Македонски форум за електроника

Други технологии => Електроенергетика => Topic started by: nsu on 03.11.2013, Sunday, 23:04:04

Title: Безжичен пренос на електрична енергија
Post by: nsu on 03.11.2013, Sunday, 23:04:04
Колеги дали ова според вас е изводливо Wireless powered LED (http://www.youtube.com/watch?v=ZVrrBz6fMqk#) еве ја шемата

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Wireless_LED_1.png)

и ако е која дебелина на жицата се намотките или нема везе тоа колку е дебела жицата и колку навивки важно е дијаметарот да е 4,5 сантиметри ако некој има искуство во оваа проблематика нека пише ќе му бидам благодарен ;D ;D
Title: Одг: Бежичен пренос на електрична енергија
Post by: Bojan on 03.11.2013, Sunday, 23:11:08
за можно, можно е само колкав треба да е бројот на намотки....е тоа незнам :D и дебелината на жицата не е многу битен зашто ептен мала струја тече.
Title: Одг: Бежичен пренос на електрична енергија
Post by: nsu on 03.11.2013, Sunday, 23:29:11
Благодарам за одговорот само ми потврдивте знам дека тече мала струја значи можно е утре ќе ги купам елементите ;D ;D
Title: Одг: Бежичен пренос на електрична енергија
Post by: Bojan on 03.11.2013, Sunday, 23:35:08
знаеш ли колкави треба да бидат намотките???
Title: Одг: Бежичен пренос на електрична енергија
Post by: batka on 03.11.2013, Sunday, 23:59:17
Дечки,ова е многу стара финта,само една работа - предавателот треба да има поголем број намотки (многу поголем) од приемникот со ЛЕД.Втора работа. Имаше порано ваков * изум* под маса врзан круг од бакарна жица врзан на 220В и кога ке ставиш лонче водата зоврива.Ова е обична магнетна индукција,а исто  ке се деси ако намотката со ЛЕД се доближи до некој намот како трансформатор,електромагнет ,појако реле итд- секаде каде има намотка и електромагнетна индукција.
Title: Одг: Бежичен пренос на електрична енергија
Post by: nsu on 04.11.2013, Monday, 14:01:35
Да да ова е електромагнетна индукција сега намотките треба да се со ист дијаметар 4,5 сантиметри само предавателната намотка како што кажа батка мора да е подебела тоест со поголем број на навивки инаку дијаметарот требал да им биде ист на  намотките за да дојде до електромагнетна индукција и уште еднаш повторувам како што реков предходно важно е да предавателната намотка има повише навивки да е подебела е сега така пишуваше на сајтот.Сега дали ќе работи прашање е јас сега првпат го пробувам ова.Ќе видиме дали ќе работи. ;D ;D
Title: Одг: Бежичен пренос на електрична енергија
Post by: DX-er on 04.11.2013, Monday, 15:31:50
Прво треба да се направи склопот и да му се измери фрекфенцијата, потоа према фрекфенцијата да се направи и намотката. За секоја фрекфенција е различна должината на жицата.
Title: Одг: Бежичен пренос на електрична енергија
Post by: nsu on 04.11.2013, Monday, 16:14:09
Е така како и што си мислев а не 4,5 сантиметри и дебелина и глупости како што пишува во текстот ова е всушност осцилаторно коло и кога двете кола ќе бидат во резонанса ќе се пренесува енергијата значи треба фрекфенцметар да имам нели ај баш ќе видиме според тие нивните пресметки дали ќе работи ама не верувам ;D ;D ;D.
Title: Одг: Бежичен пренос на електрична енергија
Post by: didy on 04.11.2013, Monday, 16:30:40
тоа е хит на полнење на мобилните телефони, новите модели на оваков принцип го вршат полнењето, и разни други уреди, пр четкичка за заби има батерија и вграден индуктивен полнач.
постарите картици за контола на влез-излез имаат намот кој го напојува чипот за идентификација на личност и.т.н.
Title: Одг: Бежичен пренос на електрична енергија
Post by: warningteam on 04.11.2013, Monday, 16:51:39
Можно е секако, читачот на картици што се за на работа што те индификуваат кога си стигнал и заминал од работа  мислам на овој принцип работат, но дека би го направил и проработело тоа малце не ми е верно бидејки доста зафрканции има околу ова број на намотки ширина сепак пробај па да видиме што си направил  :D
Title: Одг: Бежичен пренос на електрична енергија
Post by: Bojan on 04.11.2013, Monday, 19:58:59
според мене скоро како и да го направиш ке свети, само корисното дејство ке се менува (значи според мене)
Title: Одг: Бежичен пренос на електрична енергија
Post by: nsu on 04.11.2013, Monday, 20:52:43
Благодарам за советот ;D.
Title: Одг: Бежичен пренос на електрична енергија
Post by: batka on 04.11.2013, Monday, 22:24:42
Прво треба да се направи склопот и да му се измери фрекфенцијата, потоа према фрекфенцијата да се направи и намотката. За секоја фрекфенција е различна должината на жицата.

Не мора да се мери фреквенција.Овде не се работи за радио врска,туку за индуктивен пренос.Колку повеке намотки- поголем домет .
Title: Одг: Бежичен пренос на електрична енергија
Post by: ivica.s on 05.11.2013, Tuesday, 14:09:40
Ќе работи само на мало растојание и нема којзнае каква ефикасност ваквиот пренос ама интересно во секој случај.  :)
Title: Одг: Бежичен пренос на електрична енергија
Post by: nsu on 05.11.2013, Tuesday, 15:06:36
Значи за викендов ќе пробам да го направам ѓи купив елементите инаку значи така е како што потенцираше батка немало врска не ми треба фрекфенц метар. Наједноставна електромагнетна индукција значи и така пишува колку повеќе навивки поголем домет а приемната намотка треба да биде со ист дијаметар но со помал број на навивки ви благодарам на сите стварно за помошта и советите за тоа  всушност како функционира ова чудо. Уште само да пробам да го направам и толку па да видиме дали ќе работи ;D  ;D