу тоа инверторот ме збунивте и викате доста скап е. Ако има некој нешто нека понуди некое појачалце
-
Не е воопшто скапо, скоро сите делови за инверторот можеш да ги најдеш од старо напојување за PC. Е сега, колку си вичен во електрониката... тоа е веќе друг муабет.
-
Даре....тој твој бассссс е 8 ома, радиата во автомобилите се за звучници од 4 ома, а мислам и појачалата. Е сега не се разбирам толку во аудиотехника, ама мислам дека не ќе да е баш 100% компатибилно. Нека каже некој друг што се разбира повеќе доколку грешам
-
http://chomikuj.pl/matysj/Projekty+AVT/avt-2732+Przetwornica+do+car+audio,1552922659.pdf
Следи ги инструкциите од PDF, храбрите секогаш ги прати среќа.
-
Абе на 8 оми ќе работи, ама нема да ја добие моќноста :D
-
Абе на 8 оми ќе работи, ама нема да ја добие моќноста Cheesy
рибата во море тавата на шпорет
Споено мислење: 07.01.2014, Tuesday, 18:35:52
dare532 ако го правиш почни да собираш делови, 8 оми, искуство итн.празни муаебети
работиве излегоа што би било кога би било.