Македонски форум за електроника
Други технологии => Електроенергетика => Topic started by: JovanOH on 16.07.2013, Tuesday, 01:06:32
-
Колеги имам инвертор на напон од 12VDC на 230VAC со мојќност од 300W, за негова работа користам акумулатори од 100Аh и 55Аh. Прашањето ми е дали би можел со овој фотонапоснки панел да ги полнам акумулаторите од 100Аh или 55Аh, инверторот најмногу се користи навечер за осветлување. Дали би можел преку ден да се полни акумулаторот или евентулано дали би раборел инверторот дирекно поврзан на фотонапонскиот панел без акумулатор ако некогаш преку ден е потребно да се приклучи светилка или некој друг птрошувач.
http://alfaelektronik.mk/uploads/product_option_values/2_Tehnicki%20karakteristiki.pdf
Се надевам дека насловот на темата е добар и темата е поставена на соодветно место, ако тоа не е така се извинувам :)
-
доколку користиш од обичните флуоросцентни сијалици со волфрам што ке ти е инвертер, најди некои на 12в и карај.
-
Користам штедливи светилки од 18W, но некогаш е потребно да се приклучи некој друг потрушувач кој работи на 230VAC
-
Сега ако те разбрав добро, прашањето ти е дали може да се врзе директно панелот на акумулатор.
Тоа не е можно пошто голем излезен напон дава панелот можеш да го уништиш акумулаторот (44 волти во празен од, под оптеретување помалку). Но во секој случај ќе ти треба контролер. Види на интернет "mppt charge controller".
-
контролерот за полнење ти е задолжителен или направи некој едноставен, а за акомулатори потребни ти се три од 12 волти во серија, и се рзбира со иста снага за да оди полнењето преку обичен стабилизатор кој ќе е дотеран на 39 волти или по 2,2 волти од ќелија. и автоматика да исклучува на “наполнето“ :), или да го намали полнењето на милиампери.
-
Сега ако те разбрав добро, прашањето ти е дали може да се врзе директно панелот на акумулатор.
Тоа не е можно пошто голем излезен напон дава панелот можеш да го уништиш акумулаторот (44 волти во празен од, под оптеретување помалку). Но во секој случај ќе ти треба контролер. Види на интернет "mppt charge controller".
Да добро си ме разбрал сакам панелот да го поврзам на акумулатор, но се разбира не директно.Дали ќе може со обичен стабилизатор на напон со зенер диода да го спуштам напонот на 13VDC во комбинација со автоматика да исклучува кога акумулаторот ќе се наполни или пак треба некој посебен контролер?
-
Види на линкот
http://www.edaboard.com/thread285544.html
-
Фала ти batka за ликот го водиов и како што разбрав таа шема е за ограничување на струјата на полнење, но дали напонот ќе се намали на 13V од 37V, или ќе треба уште некој склоп?
Според пресметката за одредување на вредноста на отпорникот R3 за 100Аh акомулатор е 30 мили оми, дали имаа воопшто толку мала вредност на отпорник или ќе треба да комбинирам со паралелна врска на отпорниците?
-
Имаш формула за пресметување.Не треба друг склоп ,туку само пресметување на струјата на полнење.Струјата на полнење е 1/10 од називната..За 36Аh e 3,6A или 0,7/3,6 = 0,194 односно 0,2 оми .R4=0,4 оми.Овие отпорници можат да се направат од отпорна жица ,со мерење, или да се купат готови.Секако можат и да се комбинираат од неколку отпорници,ама внимавај на w-атите!
-
Во ред фала ти многу batka ;D
-
мое мислење е ако можеш да направиш switching step down напојување и тоа да го користиш зашто ке имаш поголемо корисно дејство одколку со линеарно напојување дека многу голем дел од моќноста ќе се претвара во топлина...
-
мое мислење е ако можеш да направиш switching step down напојување и тоа да го користиш зашто ке имаш поголемо корисно дејство одколку со линеарно напојување дека многу голем дел од моќноста ќе се претвара во топлина...
Или за малку пари да си нарачаш :
http://dx.com/p/dc-dc-converter-auto-step-up-step-down-solar-power-supply-module-red-151576
-
Колеги го направив склопот и се добро си работи го полни акомулаторот, е сега дали би било добро да го поставам овој склоп (од линкот) како регулатор за полнење на акомулаторот?
http://lecicso.scriptmania.com/index_files/Regulator%20punjenja%20akumulatora.htm
-
Ова ти е стара шема,работи добро и треба да се намести горниот и долниот праг на напонот кога ке вклучува/исклучува полначот.Значи ова не е полнач ( не ограничува струја итн) туку само го мери напонот и зависно од големината ( да не паѓа под пр,11,5V го вклучува полнењето.Има и електронски склопови без реле за ова намена,зависи за која струја се работи.