Македонски форум за електроника

Останато => Сè останато => Topic started by: daniel spasovski on 09.12.2013, Monday, 21:26:09

Title: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: daniel spasovski on 09.12.2013, Monday, 21:26:09
Значи тоа е тоа , другар има алтернатор од голф 2 (Iskra) па сака да изработиме мотор кој ке му служи за острење на ситни алатки  :)
Значи ми треба шема како би се поврзал алтернаторот во коло и целовкупни детали за шемата  :)
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: Zan on 09.12.2013, Monday, 21:35:06
Алтернаторот е генератор на трофазна струја.
За да го користиш алтернаторот како мотор, ќе треба да го напојуваш со трофазен напон, и плус еднонасочен напон за роторот. Изводливо е, но е тотално неисплатливо.
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: daniel spasovski on 09.12.2013, Monday, 21:38:15
Гледам и статорот има намотки , неможе само роторот да го напојувам бидејќи на крајот тој е тоа што ми треба :D
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: Zan on 09.12.2013, Monday, 21:39:57
На статорот треба да донесеш наизменичен трофазен напон, а на роторот еднонасочен напон.
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: daniel spasovski on 09.12.2013, Monday, 21:42:46
Ааа епа значи економски неизводливо а богами и практично тешко .. Другаров ми спомна дека некако видел на друго место со бомбина го поврзале .. А што - и како .. незнам ..
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: warningteam on 09.12.2013, Monday, 21:55:07
Еден предлог другар кога веќе сакаш да направиш брусач   најди некоја стара машина за перење извади го моторот купи еден 3 положбен прекинувач   значи 0, 1, 2 врзи во на пример на 1 да врти споро на двојка кога ке го ставиш да врти исто ко центрифуга да е вклучена , на дребонг или дребунг сеедно како и да е  нека ти направи осовина од шипка полна шипка не онаа ко за водовод што е ( по сигурно е така) нека направи два навоја на кој би можел да го стегнеш каменот (Речи му да го направи на контра штрафот за стегање   обратно од движење на стрелките на часовникот по сигурно е да не случајно се одврти  и се деси да излета каменот!) Околу местото каде што ке биде каменот за острење ОБАВЕЗНО направи му оклоп  со доста дебел плех и добро завари го за нешто што би било издржливо дури и ако пукне каменот  незнам дали ме разбираш само мал дел од каменот да се гледа и да имаш пристап со предметот што сакаш да го брусиш во случај да пукне каменот да не те повреди! да остане каменот во плехот ) и уште нешто не си пишал  дали да биде брусачот со 2 камења или еден ..?
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: nsu on 09.12.2013, Monday, 22:24:38
Се е ова убаво кажано али од алтернатор кој е всушност трифазен генератор нама шанси да направиш брусач.Плус малечок е и ќе ти загрее.Сум видел алтернатор од голф двојка и знам каков е.И даниел пак  нешто спомнуваш бомбини во некој пост тоа нема врска со алтернаторот.И да ако сакаш како мотор да го врзуваш треба трофазна струја на статорот да му донесеш и плус преку четкиците на роторот да му пуштиш побудна еднонасочна струја која после ќе ја исклучиш.Таа струја се пушта за да почне да врти роторот.Но нема везе многу убав предлог ти дадоа со моторот од машината за перење ем си имаш брзини ем е појак и постабилно работи.Ти треба само една гребнаста склопка и кондензатор ништо друго.А вака со алтернаторов трофазна ти треба и доста други работи.Матрикс работа е тоа со алтернаторот тотална глупост не е практично и не е изводливо ќе се спали едноставно тоа алтернаторче.Мотор од машина за перење е права ствар.Од него многу работи може да се направат. ;D ;D
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: warningteam on 09.12.2013, Monday, 23:11:02
Нека каже човекот како сака да е  дали со две брзини или само една, два камења за острење или само еден и  ако му е потребно  би му помогнал и околу поврзувањето на моторот на машината,околу оклопот кутијата и како по безбедно да го “изолира„. Oколу поврзувањето  за да ги добие потребните брзини исто и како да врти дали во иста насока со движењето на стрелките на часовникот или обратно ( но како и да посака да го изведе секогаш навојот за стегање на каменот да биде обратен од тоа како се врти роторот), но пред се дали му одговара на човекот мојот предлог, ако не тогаш залудно е :D
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: Toma on 09.12.2013, Monday, 23:33:53
Трифазен мотор на монофазен напон од 230V

