Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Сè останато => Topic started by: DX-er on 04.10.2013, Friday, 16:51:06

Title: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милјон вати
Post by: DX-er on 04.10.2013, Friday, 16:51:06
Pirate Radio with more than 1 Million Watt - 103,7 Kiss FM Belfast (http://www.youtube.com/watch?v=gIApfk-MdJk#)
Title: Одг: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милјон вати
Post by: Trolko on 04.10.2013, Friday, 19:55:00
Не би рекол дека ова е вистина, никаде неможам на интернет да најдам референца дека 103FM станицата им работела на нешто блиску до мегават,

Code: [Select]
https://en.wikipedia.org/wiki/Irish_pirate_radio
Title: Одг: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милјон вати
Post by: batka on 05.10.2013, Saturday, 00:45:37
Вистина е ова,од брод работеле ,ама вон територијалните води! ;D
Title: Одг: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милјон вати
Post by: Trolko on 05.10.2013, Saturday, 09:10:28
Вистина е ова,од брод работеле ,ама вон територијалните води! ;D

Референца некоја? Баш ме интересира да прочитам нешто повеќе ако е вистина
Title: Одг: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милјон вати
Post by: LordZi on 05.10.2013, Saturday, 09:50:48
Имаше и филм за ваков некој случај, не сум го гледал, ама мислам дека таму емитуваат на АМ...
Code: [Select]
http://www.imdb.com/title/tt1131729/
Title: Одг: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милјон вати
Post by: didy on 05.10.2013, Saturday, 16:48:01
не би рекол дека FM ќе е на 1MW, за АМ можно е, но тие лампи во видеото тешко да ќе ја дадат таа снага.
Среднобрановиот предавател кај Лозово кој работи АМ има снага од 1MW, но во разговор со техничарите тоа било само на пуштањето а потоа работи со пола или третинка снага. Лампата е доста голема и сета е потопена во вода која постојано циркулира и ја лади лампата.  КОристејќи го фединг-от навечер беше појачан сигналот за да се слуша дури до Австралија.
Големиот проблем е што во тоа време сите телефони во околината па дури и шпоретите “свиреа“ прва програма поради јакото зрачење.
Денес дали ремитува (зрачи) не знам .
На брод може има толку јаки генератори, но засилувачи со големи снаги на долги бранови имаше во бродовите, подморниците и на Гренланд. Шпијунска работа ќе се наместат на бранова должина (во километри) два предаватели и само они го примаат сигналот.Па можно е тие засилувачи да се искористат за средни бранови, а за FM не знам
Title: Одг: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милјон вати
Post by: DX-er on 05.10.2013, Saturday, 18:10:56
Meне ми е сомнително дека тој предавател е 1MW. Работата е што со таа снага на VHF нема да се постигне посакуваниот ефект. Голема загуба а дометот нема да биде толку за да ја покрие цела држава како што би било доколку би се емитувало на MW AM. Потоа антенскиот систем мислам дека нема да крепи толкава снага, сепак тоа е играчка од антени ако се земе во предвид дека треба да ја емитуваат целата таа енергија.
Дури и засилувачкиот систем ми е сомнителен и не верувам да во толку мало кукиче ке збере толку габаритен предавател. Дури и радио пират не може да си дозволи да купи толку скап предавател, тоа го може само држава, но и таа тоа не би го направила. Нема потреба. Еве да ставиме таков предавател кај нас на Водно или на Св. Илија, колку ке има домет? Пола држава ? Сите предаватели на МРТ МР1 се може 200-300kW па и помалце. Предавателот на радио Македонија и радио Билјана е 1200kW (1,2MW) но како што кажа Диди, во реалност е пуштен на помала снага.
Мала корекција, тој предавател е транзисторски и е составен од моќни мосфети а ладењето е со клима уреди, до пред 2002 год. беше друг стар тип на предавател со голема лампа кој беше 300kW и се ладел со вода.

