Македонски форум за електроника

Останато => Сè останато => Topic started by: KiloVolt on 15.12.2013, Sunday, 21:14:10

Title: Помош за Теслино трафо
Post by: KiloVolt on 15.12.2013, Sunday, 21:14:10
Значи вака, го направив и склопив трафото, претходно беше тестирано, работеше. Ми прегоре трафото и најдов ново, но не работи, искричарот не пали, трафото работи, го смалив растојанието меѓу електродите на делче од мм, пак не пали. Кондензаторот е исправен, примарот исто така, искричарот работи одлично ако го приклучам директно на сплит трафото. Може некој да ми каже во што грешам ??? ??? ??? ???
Title: Одг: Помош за Теслино трафо
Post by: Bojan on 21.12.2013, Saturday, 00:45:52
грешиш во тоа што немаш ставено шема во темава...
Title: Одг: Помош за Теслино трафо
Post by: batka on 21.12.2013, Saturday, 00:53:59
Ај сега ке баеме во гравчиња!? ;D Добро бре Киловолт,стално тоа го зборуваме и потенцираме - давајте повеќе податоци,цртајте  шеми,слики ставете.Вака,како ке знае некој што прв пат чита за што се работи?? И да знаеш ова ти е пета или шеста тема за истата работа!! Не мора стално за истото нова тема да отвораш!!
Title: Одг: Помош за Теслино трафо
Post by: KiloVolt on 21.12.2013, Saturday, 11:01:55
Проблемот го решив, ама заборавив да постирам. Искричарот не палеше, па морав да испробам нов принцип, на сплит трафото да поврзам каскада и да ги користам тие 30000 волти, и успеав, иако со слаби резултати. Иначе, шемата е најобична, сплит трафо, искричар, кондензатор, примарна и секундарна намотка.