Quote
Trofazni motor na jednofaznoj mreži

(http://www.elteh.net/images/El_instalacije/3f_motor_1f/3f_motor_1f.gif)

Code: [Select]
http://www.elteh.net/el-instalacije/3f-motor-na-1f-mrezi.html
Code: [Select]
1 http://www.samsvojmajstor.com/portal/forums/gradjevinarstvo/elektroinstalacije/trofazni-motor-na-monofaznu-struju

2 http://www.forum.hr/showpost.php?s=1fb69a01e92c88b0751c4429f1aa9057&p=29415456&postcount=4


Quote from: daniel spasovski
Другаров ми спомна дека некако видел на друго место со бомбина го поврзале .. А што - и како .. незнам ..
Можеби бил кондензатор !!!

Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: MarkoMK on 10.12.2013, Tuesday, 00:05:48
Најверојатно е поврзан на монофазна струја според шемава на Тома. А тоа што го вика бобина тоа е кондензаторот.

Ама во тој случај мора и трафо да стави, не смее на 220 волти да го поврзе алтернаторот ???
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: warningteam on 10.12.2013, Tuesday, 00:26:36
Zan горе му кажа дека на статорот се носи ~ трофазен, а на роторот  еднонасочен  напон  но која вредност ?инаку ова според шемава од тома е од трофазен на монофазен мислам дека :D(поправете ме ако грешам)  и за кондензаторот можеби бил голем на изглед па помислил дека е бомбина.
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: Zan on 10.12.2013, Tuesday, 00:37:10
На роторот 12VDC, а на статорот од 3х24VAC до 3х36VAC.
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: batka on 10.12.2013, Tuesday, 01:23:16
Даниел,првата тема ти беше * бисер*,ама ова ги премина сите * бисери*.Уште еднаш ве молам да си ги осмислувате темиве и да прочитате или побарате на .нет нешто од стручната литература,а не да креирате вакви теми. Размислете дека некој од страна ве чита и се смее на вашите бисери.Поединиве постови слободно можете да ги приложите  како *бисери* во некоја средношколска семинарска работа,која никој нема да ја прочита.Ако сепак ја прочита,веднаш ќе ве отстранат од настава .Темава нема да ја затвораме ,со надеж дека некој сепак ке каже и нешто издржано .
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: Denimk on 10.12.2013, Tuesday, 02:01:50
може некој да ми дае шема за како се прае со мотор од перална?? иам еден мотор па сакам да направам брусач со еден камен!
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: daniel spasovski on 10.12.2013, Tuesday, 08:45:20
Ај дадете тогаш шема за брусач со мотор од машина за перење  :)
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: nsu on 10.12.2013, Tuesday, 11:24:40
Обично овие мотори од машините за перење се со пет изводи.Тоест 5 жици:
1 жица е жолта по боја таа е  прва фаза за перење
2 жица е зелена таа втора фаза за перење
3 жица е сина и таа главна намотка се вика или главна фаза на центифругата
4 жица е бела по боја таа е од заедничката намотка
5 жица е по боја црвена и таа е помошна намотка или се вика помошна фаза на центифругата
Е сега за да го споиш моторот да врти на центифруга треба белата жица да оди на фазен приклучок тоест директно на 220 волти.Сината жица треба да се врзе на кондензатор и на фазниот приклучок нулата и црвената жица на другиот пол од кондензаторот исто треба да се врзе. И така моторот ќе врти во десно со околу 3000 вртежи во минута.Вредноста на кондензаторот треба да е од 15 до 20 микро фаради со работен напон од 400 волти Е сега порано кај постарите мотори имаше 6 изводи тоест жици и тие се:
1 жица е по боја црна таа е од заедничката намотка тоест од заедничката фаза за перење
2 жица е по боја зелена таа е првата фаза тоест брзина за перење
3 жица е по боја жолта или кафеава кај тие првите мотори од горење и ова жица е втората фаза тоест брзина за перење.
4 жица е бела и таа е заедничката намотка за центифругата или фаза за центифругирање
5 жица е по боја црвена и таа е помошната намотка тоест помошната фаза за центифругирање
6 жица е по боја сина и таа е главна намотка или главна фаза за центифругирање.
Е сега тебе за косилка ти треба центифругата да ја поврзеш ако е мотор со 6 жици тогаш треба белата жица да оди директно на 220 волти на фазниот приклучок сината жица треба да оди на едниот пол од кондензаторот и на нулата тоест фазниот приклучок,а црвената жица да се поврзе на другиот пол на кондензаторот и така моторот ќе врти во десно со отприлика 3000 вртежи во минута.И секогаш не заборавај кај овие мотори има еден штраф на него се поврзува заземување поврзиго со жолто-зелената жица од кабелот заради безбедност.
Е сега Даниел ова е од еден мој претходен пост претходно исто така членот dare532 побара шема за мотор побарајте малку низ форумов и сликајте ми ги вашите мотори и ставете ги на форумов ако случајно е некоја друга боја ќе ви дадам други шеми од една книга за машини перење.Инаку паметно што ви текна да со мотор од машина за перење да правите брусалка а не со онаа глупоста алтернатор од автомобил како прво нема шанси тој да работи повеќе од една минута и да го врзеш точно.Сликајте ги моторите и ако има проблем слободно пишете ќе одговориме.Наскоро и шеми следат ама ова не е многу комплицирано еве членот dare532 кога праша дури и бес шема го поврза моторот одејќи по моето горнонаведено објаснување. ;D ;)
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: batka on 10.12.2013, Tuesday, 16:40:27
Премногу офф топик отидовте.Ако Даниел сака да направи острач со некој мотор ( но не со алансер или алтернатор) нека ја затвори темава и нека отвори соодветна.Мислам дека веке некој имаше постирано ваква тема и таму се дадени сите начини на поврзување на мотор од машина за перење.
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: Zan on 10.12.2013, Tuesday, 17:35:48
Еве како некој го користи алтернаторот како мотор.

