Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: danix01 on 18.04.2010, Sunday, 09:55:57
-
Имам старо компјутерско напојување кое функционира.На интернет најдов шема за како да го вклучувам.Единствено ме буни капацитивноста на излез, дали е дозволено да се стават повеке кондензатори на пример 10000 микроФ за да се испегла 12в еднонасочниот напон.
-
ако планираш да го користиш за напојување од засилувач може да имаш проблем бидејќи помоќните засилвачи бараат повеќе од 12В, пеглањето може да се изведе и така но подобро е да се стават повеќе со помала капацитивност за да се полнат побрзо
за вклучување на напојувањето на некои треба да се симулира потрошувач, тоа се прави ако земиш една сијаличка за во кола 10W мислам дека се и ја приклучиш на напојувањето
а пак кај некои има да се спојат 2 жици ( маса и PS_ON) за да проработи
-
јас најчесто правам засилувачи за автомобил но ги користам и дома.Нај4есто со ТДА(1562,7386,1553) доста се едноставни.ги избегнувам другите засилувачи бидејки користат скапи трансформатори.
-
Мислам го имам ова пишувано некаде во некоја тема ама еве пак:
Додатни кондензатори на компјутерско напојување не треба да ставате. Може евентуално кондензатор блиску до засилувачот ама не повеќе од 2200uF/25V. Проблемот е што големите кондензатори им треба голема струја на полнење и напојувањето тоа ќе го регистрира при старт како краток спој и нема да стартува воопшто.
Како што рече Devil, некои напојувања бараат константно да имаат оптеретување некое на +5V излезот. Тоа оптеретување доволно е на пример ако ставите сијаличка 12V/10W на 5 волтниот излез. Некои напојувања (поквалитетни) немора да имаат оптеретување на излезот за да даваат стабилен напон на излез и доволно е да ја споите зелената жица со која било од црните жици за да проработи.
Ваквото компјутерско напојување дава околу 12.2-12.5V на излезот и тоа е релативно малку за авто-засилувач. Авто засилувачите се дизајнирани да работат нормално всушност на 14.4V. Поткревање на напонот на компјутерско напојување е малку посложена работа бидејќи прво мора да се исклучи (disable) crowbar-колото кое го краткоспојува излезот ако напонот на излез крене повеќе од 13V (ова е заштитата). Заштитата најчесто е направена со транзистор и зенер диоди и со одлемувањето на тој транзистор се исклучува и заштитата. Кревањето на напонот се прави со промена на отпорник кој се наоѓа околу интегрираното коло. За детали кој отпорник и колку треба да се промени мора да земите datasheet за тоа коло и да видите кои отпорници се клучни за напонот на излез! Напонот го „местите“ експериментирајќи со ставање на различни отпорници или со ставање на тример и менување.
Многу битно: Не ставајте премногу различни отпорници од вредноста која беше оригинално на колото бидејќи колото ќе влезе во самоосцилација и напојувањето ќе ви пукне што е опасно!
Напојувањето треба да го наместите да дава околу 17V. Со овој напон и со добар ладилник на употребеното авто интегрално коло - засилувач се добива феноменални резултати од кои на пример TDA1562Q навистина дава 70W и тоа не со 10% изобличување како на 14.4V туку со само 1% што ако си направите стерео верзија ќе имате добар а евтин (компјутерските напојувања се поевтини од трансформатор) засилувач за дома.
-
појачало со 1562q го имам пробано на напојување од копјутер и супер работи
-
во моментот и јас го тестирам.супер работи нема проблем.напојуванњето му дава 13.5в има ли некој начин поедноставен за да се зголеми напонот за 2-3 волти.вистинска намена ке му е во автомобил сакам да направам филтер на 80 Hz за автомобилски субвуфер ако некој има таква шема ке му бидам благодарен
-
во моментот и јас го тестирам.супер работи нема проблем.напојуванњето му дава 13.5в има ли некој начин поедноставен за да се зголеми напонот за 2-3 волти.вистинска намена ке му е во автомобил сакам да направам филтер на 80 Hz за автомобилски субвуфер ако некој има таква шема ке му бидам благодарен
не го зголемувај напонот ако го зголемис ке има по големо изобличување над 14 в нечини сушти иам испробано :) доста се и 12 в но ампеража да има голема ја го работам со трафо 10в кое преку инвертор вади 13 в на 10 А ама кине топ работи
-
Напонот му е 13.5в го пустам до максимун на звучник од 6 оми и го мерам напонот на напојувањето пак останува 13.5в.Значи нема никаков пад на напон односно напојувањето има доволно струја. иначе напојуванњето е 250 вати реал поњер извадено е од гејмерска конфигурација и тежи дупла повеке од стандардно напојување.позз
-
сакам да направам филтер на 80 Hz за автомобилски субвуфер ако некој има таква шема ке му бидам благодарен
highpass или lowpass филтер, да биде активен или пасивен?
