Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: ZuTi on 17.04.2010, Saturday, 20:08:42
-
Иам голем проблем, најдов дома се врткал еден Линксус Свич и никако немозев да го најдам адаптерот, а бара 3.3Волти еднонасочен напон на 3ампера, случајно да не ви се наоѓа некој таков адаптер? или од каде да купам да не знаете :):) Позз
-
а да си направиш сам ?
доколку си заинтересиран може да дизајнираме нешто просто
-
Мислам низ форумот имаше некоја шема за сличен проблем, го намалувавме напонот со сериски 3 амперски диоди.
-
Pa moze ako imate nekoja semicka zasto da ne :) da ne treba da se mota neso? :)
-
А може да се искористи 3.3V-ниот извод од некое старо напојување за PC, тоа може комотно да даде 3A струја, па и повеќе ;).
-
Да, и тоа може и ќе работи добро.
-
Правев нешто муабет со колеги вчера и некој од нив спомна дека му требал 3.3V адаптер со интегриран стаблизатор, и направил, го прашав со кој интегриран стабилизатор го направил, ми рече дека го искористил следниов:
BA033SFP
Као демек, го имало кај нас да се купи, кога го прашав каде, ми рече скоро секаде, каде е тоа секаде *shrug*. Единствена негативна собина е тоа дека може да даде излезна струја до 0.5A, што во конкретниов случај е малку :S.
Како и да е, не е лошо да се знае чисто и како информација ;).
-
Па како што одговорија претходно можеш да употребиш старо(исправно) ATX напојување од компјутер и да поврзеш една портокалова жица со било која црна и ке добиеш точно 3.3 V.Види слика
(http://www.motherboards.org/images/articles/guides/20-pin.jpg)
Само можеби ќе ти претставува проблем габаритноста на напојувањето.