Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: MKD-Boy on 22.05.2013, Wednesday, 14:54:29

Title: Помош-информации!
Post by: MKD-Boy on 22.05.2013, Wednesday, 14:54:29
Здраво,
Ми треба информации, можеби прашањево не е за овај форум, но знам дека има овде нај возрасни во форумов, и дека стварно можат да ми помогнат!

Вака сега, планирам да реновирам дома нешто, ги ископав ѕидовите(малтарот го извадов) сега му се мислам, дали да ставам кнауф или стиропор!
Јас повеќе сум за стиропор, ем полесен за местење е, ем помалце пари мислам дека ќе фати.

Дали некој ги знае цените на стиропорот(потанкиот стиропор) цена на белиот и цена на црвениот стиропор, цената на мрежата што се става на стиропорот и глет масата за глетовање.

Ви благодарам.
Title: Одг: Помош-информации!
Post by: Bojan on 22.05.2013, Wednesday, 15:32:56
аааах...што е кнауф?? гипс картон?
Title: Одг: Помош-информации!
Post by: MKD-Boy on 22.05.2013, Wednesday, 15:34:44
аааах...што е кнауф?? гипс картон?
Гипс картони-кнауф.
Title: Одг: Помош-информации!
Post by: Bojan on 22.05.2013, Wednesday, 15:43:44
ако имаш изолација од надворешната страна не ти треба, а и (како што знам) да ставиш стиропор пак ке треба да ставаш пак гипс (пробај закачи слика некоја на стиропор)
Title: Одг: Помош-информации!
Post by: MKD-Boy on 22.05.2013, Wednesday, 16:02:49
ако имаш изолација од надворешната страна не ти треба, а и (како што знам) да ставиш стиропор пак ке треба да ставаш пак гипс (пробај закачи слика некоја на стиропор)
Шо ке ти е слика во кујна?!
По практика повеќе го користат стиропорот како изолација, но има еден црвен стиропор и е многу тврд по тврд од белиот, тој го ставаат повеќето на ѕидови.
Title: Одг: Помош-информации!
Post by: Hahahaha on 22.05.2013, Wednesday, 16:41:03
ако имаш изолација од надворешната страна не ти треба, а и (како што знам) да ставиш стиропор пак ке треба да ставаш пак гипс (пробај закачи слика некоја на стиропор)
Шо ке ти е слика во кујна?!
По практика повеќе го користат стиропорот како изолација, но има еден црвен стиропор и е многу тврд по тврд од белиот, тој го ставаат повеќето на ѕидови.

Да има еден розев, тој етврдо пресуван стиропор, не знам која му бесе цената, ама јас имам ставено на земја во работилница кај мене и врз него имам ставено ламинат, гајле нема, многу е тврд, ама сепак мислам дека подобро е да ставиш кнауф, зашто поправи ѕидови ќе добиеш така, а за цена исто му доаѓа, кога ќе удриш лепак, мреша, страфови за стегање исто ќе му дојде.
Title: Одг: Помош-информации!
Post by: Bojan on 22.05.2013, Wednesday, 16:59:17
обично по домови се става изолација од надвор, за кога ке се загрее собата и ѕидовите се греат и одкако ке се исклучи греењето акумулираната енергија во ѕидовите да ја греат собата, по викендици кај што е потребно побрзо да се загрее собата се става изолација од внатре и просторијата побрзо се загрева, ама кога ке се исклучи греењето собата брзо се лади. така да ако имаш изолација од надвор не би ти требало изолација и од внатре да ставаш.
Title: Одг: Помош-информации!
Post by: Toma on 22.05.2013, Wednesday, 17:03:56
ако имаш изолација од надворешната страна не ти треба, а и (како што знам) да ставиш стиропор пак ке треба да ставаш пак гипс (пробај закачи слика некоја на стиропор)
Шо ке ти е слика во кујна?!
По практика повеќе го користат стиропорот како изолација, но има еден црвен стиропор и е многу тврд по тврд од белиот, тој го ставаат повеќето на ѕидови.

Да има еден розев, тој етврдо пресуван стиропор, не знам која му бесе цената, ама јас имам ставено на земја во работилница кај мене и врз него имам ставено ламинат, гајле нема, многу е тврд, ама сепак мислам дека подобро е да ставиш кнауф, зашто поправи ѕидови ќе добиеш така, а за цена исто му доаѓа, кога ќе удриш лепак, мреша, страфови за стегање исто ќе му дојде.

Малку off-topic
Како ви изгледа постот со користиње на “Цитирано“ наместо да се користи “ОДГОВОР“
Title: Одг: Помош-информации!
Post by: MKD-Boy on 22.05.2013, Wednesday, 17:08:40
Не ми е баш за изолацијата, имам однадвор изолација, но финтава е што ми треба побрзо да завршам работа, а најбрзо испаѓа со стиропорот. Немаш шини-летви, немаш штрафови и побрзо оди редењето.
Дава скоро исти резултати како и кнауфот-гипс картон, само што кнауфот е малце потврд.

