Македонски форум за електроника
Останато => Сè останато => Topic started by: VladoJ on 11.07.2013, Thursday, 15:58:08
-
Здраво,
Јас сум нов на форумов, и веднаш барам помош :)
Сепак, пребарав во веќе поставените прашања за да не повторувам, но не најдов слично.
Дали некој може да ме упати каде да најдам reliable продавница за електронски компоненти (интегралци, диоди, кондензатори...) освен Логинг Електроникс? Секогаш тие ми се прв избор, ама ако нема таму (а често нема тоа што го барам) ми останува само e-bay.
Порано имаше голем избор, ама изгледа интернетов ги затвори сите (Ваце, МТВ, БТ Електроникс)?!
Често имам потреба од некој тип на интегралец (да речеме), но ми требаат 1-2 најмогу, некако ми е нонсенс да правам нарачка од интернет за едно делче и да ја чекам, а ми е потребна итно.
Се надевам дека имате да споделите со мене некое локално решение.
Однапред благодарен,
Владо
-
Епа не си ги прегледал сите теми, имаше една тема посебно за продавниците во скопје..
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=483.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=483.0)
-
Не успеав да ја најдам. Значи не сум барал доволно добро.
Сепак фала за линкот, ја разгледав и ми помогна.
Доколку ископам нешто ново, ќе допринесам и јас ;)
поздрав...
-
Владо, логинг е аптека...според мене е најдобро снабдена продавнца во Македонија, па искрено мислам дека ако таму не најдеш на друго место незнам :D
во гац види...во Скопје само за нив знам :P
-
Значи има делови кои ги нема ама баш никаде во државава.
Ај некој ако знае каде може да се купат следниве компоненти:
- Tример кондензатори 5-65pF (60pF) ЖОЛТИ
- Tример кондензатори 22pF ЗЕЛЕНИ
- Варикап диода BB809
- Транзистори BF494
- Кристал 3.2 MHz
И еден куп други делови...
-
Значи има делови кои ги нема ама баш никаде во државава.
Ај некој ако знае каде може да се купат следниве компоненти:
- Tример кондензатори 5-65pF (60pF) ЖОЛТИ
- Tример кондензатори 22pF ЗЕЛЕНИ
- Варикап диода BB809
- Транзистори BF494
- Кристал 3.2 MHz
И еден куп други делови...
Само на eBay. Јас најискрено во последно време се нарачувам од интернет. Не ми се исплаќа да одам до Алфа во БТ што ми е најблиска продавница за електронски компоненти. Во многу случаи на интернет деловите се поевтини особено ако ги порачаш во поголема количина.
-
Само на eBay. Јас најискрено во последно време се нарачувам од интернет. Не ми се исплаќа да одам до Алфа во БТ што ми е најблиска продавница за електронски компоненти. Во многу случаи на интернет деловите се поевтини особено ако ги порачаш во поголема количина.
Многу се скапи на ebay, како за пример таков тример во Битола беше 30 денари а на ebay е 4 долари.. нај евтино најдов 1,5 долари што е 70 денари по тример. Мене ми треба најмалце 8 парчиња па ке треба да платам 560 денари само за нив плус поштарина/царина/данок или што ли се плаќа не знам.
-
Мене вчера пратка ми стигна од ebay и тоа стигна за само 6 дена многу сум задоволен. 10 тримери од 60pF за 250 денари, а во алфа еден е 40 денари и тоа најголемиот е 40pF со поголеми не се снабдуваат повеќе, ако ги порачате овие нема да згрешите
http://www.ebay.com/itm/6mm-10-60pf-Ceramic-Trimmer-Capacitor-10pcs-/260492653803?pt=LH_DefaultDomain_0&hash=item3ca69274eb
-
Муабетот за набавка од интернет не е за тука, тука членот си побара тоа што му треба, и тука дискусијата требаше да заврши, си има посебна тема за набавка од интернет