Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: nikola_bb on 18.06.2013, Tuesday, 18:27:00
-
Дечки имам еден проблем. Станува збор за уредов на сликава кој се користи за полнење акумулатори и при тоа има ограничување на струјата на 1А има само исклучување кога е полн и заштита од обратно врзување. Меѓутоа кој и да го изработил ги има избришано ознаките од деловите па ми треба помош дали има шанси да ја најдеме шемата. Благодарам
(http://img811.imageshack.us/img811/6536/wp2m.jpg)
(http://img593.imageshack.us/img593/6380/41nh.jpg)
(http://img706.imageshack.us/img706/6038/agfp.jpg)
-
На плочката нема многу делови, може да нацрташ шема. Кај интегрлното коло запиши ги само броевите, па ќе пробаме да ја најдеме ознаката. Транзисторот во TO3 куќиште не е критичен, треба само да провериш дали е pnp или npn.
-
нема никаква ознака ни на интегралецот се е истругано :-\
-
Гледам дека нема никаква ознака, но има пин број 1, пин број 2, пин број 3 итн. :)
-
Според ова што го гледам ИК е мА723 dil 16 ,транзисторот е PNP .Најдобро е да ја шемираш/нацрташ/ рачно шемата .
-
И мене ми гледа на 723 од око вака...види со даташитот спореди гнд + едно друго дали одговара
-
види дали на пиновите 4 и 5 има ист напон ако има треба да е ЛМ723...