Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: GigaWatt on 12.12.2013, Thursday, 21:16:33

Title: HDD Stepper Motor Controller
Post by: GigaWatt on 12.12.2013, Thursday, 21:16:33
Еве една едноставна шемичка за контрола на степ мотор (поточно трофазен мотор) од HDD ;), за оние кои сакаат да изработуваат брусилки, острилки, мини шмишајбнички и слични работи ;D. MOSFET-ите не мора да се баш BUZ-11, скоро секој моќен N-канален MOSFET ќе заврши работа ;). Заедничкиот извод на моторот е оној кој во однос на другите три изводи дава најмала отпорност ;). Напонот за напојување на колото е +5V, така да, ќе треба да имате на располагање и некој стабилизиран извор за напојување или евентуално да направите стабилизиран извор за напојување со фиксен излезен напон од +5V. Во конкретниот случај, напонски регулатори од типот на 7805 нема да завршат работа бидејќи моторот на почетокот (при spin-up) повлекува многу повеќе струја отколку кога работи во „нормален режим“. Со овој проблем сигурно сте се соочиле ако сте ги користеле оние IDE/SATA-To-USB Кинески конверторчиња, кои доаѓаат заедно со едно евтино напојување. Често се случува ова напојување да не може да даде доволно голема јачина на струја за start-up на моторот на HDD-то, па ако го држите во рака HDD-то, осеќате како HDD-то сака да „се подигне“, но не може и цело време се врти во циклус start-up <--> shut down ::). За да немате проблеми при подигањето на моторот, пожелно е напонскиот регулатор да може да даде јачина на струја од барем 2A (подобро е 3A) ;).

Шемата ја немам пробано, но ја добив од некој кој ја има пробано и функционирала ;). Можно е да треба определени вредности на компонентите малку да се „подесат“ во случај да ги немате баш наведените полупроводнички компоненти, но тоа се нагодувања и не би требало да бидат претешки ;). Потенциометарот од 10K е за регулација на бризината на ротација на моторот ;).

Плочка за шемата немам, но прилично проста е, дури може и во воздух да се изведе ;), а ладилно тело за MOSFET-ите (и евентуално напонскиот стабилизатор) може да биде самата алуминиумска шасија на HDD-то ;).

Еве ја шемата.

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/HDD_Stepper_Motor_Controller_01.gif)

Инаку, оваа шема е наменета за HDD-иња кои имаат 4 изводи за контрола на моторот (ѕвезда конфигурација на намотките). Поновите HDD-иња (2000-та година па наваму) најчесто имаат ваква конфигурација. Некои постари IDE HDD-иња и SCSI HDD-иња имаат само три изводи (триаголник конфигурација на намотките). Оваа шема не е наменета за такви HDD-иња.

Околу избор на HDD, пожелно е да најдете некое HDD како на сликата подолу, каде што горниот капак го покрива и страничниот дел од HDD-то ;).

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/opened-hard-drive-white-2505735.jpg)
Title: Одг: HDD Stepper Motor Controller
Post by: nsu on 12.12.2013, Thursday, 21:30:18
Баш имав еден стар хард диск па да видам дали му е исправен степерот во секој случај интересна шема. ;)
Title: Одг: HDD Stepper Motor Controller
Post by: LordZi on 12.12.2013, Thursday, 21:54:13
Одамна барав нешто вакво, баш ќе ја пробам шемата... ;)
Title: Одг: HDD Stepper Motor Controller
Post by: batka on 13.12.2013, Friday, 01:12:52
Јас неколку пати си правев од HDD разни * уредчиња* но  го задрржував електронскиот дел.Директно напојување на 12 и 5 V преку * mоlex * .наједноставна варијанта е да ја оставиш плочата ,а се друго да отфрлиш ( глави,магнети) .на плошата може да се залепи шмиргла(брусма хартија).Ако се извади плочата веќе може да му се даде и друго значење на моторот со пренос ( каиш,полжав, запчаник).Моторот реагира и на регулација на 12 V дел од напојувањето.Мене идеја ми беше да направам регулација помеѓу напојувањето за моторот и самиот мотор.Такво нешто сум сретнал и теоретски и практично.а некои успеале и да ги премотаат овие мотори и да направат мали и доста јаки * машини*.Дури имаше некаде спот- ставиле кукла за во излог и ја вртат на плоча погонета од таков HDD мотор.
Title: Одг: HDD Stepper Motor Controller
Post by: GigaWatt on 13.12.2013, Friday, 01:44:01
Моторот реагира и на регулација на 12 V дел од напојувањето.

Не сум сигурен за ова, никогаш не сум мерел, но максималниот напон на напојување на 7414 е 7V, така да, ако се напојуваат од ист напонски извор MOSFET-ите и 7414, мора напонот на напојување на колото да биде до 5V.

Во случај моторот на HDD-ињата навистина да се напојува преку 12V-ната линија, може место 7414 да се искористи CMOS верзија од истиот, како што е 40106, кој има максимален напон на напојување од 18V и да се проба така ;). Но, доколку се решите ова да го правите пазете и MOSFET-ите кои ќе ги искористите да имаат максимален напон меѓу гејтот и сорост VGS поголем од 12V. BUZ11 има максимален напон меѓу гејт и сорс +-20V, така да, ако планирате нив да ги користите, нема да има проблем ;).

Искрено, баш ме интересира дали моторот на HDD-ињата се напојува преку 12V-ниот rail, никогаш не сум измерил ;D.

Мене идеја ми беше да направам регулација помеѓу напојувањето за моторот и самиот мотор.Такво нешто сум сретнал и теоретски и практично.а некои успеале и да ги премотаат овие мотори и да направат мали и доста јаки * машини*.Дури имаше некаде спот- ставиле кукла за во излог и ја вртат на плоча погонета од таков HDD мотор.

Со каишници и пренос, да сигурно дека може да се направи нешто прилично моќно ;).