Македонски форум за електроника

Други технологии => Електроенергетика => Topic started by: LordZi on 28.09.2013, Saturday, 11:08:15

Title: Независно управување две светилки со само две жици
Post by: LordZi on 28.09.2013, Saturday, 11:08:15
Решението на шемата може да се употреби секаде каде што треба да се управуваат две светилки, а инсталацијата е со две жици до нив, со прекинувачот S1 се пали/гаси светилката La1, а со S2 светилката La2, независно една од друга. Тоа се прави на тој начин што мрежниот напон се исправува со диодите, полу-исправениот напон се пегла со кондензаторите С1 и С2, така што напонот на краевите од светилките е 230V и тие светат со полн сјај.
Капацитетот на кондензаторот се одредува според моќноста на светилката, на шемата е даден пример за 100W светилка, за други моќности капацитетот приближно се пресметува според формулата:
C = 32 x P / 100
каде што:
C = капацитет на кондензаторот во uF
P = моќност на светилката во W

(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/upravljanje_rasvjetom_m_zpsbb6e7370.gif) (http://s226.photobucket.com/user/lodr_zi/media/upravljanje_rasvjetom_m_zpsbb6e7370.gif.html)
Title: Одг: Независно управување две светилки со само две жици
Post by: Toma on 28.09.2013, Saturday, 11:39:42
Според мене потребни се два прекинувачи или еден со позиции 1-0-1 или слична ознака како на сликата.

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/1839_1407.jpg) (http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/1808_1103.jpg)
Title: Одг: Независно управување две светилки со само две жици
Post by: Zdravkovski on 28.09.2013, Saturday, 19:27:33
Ова е сосема доволно и многу поефтино решение од претходно понуденото а го има и во секоја железара  ;)

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/fPGf3p8.png)
Title: Одг: Независно управување две светилки со само две жици
Post by: LordZi on 28.09.2013, Saturday, 22:44:11
Изгледа не читате :D, темата е независно управување две светилки кога од дозната за прекинувачот до сијаличното место одат само две жици, вакви прекинувачи како на вашите слики може да се стават само ако има пуштено трожилен кабел... ;)
Title: Одг: Независно управување две светилки со само две жици
Post by: Toma on 29.09.2013, Sunday, 00:10:17
Quote
...со прекинувачот S1 се пали/гаси светилката La1, а со S2 светилката La2, независно една од друга...
Како што јас ја разбирам шемата имаме еден прекинувач со два контакти во едно. Ако е така, ги вклучуваме истовремено и двата контакти и  двете светилки светат истовремено.
Што грешам?
Title: Одг: Независно управување две светилки со 
Post by: Zan on 29.09.2013, Sunday, 00:16:06
Со прекинувачот S1 се вклучува светилката La1
Со прекинувачот S2 се вклучува светилката La2

Независно една од друга, повразни само со две жици.
Може да бидат вклучени едната или другата светилка или двете истовремено.
Title: Одг: Независно управување две светилки со само две жици
Post by: Toma on 29.09.2013, Sunday, 00:52:11
Quote
Со прекинувачот S1 се вклучува светилката La1
Со прекинувачот S2 се вклучува светилката La2
Значи два независни прекинувачи само што едниот контакт од S1 е „кратко„ врзан со едниот контакт од S2
Title: Одг: Независно управување две светилки со само две жици
Post by: Zan on 29.09.2013, Sunday, 08:45:02
Да, така е.
Title: Одг: Независно управување две светилки со само две жици
Post by: Zdravkovski on 29.09.2013, Sunday, 11:59:18
Quote
Изгледа не читате Cheesy, темата е независно управување две светилки кога од дозната за прекинувачот до сијаличното место одат само две жици, вакви прекинувачи како на вашите слики може да се стават само ако има пуштено трожилен кабел... Шмекерко

мислам дека во потполност ја разбирам шемата и тоа дека идат две а не три жици за да се употреби двополен прекинувач во стандардна шема, јас го понудив двополниот прекинувач само како поефтина и лесно достапна можност за S1 и S2. ако сум грешка поправи ме.
Title: Одг: Независно управување две светилки со само две жици
Post by: LordZi on 29.09.2013, Sunday, 12:55:06
А, тоа да, во право си, најдобро е да се стави ваков прекинувач... ;)
Title: Одг: Независно управување две светилки со само две жици
Post by: Zdravkovski on 29.09.2013, Sunday, 16:59:56
Глеате дека сум бил во право А? :D ,  ;D
Title: Одг: Независно управување две светилки со само две жици
Post by: LordZi on 29.09.2013, Sunday, 17:34:02
Па, ако имаш три жици до светилките повеќе од јасно дека ќе ставиш само дупли прекинувач, ама ако имаш само две жици ќе треба да ја правиш шемата + ваков прекинувач... ;)
Title: Одг: Независно управување две светилки со само две жици
Post by: Clear Sky on 29.09.2013, Sunday, 20:27:08
абе луѓе за серискиот прекинувач не ти требат 3 жици и не ти треба никаква шема само клаваш еден мост и то е то
Title: Одг: Независно управување две светилки со само две жици
Post by: Zan on 29.09.2013, Sunday, 20:34:07
Ајде ако не ти е проблем, нацртај шема да видиме како изгледа тоа.
Title: Одг: Независно управување две светилки со само две жици
Post by: Clear Sky on 29.09.2013, Sunday, 23:15:39
абе лошо ова шо не можат да се бришат постојте ,од ко напишав сватив шо е работата ;D
Title: Одг: Независно управување две светилки со само две жици
Post by: GigaWatt on 29.09.2013, Sunday, 23:39:02
Мислам дека насловот малку буни ;). Повеќето монтери до прекинувачот пуштаат еден двожилен кабел кој е за прекинување на сијалицата, но притоа тој кабел го сметаат за „една жила“ ;). Во насловот пишува „две жици“, но се смета и нулата, а не двете фази (едната за едната сијалица и другата за другата сијалица ;)). Ако се разгледа шемата, ќе стане јасно за што станува збор ;). Една фаза и една нула, а не две фази ;).