Code: [Select]
http://www.youtube.com/watch?v=WBeyqX6OKlc
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: warningteam on 10.12.2013, Tuesday, 18:56:09
Боожеееееееееееееее како да се наоѓаш во трафостаница 100000000000000000 жици ептен сложено според мене незнам како сакаш колега..  :o
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: nsu on 10.12.2013, Tuesday, 20:40:53
Е имав и јас во некоја тема исто објаснувано за асинхрони монофазни мотори како се поврзуваат а и еден друг член неможам да се сетам сега кој беше имаше доста добро објаснето но реков сликајте ги моторите и ако треба нешто за шеми прашајте.Бидејќи отидовме во офф топик,тоа направете го во друга тема.Нема проблем ќе помогнеме.
Quote
Боожеееееееееееееее како да се наоѓаш во трафостаница 100000000000000000 жици ептен сложено според мене незнам како сакаш колега..  
Е сега богами тоа алтернаторот да се врзе не е лесно дур да донесеш три фази на статорот па и нулата кај ќе ја ставиш тука.Па потоа преку четкиците за да го побудиш роторот треба да донесеш еднонасочен напон кој после ставувањето во старт треба одма да се исклучи.А вака со мотор од машина за перење не ти треба ништо само еден кондензатор и толку.И евентуално гребнаста склопка за брзините да си ги подесуваш.Инаку како што рече батка ако сте се одлучиле да правите брусалка и ако ви треба помош за врзување на моторот тука сме нема проблем,отворете си нова тема.Но само незнам кај ќе најдете лимар да ви го прицврсти тоа каменот и како сигурно ќе треба да се реже гвинт на роторот за да се прицврсти каменот,и плус треба и браници за безбедност да си имаш.Стварно незнам што да кажам.Но сигурно на дребонг ќе се реши тој проблем ;) :D :D
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: MarkoMK on 10.12.2013, Tuesday, 23:02:14
...Па потоа преку четкиците за да го побудиш роторот треба да донесеш еднонасочен напон кој после ставувањето во старт треба одма да се исклучи....