-
Понекогаш за Subwoofer ти е убаво да ставиш и пасивен филтер (калем) на звучникот бидејќи ќе ги испеглаш изобличувањата и можеш засилувачот да го „возиш“ и на клипинг со што ќе добиеш теоретски и малку поголема снага :)
-
мислев на активен low pass filter сличен како оние на засилувачите за во кола имаат копче или потенциометар за избор на сакана фреквенција
-
Најидеална (и најмоќна) комбинација е да има и активен на влез и пасивен на излез.
-
BorceBT има post-ирано шема за активен lowpass филтер на форумов, баш ја видов, шемата е супер, единствен „мана“ (во конкретниов случај) е тоа што бара линеарен сигнал на влезот (значи не сигнал од излез на засилувач). Ако имаш линеарен излез од радиото за кола, можеш да ја искористиш ;).
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=450.0
-
имам 4-канален линеарен сигнал од авторадиото и сигурен сум дека шемата ке одговара да ја комплетирам со ТДА 1562.дали има начин да се поврзат две тда1562 да се добие некоја мостна врска и да се добие мокнос околу 100вати.му благодарам на Борче и на тебе
-
мислам дека и тоа е одговорено од Борче и има нагласено дека мостна врска со ним не се прави бидејќи во самата градба на колата веќе е извршено тоа поврзување
нека ме поправи ако грешам
-
мислам дека не грешиш.сега го проучив датасхеетот точно е тој е веке во мостна врска.дали тоа мозе да се изведе со некои аудио трансформатори на влез да има 2 намотки на кои ке се приклучат излезите од тда 1562 а на излез да се сумира во една намотка каде ке добиеме поголема мокност.оваа ми е идеа која ми светна во моментот
-
хехе премногу сложено и скапо за иведба
таков аудио трансформатор тешко се наоѓа
а сам да моташ тешко е
-
значи подобро ке е да си направам конвертор на напон и во колата да добијам некој напон од +-35 волти. на тој напон мозе да работи секој засилуваш со мокност околу 100 вати
-
ќе си направиш степ ап конвертор и терај
прилично едноставно се прават, само треба да користиш некој помоќен мосфет
за шемам немам да ти дадам ако најдам ќе ја постирам
-
Да да, за поголеми моќности мораш да користиш step up конвертор, мораш да го „дигнеш“ напонот, со 12V mono rail ништо не правиш :S.
-
oчекувам во најбрзо време да поставите шема.а за тоа време ке узивам во ТДА1562 додека не ми здосади :)
-
Со колкав бас го користиш???
-
Како нов член да ве поздравам прво. Второ, про4итав дека може да се зголеми излезниот напон од 12.5 на 17V(така беше напишано од Борче). Дали некој го има тоа направено, и ако може да ми каже како е изведено, или што детално е променето? Ви благодарам однапред. :)
-
Пред се добредојде имај убав престој
прочитај го постот на Борче пишува што треба да се направи
-
Како нов член да ве поздравам прво. Второ, про4итав дека може да се зголеми излезниот напон од 12.5 на 17V(така беше напишано од Борче). Дали некој го има тоа направено, и ако може да ми каже како е изведено, или што детално е променето? Ви благодарам однапред. :)
Професорот по пракса што ми предаваше (и сега ми предава, ама не пракса) правеше такви напојувања...колкав напон сакаш толкав напон ке ти направи...а како ги правеше не кажа (пе*ер е...)
-
Ние сега правиме по пракса некое импулсно напојување, ама па за мали струи е до кај 200mA
-
како мислиш правеше.Ги преправаше компјутерските или градел нови напојувања со напон по негова желба.
-
Поедноставно е да преправиш компјутерско, веќе ги имаш на располагање скоро сите делови што ти требаат, само земи едно старо напојување од компјутер, симни си „општонаменска“ електрична шема од компјутерско напојување, види ги сличностите и разликите со тоа напојување што го имаш на располагање и со променана на неколку компоненти, можеш да направиш колкав сакаш излезен напон ;).
-
знам дека градбата на напојување е слозена работа затоа прашував дали правел или преправувал