Напомена: Шемата ќе функционира само со сијалици со жаречко влакно и (најверојатно) штедливи сијалици (CFL-ки) или евентуално со неонки со електронско палење. Најверојатно нема да функционира со неонки со класично палење (комбинација стартер и пригушница).
Title: Одг: Независно управување две светилки со само две жици
Post by: najdo on 29.09.2013, Sunday, 23:43:47
Ова шемата мислам дека и некој друг ја имаше постирано или можи од др место ја имам.
Title: Одг: Независно управување две светилки со само две жици
Post by: Zan on 29.09.2013, Sunday, 23:45:36
...од ко напишав сватив шо е работата...

Тоа ми беше целта, да сфатиш што е работата, не сакав да напишам "у грешка си"  ;D
Title: Одг: Независно управување две светилки со само две жици
Post by: LordZi on 30.09.2013, Monday, 09:00:15
Ова шемата мислам дека и некој друг ја имаше постирано или можи од др место ја имам.

Ја имав симнато од некој српски сајт на времето, ама не ми текнува кој, сега ја видов додека барав нешто низ PC и викам ај да ја ставам на форум... :)
Title: Одг: Независно управување две светилки со само две жици
Post by: Zdravkovski on 10.10.2013, Thursday, 16:06:20
Денес ја направив онака за проба шемата иако ги немав нити сите, нити пак соодветните делови си работеше одлично. Јас како диоди ги искористив 1Н4007 и стандарден двополен прекинувач за почеток ги пуштив ламбите да светат без кондензатор и отпорник и се функционираше без никаков проблем а напонот на ламбата беше некаде околу 110 волти освен што се појавува мало и незначително  трепкање на светилките ако се загледаш во нив (најверојатно поради тоа што низ диодите поминува само една периода а другата се блокира), потоа ставив и несоодветен кондензатор од 330 микро фаради и 400 волти напон и светилката почна да свети многу силно и напониот се качи над 300 волти. Сума сумарум корисно решение кое кога ќе ги имам сите потребни делови би го поставил да работи подолго време а не како сега само 5 мин. и во воздух направено.
Title: Одг: Независно управување две светилки со само две жици
Post by: GigaWatt on 10.10.2013, Thursday, 17:46:38
Кондензаторите се ставаат за пеглање на напонот за да не треперат (жмурат) сијалиците. Отпорникот од 1MOhm се користи за брзо празнење на кондензаторите (за да може по 2, 3, 4 секунди откако ја изгасиш сијалицата, да можеш да ги фаќаш деловите од колото без опасност од струен удар). За жал, истовремено константно (додека е пуштена сијалицата) троши и струја, така да, ако не планираш да менуваш сијалици често или да преправаш нешто во колото, може а го изоставиш ;). Сијалицата, сама по себе би требала да биде доволен товар за празнење на кондензаторите ;).

Трепкањето ти се јавило бидејќи ги нема кондензаторите. Бројот на полупериоди е прополовен (од 100, сега се 50), а и бидејќи за време на негативните (или позитивните, зависи за која сијалица станува збор) полупериоди, на краевите од сијалицата всушност и нема напон, па влакното се лади :S. Не би ти препорачал вака да го тераш колото. Се намалува животниот век на сијалицата, а и за очите е непријатно :S.

Напонот ти бил преполовен бидејќи волтметарот отчитувал само една полупериода. Не знам со каков инструмент си мерел, но очигледно бил добар. Повеќето инструменти нема да јават напон од 110V бидејќи при мерење на AC сигнал, најчесто не можат да мерат ништо друго освен чиста синусоида. Браво, твојот всушност ја исчитал правилната ефективна вредност на напонот, односно 110V ;).

Само не ми е јасно како по монтажата на кондензаторот напонот рипнал на 300 и кусур волти ???. Според пресметки, 110*1.41=155V, а не 300V.