Овде има сигнал на радио Скопје низ Европа:

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=11329.0;attach=10712;image)

за подалеку да не збориме >:(
Title: Одг: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милјон вати
Post by: batka on 05.10.2013, Saturday, 19:31:31
Е,сега да се разбереме: типот емитирал од брод! ФМ модулацијата на УКТ на отворен простор каде водата добро ги рефлектира брановите со добар предавател и антена усмерена кон копното може да достигне големи далечини.Друго ,мислам дека 7 наутички миљи од брегот престануваат територијалните води на една држава и тој бил укотвен нешто повеќе од 7 миљи,за да не го качи англискиот закон ;D
Title: Одг: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милјон вати
Post by: DX-er on 05.10.2013, Saturday, 19:42:22
Чекајте за кое радио зборуваме, за радиата од брод како што било радио Каролин во 80тите ? Тоа емитувало на MW AM со 10kW или 2х10kW (не се сеќавам добро) и дометот бил далеку поголем од тие 7 милји, вероватно се слушало и до Австрија, Франција или Германија навечер и на добра локација.
Батка јас како што знам водата ги впива сигналите на високите фрекфенции, поточно упива дел од енергијата на радио сигналот. Како фрекфенцијата е поголема поголемо е апсорбирањето на енергијата во водата. Исто и земјата е проводник, макар и лош но и земјата упива дел од енергијата на високите фрекфенции.

Нешто во врска со претходниот муабет околу kWтите на FM подрачјето, може некој памети пред 1999та година радио Београд RTS BG1 од Бесна Кобила бил околу 200kW и што? Што постигнале со тоа? Ништо, како што се сеќавам  радиото не се фаќаше во Скопје. Сега RTS BG1 од истата локација е 25kW а во реалност вероватно е помалце, па еве се фаќа во некои делови од Скопје.
Title: Одг: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милјон вати
Post by: nsu on 06.10.2013, Sunday, 00:04:47
Предавателот на македонско радио радио скопје е 1200 киловати па па негде не се слуша.А иначе ова за радио аматеров е вистина и како еден филм документарец за него да имаше емитувал од брод ;D ;D
Title: Одг: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милјон вати
Post by: MetallicA on 06.10.2013, Sunday, 00:08:21
од кај најде толку нафта за генераторите  :o ;D ;D
Title: Одг: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милјон вати
Post by: DX-er on 06.10.2013, Sunday, 00:11:26
да, баш ме чуди каков е тој дијаграм на покривање на радио Скопје во Европа? Чуден ми е, поготово знаејки дека антената е не-насочена. Како гледам има најдобро покривање во Шпанија, поточно цела Шпанија е покриена и на стотици километри море околу Шпанија безпотребно трошење на струја. Кој ке слуша радио Скопје тамо во морето? Којзнае колку kW/денари (наши пари) се трошат само за тоа подрачје ???
Title: Одг: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милјон вати
Post by: nsu on 06.10.2013, Sunday, 00:34:59
Видиш не сум размислувал на ваков начин во право сте се треба да е рационално искористено 8)
Title: Одг: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милјон вати
Post by: DX-er on 06.10.2013, Sunday, 00:45:46
нема рационално за тоа што од тие 1200kW дел ја пробиваат јоносверата и заминуваат далеку во космосот, дел се впиваат во земјата и водата, тоа е загуба која за жал не може да се намали. Друга загуба е што голем дел од енергијата се троши во самата застарена АМ модулација, ако не се лажам дури 70% струја иде зијан во модулацијата. Да ги преправат MW предавателите од AM во SSB би имале помала загуба на енергија а дометот би се зголемил. Тоа за нерационалното покривање на морињата околу шпанија е плус непотребен трошок на kW односно на граѓански (мои и твои) пари. Дури и во Шпанија не знам кој слуша радио Скопје на MW AM??? Замислете некој иде на одмор во Палма Де Мајорка или Барселона и ке слуша радио Скопје на АМ ? Како не! Прво да идеш тамо треба да си над просечно богат, а ако имаш толку пари нема да ти биде проблем да си обезбедиш тамо интернет и преку стриминг да слушаш радио Скопје.
Title: Одг: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милјон вати
Post by: nsu on 06.10.2013, Sunday, 16:13:44
Многу добро кажавте ако оди некој во шпанија сигурно ќе има пристап до интернет инаку да тие загуби  се заради амплитудната модулација ам-2бо сигналот се губи 70 проценти неповратно се губи тоа е факт во право сте  ;D
Title: Одг: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милион вати
Post by: Z31GH on 23.01.2014, Thursday, 22:50:19
Просто не ми се верува. 1000 000 вати на ФМ, ќе го испржи и претвори во чипс и водителот и камерманот таму пред столбот од антената. Прв пат слушам вакво нешто, ама тешко да ме убеди некој дека е направен толкав линеарец за фм
Title: Одг: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милјон вати
Post by: nsu on 23.01.2014, Thursday, 23:31:58
Многу е 1000000 вати.Сум чул дека некој аматер од брод емитувал со поламилион а не волку. ;)
Title: Одг: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милјон вати
Post by: batka on 23.01.2014, Thursday, 23:32:21
Да не имал џебна трафостаница?Или камион со акумулатори??  8) Ова новинариве се неписмени за техника и во се веруваат.Пример во ЈНА имавме 400и 1000W станици.Овие вториве,ако не носи  операторот заштита  гиспржуваа тестисите за половина час- така барем велеа ( мислам дека е теоретски исправно).Со тие 1 милион вати  пример пола Битола  ке  биде  вечно * осакатена* ;D ;D
Title: Одг: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милјон вати
Post by: nsu on 23.01.2014, Thursday, 23:35:55
Quote
Овие вториве,ако не носи  операторот заштита  гиспржуваа тестисите за половина час- така барем велеа ( мислам дека е теоретски исправно)
Алал да тие батка ме осакати од смеење :D :D ;D ;D ;D.A инаку ова со 1 милион може и да е можно имале генератори снажни.Инаку опасно е. ;D
Title: Одг: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милјон вати
Post by: DX-er on 24.01.2014, Friday, 00:02:29
Очигчедно е лага, нема шанса!
Прво тој е пират, второ пират нема шанса да направи или купи таков засилувач, трето антенскиот систем е играчка за таа снага, петто за таа снага треба да има голем далековод како за фабрика :D до самиот предавател.
Title: Одг: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милјо
Post by: Z31GH on 24.01.2014, Friday, 00:12:57
Радио аматер со 5.000 вати линеарец кој мислам дека не е легално толкава снага да зрачи, една тетка од комшиите на пломбата од забот го слушала како чука телеграфија додека кај другите комшии ѓезвето со кафе потскокнувало на ринглата во ритамот на телеграфијата. Е сега замислете што би било со 1000 000 вати плус ФМ на неколку пати повисока фреквенција. Тоа би отворило огромно магнетно поле и како што вели батка, тестисите ќе се збогуваат од нас :). И не само тестисите, таа снага на таа фреквенција има да те растури и испечи како салама
Title: Одг: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милјон вати
Post by: DX-er on 24.01.2014, Friday, 00:23:03
ама тоа било не-модулирана телеграфија (пали/гаси) штом се слушало како индукција на пломбата од забот.... а ако било АМ модулација со говор ке се слушал говорот  :D ама ако било ФМ нема ништо да се примети  :)