А зошто да се исклучи еднонасочниот напон на роторот? Нели треба да има магнетно поле?
На овој начин како што викаш ти статорот ќе го произведува тоа вртливо поле (со 3 фази) а како би се вртел роторот кога не е магнетизиран? ???
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: nsu on 11.12.2013, Wednesday, 00:14:31
Има некои ротори но многу се ретки што биле изработувани од меки магнени материјали кај поквалитетните алтернатори пошто роторот има калем тоест тој е електромагнет и роторот е изработен од мек магнетен материјал и од кога ќе се пушти еднонасочна струја од четкиците таа го побудува роторот и пошто тој во себе има некоја мала магнетизација и по исклучувањето на напонот продолжува да врти.Но убаво што спомнавте денес како што сум видел многу ретко да има такви ротори еве јас на форд ескорд на алтернаторот му го имам сменето роторот и тој беше од обично железо.Значи фактички обичен електромагнет.Инаку да во право сте најубаво да не се исклучува еднонасочниот напон на алтернаторот.Инаку кај некои типови алтернатори сум пробал може но кај нив роторот е магнетизиран постојано како и кај динамото но тоа е слаб постојан магнет многу слаб само мали шајчиња можат да се залепат на него.Порано сакале да направат алтернатори без четкици.Но да споменам дека кога алтернаторот си работи како алтернатор тоест дава струја и го полни акумулаторот тој зема погон од радилицата нели.И сега нели има и реглер кој го регулира напонот зависно од туражата нели.Кога ќе се запали моторот алтернаторот на давал струја и имало еден проблем.Роторот не бил електризиран.И затоа денес кај сите алтернатори се вградува автоматче кое кога ќе се даде контакт со струја од акумулаторот преку четкиците го наелектризирува роторот и после стартувањето на моторот таа струја се исклучува.Таа струја уште е позната како побудна струја.Но кога алтернаторот би работел како електромотор така е треба постојано ама баш постојано да има напон на роторот.Во право сте така е.Но алтернаторот не е наменет да работи како електромотор брзо ќе се оштети роторот инаку.Но нема везе више повеќе пати спомнавме сите дека брусалка најубаво да се направи со мотор од машина за перење.А и членот кој ја отвори темава се согласи значи баталете ги овие алтернатори од нив не може да биде електромотор.Тоа е факт ;) ;)
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: batka on 11.12.2013, Wednesday, 00:32:54
Па и мене не ми е јасно зошто се фативте за тој алтернатор,а пред тоа за алансер,кога со нив е најтешко да направиш - мотор!! Иди на отпад најди некоја машина за алишта и за 500 ден се наоѓа мотор кој има барем една исправна брзина ( да биде за центрифугата најдобро!! ;D),па со еден кондензатор се прави за миг брусилка, И што сега си докажувате некои работи и пишувате за алтернатори,напони,електроника за покренување.... дајте малку бидете логичари и практичари. 8)
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: nsu on 11.12.2013, Wednesday, 12:01:22
Не цело време јас тоа го зборам а и други викаат дека само со мотор од машина за перење ова може да се направи.Пошто некои пишуваа за алтернатори па си викам дај да  го објасниме принципот на работа,да пишам што знам вака за алтернатори.А после пишувавме и за алансер во другата тема малце се помешаа работиве првин даниел незнаеше дали е алансер дали е алтернатор.Но нема везе нели за малку офф топик ;)
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: warningteam on 11.12.2013, Wednesday, 12:13:53
Прво бутел  сите одговори не беа офф топик!  потоа  темата што се згреши се згреши од една премина во друга па во трета, потоа јас бев прв иницијатор како да се направи брусач од машина за перење али пак продолжи да се зборува со поврзувања на алансери и 300 тракатанци, потоа предлагам  да се заклучи темата пошто нема смисла некој да бара едно, а да најде скроз друго во истата тема под исти наслов.. ;)
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: nsu on 11.12.2013, Wednesday, 12:34:16
Е така е најпаметно ако пак продолжи да се збори за алансери,алтернатори одма клуч.Што кажавме кажавме за алансерине,алтернаторине и сега толку околу нив.Членовите кои сакаат да прават од мотор од машина за перење брусалка нека си прават јас еве претходно горе им го објаснив принципот на поврзување на моторот од машините.И ако има проблем и визуелно ќе им дадам шеми.Но пак се разбира сите мотори од машини се со шест изводи тоа кај постарите.А сега сите ги прават со 5 изводи жици.И за 5 пишува во еден мој претходен пост во темава.Така кој ќе се одлучи да прави брусалка од мотор од машина за перење и ако има проблем со поврзувањето нека пише.А ако се збори за алтернатори или други не поврзани работи клуч. ;D.Ако е така членот нека го го смени и насловот нека пише изработка на брусалка со мотор од машина за перење. 8).И да нема више мешање со алтернатори. :D
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: bicikle on 11.12.2013, Wednesday, 14:57:59
 за 1500 ќе купиш готов, ганц нов, со солиден квалитет за по дома..  стварно не се исплаќа да се мафтав со мотори алнасери, алтернатори вентилатори..