Добро е што си ставил кондензатори со поголема вредност. Всушност, колку се поголеми кондензаторите, толку подобро ;) (да не се претерува, се разбира ;D). За оваа намена, одлични би биле кондензатори од switching напојувања од телевизори или PC-иња ;) (претпоставувам дека и оние кои си ги ставил, од таму ти биле извадени ;D).

Само сметај дека при напон од 110V~, односно 155V-, сијалицата ќе повлекува дупло повеќе струја со цел да компензира за понискиот напон, односно за да си ја задржи декларираната моќност ;). Бидејќи, во принцип, нашите сијалици не се наменети за работа на напон од 110V, се разбира, ова не е целосно точно и струјата нема да биде дупло појака (грубо и со нагаѓање, би требало да биде околу 1.5 пати поголема), што значи дека сепак нема да се постигне максималната моќност на сијалицата, туку би требало да биде за околу 25% пониска (на пример, од сијалица со моќност од 100W, би требало да се добијат околу 75W).

Баш ме интересира дали со понизок напон ќе се палат како што треба и CFL сијалици и неонки со електронско палење ;). Ако си во можност, пробај, баш ме интересира ;).



EDIT: Ми стана јасно зошто напонот рипнал на 300 и кусур волти ;). Пак ја погледнав шемата ;). Јасно ми е ;). Да, баш така треба да биде, треба да рипне на 300 и кусур волти ;). Сепак, во моментот на палење на сијалицата, кондензаторот повлекува значителна јачина на струја низ диодата, така да, пожелно е да се постават и малку појаки диоди (2A-ски или можеби малку појаки). 1N4007 или било кои други троми диоди со максимална јачина од 1A, може да издржат вакви peak-ови, но, што знам, јас лично, не би ризикувал ;).

А да, и уште едно прашање ;D. Дали се јавува задоцнување во палењето и гасењето на сијалицата по поставувањето на кондензаторите, и ако се јавува, дали е големо и забележливо или не ;)?
Title: Одг: Независно управување две светилки со само две жици
Post by: Zdravkovski on 10.10.2013, Thursday, 18:15:01
од инструмент го користев овој Mastech.

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Mastech_MY64.jpg)

A за задоцнето палење и гасење не забележав, а кондензаторите се од расипан фрекфентен регулатор.

А за другото дали на помал напон ќе се палат CFL можам да ти кажам дека во серија со 100 ватна жаречка сијалица свети без никаков проблем дури мислам дека и животниот век и се продолжува но јас лично не ги преферирам CFL јас сум љубител на флуоресцентно (неонско) светло - го користам повеќе од 20 год. и сум многу задоволен.
Title: Одг: Независно управување две светилки со само две жици
Post by: Zan on 10.10.2013, Thursday, 18:53:12
Да не си измешал нешто?
CFL е исто така флуоресцентно светло.

CFL - compact fluorescent lamp
Title: Одг: Независно управување две светилки со само две жици
Post by: GigaWatt on 10.10.2013, Thursday, 19:23:09
А за другото дали на помал напон ќе се палат CFL можам да ти кажам дека во серија со 100 ватна жаречка сијалица свети без никаков проблем дури мислам дека и животниот век и се продолжува но јас лично не ги преферирам CFL јас сум љубител на флуоресцентно (неонско) светло - го користам повеќе од 20 год. и сум многу задоволен.

Да да, подоцна и јас забележав дека сум бил во грешка и дека напонот всушност и нема да биде помал ;). Моја грешка, напонот ќе си ја има адекватната вредност од 230V (ефективна вредност, исправен, над 300V) ;).

И Zan е во право ;). Во принцип, CFL-ките се неонки виткани во посебна форма со електронско палење ;). Разликата е само пакувањето ;).

И баш ме интересира дали ќе работат како што треба ;). Ако можеш, најди од некаде некоја CFL-ка или неонка со електронско палење (не со класично). Неонка со класично палење мислам дека нема да работи со оваа шема.
Title: Одг: Независно управување две светилки со само две жици
Post by: Zdravkovski on 11.10.2013, Friday, 12:00:59
Quote
Да не си измешал нешто?
CFL е исто така флуоресцентно светло.

CFL - compact fluorescent lamp

 :) не не сум помешал ништо, точно знам дека и овие новите се флуоресцентни светилки само со електронско палење, ама јас си ги преферирам оние старите со пригушница и стартер затоа што се многу по ефтини за одржување и се по трајни.
Title: Одг: Независно управување две светилки со само две жици
Post by: GigaWatt on 11.10.2013, Friday, 18:19:16
:) не не сум помешал ништо, точно знам дека и овие новите се флуоресцентни светилки само со електронско палење, ама јас си ги преферирам оние старите со пригушница и стартер затоа што се многу по ефтини за одржување и се по трајни.

Тоа е апсолутна вистина ;). Ама оваа шема нема да функционира со неонки со класично палење... барем така мислам, ако веќе си ја пробал, пробај и со неонки со класично палење ;).