Македонски форум за електроника
Огласи и понуди => Купувам => Topic started by: alokin on 04.12.2013, Wednesday, 00:39:21
-
Ми треба за двд плеер Shockwave Du-300. Мислам дека ќе одговара и од друга марка доколку е ист како на сликава...
(http://imageshack.us/a/img138/7546/ytpc.jpg)
П.С ако има некој идеја од интернет од каде може да се порача ова... најдов некој кинески сајтови ама ми немаат одоговорено до сега.
-
Не ти се исплати, освен ако не најдеш од некој мајстор кој чува фурда по дуќан. Тогаш може и така да ти го даде. Во секоја друга ситуација, поевтино е да си купиш нов DVD плеер, и онака веќе не се скапи ;).
Освен тоа, секогаш можеш да му донесеш аудио сигнал од некој портабилен плеер со FM Tuner на Aux влезот ;).
-
Па тоа и мислев, доколку има некој од некое двд останато... За ново знам дека има, некако сум си приврзан за ова двд... си го купив на времето, добро служеше, па се расипа, па го оправив колку можев и само ова со тунерoв ми остана проблем :)
-
Па еве, темава е отворена јавно, можеби ќе се најде некој ;). Само пиши некои ознаки на Tuner-от, ако има ;).
-
Како што го гледам на сликава, јас ќе да го имам уредчево, моево е ДВД фуего, го купив на старо ми беше колку за појачалото многу јако појачало има, ама испадна да целосно функционира, само ласерот беше зезнат. Па сега само кажи ми како да провериме дали е баш тоа тоа.

Па ако може да го сликнеш некако со деловите внатре и надвор, прво да видиме на изглед дали е исто :)
Па ќе видам за деловите после... Ако си тука од Скопје некаде може да поминам па да го пробаме дали ќе го биде?

Важи, јас денеска ќе го извадам и ке ти го сликам, па ќе се договориме кој ден да го пробаме.
-
Па еве, темава е отворена јавно, можеби ќе се најде некој ;). Само пиши некои ознаки на Tuner-от, ако има ;).
Па за ознаки нема ништо на плочката... Она што успеав на интернет да пронајдам, за таков тип на тунер беше овој модел : AM/FM digital tuner board ZYT936-D.
Е сега изгледа исто, ама дали е тоа... незнам :)
Ќе го отворам покасно денеска и ќе напишам што делови има во него... Имав тема отворено за двд-во на форумов...
-
Проверете ги ознаките на интегралните кола дали се исти.
-
Вака на горната страна на плочката има:
Кристал SHX4.500 и AM/FM PLL Frequency Synthesizer со ознака: LC72131 (SIL0646)
На долниот дел на плочката има:
Single-chip tuner IC со ознака: LA 1823A (6XU8)
Плус на долната страна на плочката има натпис : LD. T-916LD
-
AM/FM PLL Frequency Synthesizer со ознака: LC7213
Ова би требало да биде LC72131
-
AM/FM PLL Frequency Synthesizer со ознака: LC7213
Ова би требало да биде LC72131
Да, така е. Сум ја пропуштил при пишувањето единицата ;D
Поправено.
-
Истите интегрални ги има и кај мене, потполно истите.
-
Истите интегрални ги има и кај мене, потполно истите.
Така и мислев, мора да одговара од некое друго кинеско двд :)
Споено мислење: 05.12.2013, Thursday, 18:50:31
Одговара тунеров од Фуегото, сега го пробав... топ си работи, дури и подобро од предходно... чист звук.
Може кључ.