Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: DX-er on 23.10.2009, Friday, 22:36:19
-
Предавателов според она што го пише е 2W но реално и 500mW да е би било супер.
За стабилноста и работата не можам ништо да ви кажам.
Како изгледа
(http://pic.mk/thumbs/w1wrhj.jpg) (http://pic.mk/?v=w1wrhj.jpg)
шемата
(http://pic.mk/thumbs/15dvvh4.jpg) (http://pic.mk/?v=15dvvh4.jpg)
плочката
(http://pic.mk/thumbs/ejbeb6.jpg) (http://pic.mk/?v=ejbeb6.jpg)
монтажна шема
(http://pic.mk/thumbs/1g11e9.jpg) (http://pic.mk/?v=1g11e9.jpg)
антена
(http://pic.mk/thumbs/2vt2lb4.jpg) (http://pic.mk/?v=2vt2lb4.jpg)
инфо
(http://pic.mk/thumbs/2j65m3p.jpg) (http://pic.mk/?v=2j65m3p.jpg)
Дали некој од вас го направил овој предавател и каков е, стабилен, мокен...?
-
Јас го имам правено овој предавател но со мотани калеми а не испечатени на плочката, со испечатени би требало да е полесно за да се постигне да работи и осцилира на правата фрекфенција. Иначе да ти кажам дека со 2N3553 овој предавател има стварно 2W меѓутоа исто така има една работа што нема да ти се допадне а тое е дека барем половина од тие 2W се хармоници и овој предавател е вистинска ноќна мора да се исфилтрира доволно за да може да се искористи како употреблив предавател. Единствено нешто за што би ти служел овој предавател е за да нагодуваш осцилаторни кола (LC) и да подесуваш други филтри.
-
Убаво што вади 2W а хармониците нели може да се исчистат со филтер составен од три намотки?
Без хармониците би дал 1ват?
Не ми е јасно како тие транзистори успеваат да дадат толкава снага кога истите служат и како осцилатор и немаат, нема некоја побуда за да крене толку, како е можно?
-
Би требало да ставиш дупли П филтер (значи 6 намотки) за да може да се употребува како предавател кој би бил доволно добар и би добил така под 1 ват чиста снага. Иначе транзисторите се поврзани во спој на мултивибратор и тоа значи дека секој транзистор му е побуда на другиот а воедно и осцилатор што значи како да имаш осцилатор и излезен транзистор само тоа го прават еднаш едниот еднаш другиот.
-
Не знам дали да го правам, ке даде под 1W може 0,6-0,8W... не знам дали ке го погодам П филтерот добро за да филтрира како што треба.
Дали е стабилен предавателов и дали шета фрекфенцијата многу?
Каков е звукот, да не е тивок или тап?
Дали треба да му се додаде 10к променлив отпорник пред да му поврзам аудио?
Извини вака што ти поставувам толку прашања но сакам да го направам па заради тоа ме интересира што како..
-
Предавателот не е многу стабилен бидејќи загреваат транзисторите поради снагата, мислам дека не вреди да го правиш имајќи на ум дека треба да правиш и филтри што и нема да знаеш да ги подесиш.
-
ОК фала многу за помошта.
-
A дали некој знае од предавател до предавател од што зависи кај кој ке има многу а кај кој ке има малце хармоници? Еве на предавателов од 2W дали ако нешто му се промени ке има малце хармоници како кај пософистицираните предаватели?
-
По самиот дизајн овој предавател ќе има повеќе бидејќи транзисторите работат како во „класа Б“ што значи има изобличувања на сигналот и неминовно хармоници. Може да се намалат со добро изработени (правилни) калеми но калемите гледам се на плочката што значи ништо од тоа.
-
Знае некој димензии на плочкава?
-
По самиот дизајн овој предавател ќе има повеќе бидејќи транзисторите работат како во „класа Б“ што значи има изобличувања на сигналот и неминовно хармоници. Може да се намалат со добро изработени (правилни) калеми но калемите гледам се на плочката што значи ништо од тоа.
А дали и кај Вероника 1W, транзисторите (осцилаторите БФ494) работат во Б класа како тука и исто има хармоници?
-
Во суштина да меѓутоа имаат „финта“ направено со калемите (добиле истовремено и удвојувач на фрекфенција и мешач) така да има поквалитетен излез и поголема стабилност но сепак и таму калемите треба да се направени убаво и да се исти.
-
Текстот вели дека овој предавател е макс. 2W, но оставам на вас да пресудите, бидејќи не сум го изработил.
(http://pic.mk/thumbs/ukbpredava.jpg) (http://pic.mk/?v=ukbpredava.jpg)
Поздрав.
-
не сакам да се правам курназ...ама па можеше да ја ставиш шемата и во претходната тема, а и за тоа варикап диодата незнам дали ке можеш да ја најдеш...ама па не сум сигурен...а и па чим таму пишува дека е 2W тогаш е 2W...
-
Има два вати ама е многу нестабилен предавател и полн со несакани хармоници на неговиот излез. Веројатноста дека ќе сметате на се и сешто е голема а со тоа и веројатноста дека ќе ве фатат од АЕК уште поголема :) Ако можете да приметите тоа е истиот овој предавател но со предзасилувач:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=116.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=116.0)
-
а дали е можно хармониците да се бидејки калемите не ти биле испечатени туку мотани?
темите ги споив
-
Баш печатените калими би требало да се уште полоши бидејќи имаат ќошеви и се концентрично мотани што значи поголем капацитет!
-
Tука си во право, еве јас тој што го правев со калемот на плочката има хармоници на телевизор што пречат и затоа не го уклучувам да работи.