Македонски форум за електроника

Останато => Мерна опрема => Topic started by: Devil on 17.04.2010, Saturday, 21:47:51

Title: Испитувач на NPN и PNP транзистори
Post by: Devil on 17.04.2010, Saturday, 21:47:51
Мала проста шема за испитување на исправноста на NPN и PNP транзистори
со познатото коло 555
Добра е за почетници кој не знаат со помош на мерење на отпорноста на краевите од нозете на транзисторите да ја одредат исправноста
шема

(http://pic.mk/thumbs/tranzistor.jpg) (http://pic.mk/?v=tranzistor.jpg)
Title: Одг: Испитувач на NPN и PNP транзистори
Post by: Zdravkovski on 18.04.2010, Sunday, 12:42:49
шемата е добра само една забелешка имам ако не знаат како се испитува делот како ќе знаат да ја направат шемава затоа мислам дека е во ред да се постави шемата ама е подобро да им објасниш на тие што не знаат како треба да се испита дали е исправен делот .

p.s забелешката е добронамерна  ;)
Title: Одг: Испитувач на NPN и PNP транзистори
Post by: Devil on 18.04.2010, Sunday, 13:07:52
не те разбрав баш најдобро како нема да знаат да ја направат ?
нема што тука
тие само треба да знаат од кој тип е транзисторот и да го ставатт на соодветните места за PNP и NPN
склопот работи на тој начин што колото 555 е осцилатор и во зависно на кое место ќе се вметни транзисторот ако е од тој тип и ако е исправен ќе проведи а со тоа ќе засвети и лед диодата.
за тоа како со ом метар се испитуваат тоа е друго
ова е баш за почетници кој нема да можат да се снајдат така со овај тип полесно им е
нема што тука толку тешко па да не знаат  :)
Title: Одг: Испитувач на NPN и PNP транзистори
Post by: Zdravkovski on 18.04.2010, Sunday, 13:53:02
знам како работи имаме направено таков на работа ама мислев да објасниш како се испитува со инструмент
Title: Одг: Испитувач на NPN и PNP транзистори
Post by: Devil on 18.04.2010, Sunday, 18:37:46
Нова „подобрена“ верзија на испитувачот
подобрувањето е тоа што користи помалку делови е полесно за испитување има само  едно место каде што се приклучува транзисторот за разлика од претходната

(http://pic.mk/images/transistor.jpg)
Title: Одг: Испитувач на NPN и PNP транзистори
Post by: SaleSk on 18.04.2010, Sunday, 18:57:15
шемата е добра само една забелешка имам ако не знаат како се испитува делот како ќе знаат да ја направат шемава затоа мислам дека е во ред да се постави шемата ама е подобро да им објасниш на тие што не знаат како треба да се испита дали е исправен делот .

p.s забелешката е добронамерна  ;)

 ;D ;D
 Јас те разбрав...Забелешката ти е на место и нормално дека е добронамерна...
Претпоставувам дека овој склоп е наменет за брза проверка на транзисторот и под напон? Многу често се случува омски на инструмент да покаже исправен а да зеза под напон...Не е лоша идејава, + може да се направи варијанта и за смд транзистори...Само не ми е јасен оној дел од колото каде што левиот дел од колото е поврзан само со еден вод  ???  :o
Title: Одг: Испитувач на NPN и PNP транзистори
Post by: Devil on 18.04.2010, Sunday, 19:00:53
кој е тој дел де заокружи го или дај опиши поубаво да видиме
Title: Одг: Испитувач на NPN и PNP транзистори
Post by: SaleSk on 19.04.2010, Monday, 01:08:48
Е овој заокружениов дел ми нема смисла.  ???

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=1096.0;attach=404)
Title: Одг: Испитувач на NPN и PNP транзистори
Post by: BorceBT on 19.04.2010, Monday, 01:10:40
Има смисла, сите NAND порти се всушност во 1 коло (CD4011) кое се напојува на пин 7(-) и пин 14(+). Мислам сега е јасно.
Title: Одг: Испитувач на NPN и PNP транзистори
Post by: SaleSk on 19.04.2010, Monday, 01:13:30
Готово...Од како го видов бројчињата, ми се разјасни се...тоа е тоа...