Македонски форум за електроника

Останато => Мерна опрема => Topic started by: batka on 15.06.2013, Saturday, 23:30:05

Title: Наједноставен ЕСР метар со NE555
Post by: batka on 15.06.2013, Saturday, 23:30:05
Ја добив некна шемата и денес ја пробав онака * на ветер*,ама излезе * дека има нешто* и гледам дека функционира.Напомена - како инструмент ставив 250 микро ампера,двете диоди се германиумски ,некои АА... а,оној сериски отпорник 820 оми го заменив со 2К тример и со него го штелував инструментот.Немам време многу да пишувам,шемата е едноставна.Не знам како ке реагира на промената на напојувањето ( кога батеријата ке ослабе) ,ама и тоа може да се реши.Еве ја шемата и пробајте.Изводите за пипалките не подолги од 20 см и  кондензаторите 22 нФ стирофлекс ,јас имав 125V.

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=10918.0;attach=10220)
Title: Одг: Наједноставен ЕСР метар со NE555
Post by: GigaWatt on 16.06.2013, Sunday, 08:01:17
Исто така, уште една напомена, максималниот работен напон на електролитските кондензатори да биде поголем од напонот на напојување на колото... кратко кажано, електролитски кондензатори со максимален работен напон помал од 6.3V (како што има на матичните плочи) не треба да се испитуваат со овој ESR метар. Ако сакате и кондензатори со помал максимален работен напон да испитувате, ќе морате да поставите и една зенер диода паралелно на Cx со зенеров напон на пробив помал од максималниот работен напон на кондензаторот кој го испитувате.
Title: Одг: Наједноставен ЕСР метар со NE555
Post by: batka on 16.06.2013, Sunday, 10:13:29
Добро,не пишав и други работи,со оглед дека веке имаше повеке теми за ЕСР метри и поголем дел од овие *цаки* се веке дискутирани.Значи,ако некој сака да го проба овој модел,остануваат сите досегашни постови околу подесување,работата на ЕСР метрите  да се прочитаат и знаат.