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: nsu on 11.12.2013, Wednesday, 15:54:44
Зар брусалици има и за 1500 денари.Порано ние многу поскапо ја купивме.Ама може и да не се квалитетни ама ќе ти бркаат работа.Ако не ја користиш многу за некоја професионална работа може да ти заврши работа за низ дома.Е сега членот бара за острење ножеви за тоа ти треба послаба брусалка сигурно и тие не се скапи.Ама мерак пуст.Кога ќе си направиш ти нешто не е исто со купечкото.Си се мачел ама нема везе. ;) ;).Ама незнам дали во денешно време за се ти се исплати да правиш ;)
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: warningteam on 11.12.2013, Wednesday, 20:56:15
Ако почнеме така порано ова порано она, порано повеќе порано помалце и бензинот беше некогаш 60 денари а сега е скоро 90! Значи се си е со времето има човекот предлози од сите скоро ете му  на дланка нека си одлучи ако треба нека пише за помош! ;)
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: nsu on 11.12.2013, Wednesday, 21:39:56
Се тоа е добро ако имаат мотор ќе го врзат тоа е најмал проблем.Но знаеш ли да им препорачаш некој добар дребонг.Некој добар мајстор кој ќе им го прицврсти каменот и ќе го обезбеди добро ќе стави браници од евентуално прскање.Јас богами незнам некој што работи на дребонг.А за моторот песна е. ;)
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: warningteam on 11.12.2013, Wednesday, 22:47:53
Ако колегата е од Скопје да има во дебар маало еден добар дребонгџија што стварно работи перфектно, не многу скапо, а сепак квалитетно језда човекот е во години но работи :)
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: bicikle on 12.12.2013, Thursday, 17:53:52
Quote
.....бензинот беше некогаш 60 денари ....
  25 друже, 25 беше...
Него друго ми беше зборот, дур бараш трафа, фазни регулатори дур прајш ке си земиш, или подобро некој друг мотор да искористи, имав направено стругалка со камче од вентиларот 45 вати, и тоа со неостик беше каменот залепен, и ден денеска ја служам, за поситни работи
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: nsu on 12.12.2013, Thursday, 19:04:05
Quote
Него друго ми беше зборот, дур бараш трафа, фазни регулатори дур прајш ке си земиш, или подобро некој друг мотор да искористи, имав направено стругалка со камче од вентиларот 45 вати, и тоа со неостик беше каменот залепен, и ден денеска ја служам, за поситни работи
.Чекај што ќе ти се трафа.Кога велиш трафа мислиш на трафоа нели.Што ќе ти се за асинхрони монофазни мотори трафоа ??? и од каде сега излезе дека требаат фазни регулатори ???.Чекај ти чим си направил брусалка од вентилатор.Сигурно си користел Shadet Pole мотори.Не сигурно туки си користел Shadet Pole мотори пошто во вентилаторите ама баш во сите има такви мотори.Асинхроните мотори кои се користат во машините за перење немаат четкици.А Shadet Pole имаат четкици.Бидејќи тие не користат кондензатор за старт.Кондензаторот кај асинхроните машини го дава придвижувачкиот момент.А кај Shadet Pole моторите се користат четкици бидејќи роторот е потсечен и во засекот имаме калем кој служи да направи да напонот да предначи пред струјата за 180 степени и така поради овој ефект роторот започнува одма да се врти не му треба кондензатор како кај асинхроните машини.И за да се доведе струја на роторот треба да има четкици.Вакви се моторите и кај бормашините.А асинхрон мотор од машина за перење е друго тој е поиздржлив каде каде има подолг век на траење.И ти треба еден кондензатор само за да го ставиш во старт.Асинхрониот монофазен мотор нема четкици и нема намотка во роторот.Роторот е обичен алуминиум.Тој се врти заради ротационото магнетно поле.Ротационото магнетно поле е феномен било каков метал да ставиш во него ако е со кружна форма ќе го следи полето ќе се движи во негова насока.Јас лично предлагам ако некој прави брусалка да користи мотор од машина за перење и појак е и поиздржлив е.
Quote
и тоа со неостик беше каменот залепен, и ден денеска ја служам, за поситни работи
.За поситни работи да али може некој сака да си направи да му личи и ќе сака и покрупни работи да струга.И затоа нај убаво на дребонг.Ете и ви кажаа каде има дребонг во Скопјево.Тој ќе ти стави и браник за заштита ќе ти го прицврсти поубаво каменот.И ќе можеш и за големи работи да ја користиш.
Quote
од вентиларот 45 вати,
Плус асинхрониот мотор е многу појак од 45 вати.Затоа подобро со него.Плус лесно се наоѓа по отпади и доволно е само центифругата да работи.Пошто таа секогаш е во десно .Моторот има три брзини слаба лево,слаба десно и центифругата која секогаш е десно и е брза брзина.Имаш на малите машини за перење од 500 вати.Па и до еден киловат кај појаките.Тоа е каде каде појако од 45 вати.Значи ќе можеш да ја користиш и за крупни работи.Секак ако добро ти ја направат на дребонг. ;D ;D
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: Zan on 12.12.2013, Thursday, 19:30:57
.Чекај што ќе ти се трафа.Кога велиш трафа мислиш на трафоа нели.Што ќе ти се за асинхрони монофазни мотори трафоа ??? и од каде сега излезе дека требаат фазни регулатори ???