П.С. Тек ако некоја млада теткица имала пирс "тамо доле"... ке било ептен возбудливо....
Title: Одг: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милјон вати
Post by: batka on 24.01.2014, Friday, 01:51:11
Најголемите предаватели за УКТ не надминуваат јачина од 500W,бидејќи дометот кај  нив  е ограничен на оптичка  видливост.Прво така големи предаватели ниту индустрија не прави,а не аматер (пират). За да израчиш 1 милион вати треба да имаш антенски систем составен од 5 цолни дуралуминиумински цевки ,подигнати 100 метри од земја и напојуван со коакс во вид на уплетени сајли со пресек 30-ина сантиметри.Само на преминот при вклучување ке испукаат сите моментално вклучени сијалици во град поголем од Скопје.Треба да си обезбедиш два блока од ТЕЦ Битола .Екологистите ке се бунат сигурно,бидејќи сите можни инсекти и ситни животинки во радиус од 10 км ке бидат спржени,а металните тела во околината од 2-3 км трајно ке се намагнетизираат.
Title: Одг: Радио пират кој емитувал на ФМ со 1 милјон вати
Post by: ivica.s on 24.01.2014, Friday, 13:21:14
Малку е претерано ова инаку е можно таа снага да биде ERP (Effective Radiated Power) значи антената да биде насочена само во една насока.

На пример ако имате антена кој емитува само на 36 степени од круг од 360 ERP ви е 10 пати поголемо значи предавател од 100 вати се претвора во 1000 вати ама нормално на сметка на тоа што нема да зрачи антената во сите насоки подеднакво, значи се концентрира зрачењето во една насока на сметка на другите насоки.  

Со ептен добро насочен антенски систем можно е тие 1 MW ERP да се достигнат со предавател кој реално има 50 KW или дури и помалку што е во доменот на возможното.  :)