Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: Bojan on 19.04.2010, Monday, 22:17:14

Title: Термички прекинувач
Post by: Bojan on 19.04.2010, Monday, 22:17:14
значи треба да правам термички прекинувач...направив еден со lm741 и...на почеток работи супер, но кога треба да се изгаси релето се уклучува и исклучува неколку пати, а тоа не ми треба. Па помош некоја би била добредојдена...
(http://i136.photobucket.com/albums/q181/Bojanevski/termickiprekinuvac.jpg)

П.С. сум заборавил да пишам кај е плусот за напојување па...горниот вод е плус...
Title: Одг: Термички прекинувач
Post by: GigaWatt on 19.04.2010, Monday, 23:43:14
Се исклучува и вклучува неколку пати бидејќи „нестабилен“ е NTC отпорникот, ако малку варира вредноста на температурата околу дефинирата кртична вредност кога операцискиот засилувач треба да префрли од негативен на позитивен напон (добро, бидејќи овој операцицки засилувач не се напојува со симетричен напон, префлува меѓу повисока и пониска напонска вредност, но доколку би се напојувал, ќе префрлувал меѓу позитивен и негативен напон) за да го пушти во работа транзисторот (го префрли од OFF во SAT), кој пак треба да го тригерира релето да смени позиција, неколку пати ја менува вредноста на својот излез (операцискиот засилувач е врзан како напонски компаратор) и се јавува тоа неколкукратно прекинување и пуштање во работа на релето. Треба да се најде некое решение кое ќе го држи во опредлелена позиција.

Пробај дали кондензатор со вредност од околу 220uF поставен паралелно на NTC отпорникот ќе го реши проблемот, ако не го реши, пробај со поголеми и помали вредности на капацитивност на кондензаторите, може да се проба со 100uF, 470uF, 1000uF и било која вредност измеѓу горенаведените ;). Работниот напон на кондензаторот треба да има вредност која е блиска но поголема од напонот на напојување на колото.
Title: Одг: Термички прекинувач
Post by: SaleSk on 20.04.2010, Tuesday, 00:23:53
Јас се мислев и незнам колку добро напојување се користи...Дали има доволно сила да го задржи релето вклучено?
За НТЦ-то и јас помислив, и тоа држи вода...
Title: Одг: Термички прекинувач
Post by: GigaWatt on 20.04.2010, Tuesday, 00:33:01
Па затоа и пишав да стави кондензатор паралелно на NTC отпорникот, да го држи напонот малку „поконстантен“, да не ја менува својата вредност многу скоковито.

Кој знае, можеби нешто и не е во ред со NTC отпорникот, можеби е стар,а ко е изваден о стар телевизор, кој знае, али не е ложо да се проба, па ќе видиме дали има резултати.

А за напонот на напојување, подобро ќе биде да биде поголем, не ми текнува колкав беше максималниот напон на напојување на 741, ама и да биде напонот на напојување близок до максималниот, нема да им проблем, и онака овде операцискиот засилувач се користи само како напонски компаратор, транзисторот не „влече“ многу струја на базата, така да, не би требало да има проблем ;).
Title: Одг: Термички прекинувач
Post by: BorceBT on 20.04.2010, Tuesday, 01:58:58
Решението на овој проблем се вика „хистеризација“ на склопот. Значи што е работата: треба да се направи склопот да има своја „хистереза“ што би значело да вклучува на малку повисока температура од таа што исклучува. Ова може да се направи со помош на самото реле, имено ако се стави цел уред да се напојува преку еден отпорник од 1 или 2 ома тогаш имаме само-хистеризација на уредот. Пробај. Ако не работи како што треба и осцилира уште повеќе релето тогаш замени ги местата на NTC отпорникот и отпорникот + тримерот ;)
Title: Одг: Термички прекинувач
Post by: BorceBT on 20.04.2010, Tuesday, 02:00:25
Заборавив да напоменам! Горниот 100К отпорник треба да е поврзан директно на плусот пред отпорникот од 1 ом!
Title: Одг: Термички прекинувач
Post by: GigaWatt on 20.04.2010, Tuesday, 02:10:51
Заборавив да напоменам! Горниот 100К отпорник треба да е поврзан директно на плусот пред отпорникот од 1 ом!

Нас на факултет ни кажаа друг назив за начинот што го имаш пишано во претходниот post, но мислам дека овој назив пологичен е ;).

А и сега кога спомна дека отпорникот за неинвертирачкиот влез треба да биде врзан директно за напојувањето, повеќе прави логика, претходно се мачев да видам што друго ќе смени тој отпорник од 1 или 2 ома освен напоните на префрлување на излез од операцискиот (Vcc и GND). BTW, отпорникот мислам дека е 10K, не 100K, ама нема везе, и 100K да се, битно да се и двата исти (и тој према маса и тој према Vcc) ;).
Title: Одг: Термички прекинувач
Post by: Bojan on 20.04.2010, Tuesday, 02:19:37
па да го е*ам...сега го пробав, супер работеше...и кондензатор ке му ставам и отпорник, па ке видиме како ке се понаша...значи отпорникот од 1ом треба да се врзе на едниот крај на калемот од релето?? иначе напонот е ок, 12V и си има 3300uF кондензатор за филтрирање (во стабилизаторот) така да напонот не зафркава...
Title: Одг: Термички прекинувач
Post by: GigaWatt on 20.04.2010, Tuesday, 02:24:21
Не, целиот склоп ќе го поврзеш преку отпорникот од 1 ом, а само 10K отпорникот (не можам ни јас јасно да видам дали е 10K насвистина многу е мала сликата) со кој е поврзан неинвертирачкиот влез од операцискиот засилувач ќе го поврзеш директно на +Vcc ;).
Title: Одг: Термички прекинувач
Post by: Goce on 20.04.2010, Tuesday, 02:25:00
Јас се согласувам со Борче проблемот е хистерезата на операцискиот кој во слуцајот работи како компаратор јас вакви проблеми има решевано со ставње на еден отпорник од неинвертирачкиот влез кон излезот на операцискиот засилувач со него ке се добие хистерзата и нема да осцилира релето најубаво е да го пресметаш а ако незнаеш можеш да ставис 220к 470к 1м одредиго со тестирање
Title: Одг: Термички прекинувач
Post by: BorceBT on 20.04.2010, Tuesday, 02:52:27
Да, може и така да го направиш со повратна врска во бистабил... само експериметирајте!