@nsu, Насловот на темата е:
"Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи"
bicikle зборуваше во врска со темата, а ти не знам...
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: nsu on 12.12.2013, Thursday, 19:41:33
Се извинувам може не требаше да пишувам волку.Но ако сте ја читале темава објаснето беше ее колкава расправија водевме дека алтернаторот нечини и дека асинхрон монофазен мотор треба од машина за перење да се користи.Со алтернатор нема да може е сега јас видов дека bicikle пишал за мотор од вентилаторче 45 вати.И одма му кажав дека тој е друг тип на мотор не е како од машината за перење.Тој има четкици и го објаснив принципот на работа и на двата мотори.И кажав кој е подобар и кој е поиздржлив.И само го потврдив тоа што сите го викаа претходно дека со мотор од машина за перење најубаво.Ако вие сеуште мислите дека е подобро со алтернатор кажете зошто. 8).
Ај дадете тогаш шема за брусач со мотор од машина за перење  :)
.И дури самиот член кој ја отвори темава побара да биде со мотор од машина за перење а генијалната идеја прв ја даде членот warningteam.
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: Zan on 12.12.2013, Thursday, 19:45:39
Ако ја прочиташ втората порака од темава, ќе видиш дека прв јас реков дека не е добро да се користи алтернатор како мотор.
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: Z31GH on 12.12.2013, Thursday, 19:47:48
Не сум толку запознаен со автоелектриката, затоа и не пишував на темата за да не треснам некоја зелена....Ама ќе кажам едно мислење па ако грешам кажете.
Не знам колку се исплатува ова, према мене проимашен обид е ова. Еве зошто.
Тој алтернатор треба да работи на еднонасошен напон, што целата ситуација ќе ја отежне. Ти треба или Акумулатор или еден добар исправувач кој што можеш да го оптовариш 20-тина ампери. Тоа мислам дека не се исплатува.
Иако имаш алтернатор, ако додадеш трошоци за исправувач што ќе крепи едно 20 тина ампери, поскапо ќе те кошта отколку да набавиш монофазен електромотор и целата работа ќе е едноставна
Title: Одг: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи
Post by: nsu on 12.12.2013, Thursday, 19:51:25
Е да и вие имате кажано така е Zan.Јас мислев дека членот bicikle,збори за моторот од машината за перење па си викам еј чекај од кај трафоа сега.Инаку во право сте за алтернаторот треба па што не пишал дека за алтернаторот збори.А јас војна ќе водам се извинувам моја грешка ;D ;D ;D ;D.Инаку помислив на асинхрон мотор бидејќи го даде примерот со вентилаторот па затоа си викам зошто не земе асинхрон мотор што користи Shadet Pole,подобар е .И одма дојде до недоразбирање ;) ;) ;).А он за алтернатор пишувал. :D :D.Инаку Z31GH така е во право сте затоа никој нема да користи алтернатор