А не може некој да се сети на цената?!
Title: Одг: Помош-информации!
Post by: Zan on 22.05.2013, Wednesday, 17:34:08
Малку off-topic
Како ви изгледа постот со користиње на “Цитирано“ наместо да се користи “ОДГОВОР“

Па многу е потешко за читање  ;D На некои странски форуми е забрането да се цитира претходниот пост и да се повторуваат цитатите еден во друг, повеќе пати, а дозволено е да се цитира само она на кое што се однесува одговорот, како во овој случај со мојава порака.
Title: Одг: Помош-информации!
Post by: LordZi on 22.05.2013, Wednesday, 17:44:08
Како што пиша Zan, непрегледно е да се наведуваат неколку цитати во една порака, а инаку кога одговараш на последниот пост нема потреба да го цитираш, само кога даваш одговор на некој претходен пост.
Title: Одг: Помош-информации!
Post by: Devil on 22.05.2013, Wednesday, 19:59:28
абрип, лепило, мрежи, па после од оние зафркнатите штрафови за стиропол па повторно глетовање поскапо фаќа одошто да купиш гипс-картон, да го заштрафиш (со тоа што 1000 кнауф штрафови коштаат помалку од 500 денари) и да го изглетоваш, а слокот не мора ни многу дебел да виде, колку да не се познава спојот, друго сега гледам му додаваат пигмен на одредена боја во глет масата, по што не ни мора да се фарба подоцна :D
Title: Одг: Помош-информации!
Post by: MKD-Boy on 22.05.2013, Wednesday, 20:13:50
абрип, лепило, мрежи, па после од оние зафркнатите штрафови за стиропол па повторно глетовање поскапо фаќа одошто да купиш гипс-картон, да го заштрафиш (со тоа што 1000 кнауф штрафови коштаат помалку од 500 денари) и да го изглетоваш, а слокот не мора ни многу дебел да виде, колку да не се познава спојот, друго сега гледам му додаваат пигмен на одредена боја во глет масата, по што не ни мора да се фарба подоцна :D
За сите опции цените се приближно исти.
Нај ефтино те фаќа стиропор, по мое
Гипс картони-кнауф
Ламперија
Малтерисување.


Кнауф vs Стиропор

Кнауф, треба летви-шини
Стиропор- не треба летви-шини

Кнауф, треба мрежа
Стиропор, треба мрежа

Кнауф, треба штрафови( ем за да ги фатиш шините со типли во ѕид од камења, сум го пробал тоа не одеше, имав купено кнауф, го продадов и ми остана така собата)
Стиропор, го лепиш со некое си лепило и му ставаш од тие типлите.

Кнауф, треба глетовање
Стиропор, треба глетовање.
Title: Одг: Помош-информации!
Post by: Toma on 22.05.2013, Wednesday, 22:33:52
Како што пиша Zan, непрегледно е да се наведуваат неколку цитати во една порака, а инаку кога одговараш на последниот пост нема потреба да го цитираш, само кога даваш одговор на некој претходен пост.

Пак еден досаден off-topic !
MKD-Boy (а и други) ДАЛИ ГИ ЧИТАШ СИТЕ ПОСТОВИ ИЛИ СИ ТЕРАШ КАКО ТИ Е “КЕЈФОТ“
Title: Одг: Помош-информации!
Post by: batka on 22.05.2013, Wednesday, 22:59:32
Абре луге ова е Форум за електроника.Доста со вакви теми,ова може на чет да си го пишувате или со пп да се договарате.Овде зидарски ли проблеми ке решаваме??
Title: Одг: Помош-информации!
Post by: GigaWatt on 22.05.2013, Wednesday, 23:31:11
Темата е во општа дискусија (се што е надвор од електрониката), така да, нема проблем. Сепак, гледајте да се придржувате кон она што го пиша Toma. Нема правило против „многукратно цитирање“, но навистина, не изгледа уредно. Ако не повеќе, барем извадете ги „цитатите во цитати“.
Title: Одг: Помош-информации!
Post by: MKD-Boy on 23.05.2013, Thursday, 01:33:15
Во ред тоа, али јас опцијата за цитирање ја користам кога сакам конкретно да му одговорам на некој или да го прашам некој, било да е последен пост било да е постот во средина, иначе пак ке го пофторам тоа што го пишав на почетокот, овде знам дека има сериозни и возрасни особи и затоа прашав, можеби на помлади дечки му е глупаво бидејќи не е поврзано со електроника и не ѓи интересиа во врска со тоа односно во врска со темава. :)

Благодарам на разбирањето! :D
Title: Одг: Помош-информации!
Post by: GigaWatt on 23.05.2013, Thursday, 05:37:05
Во секој случај, ако веќе одговараш на конкретно на некој, гледај да нема цитати во цитатот ;) ;D (само еден цитат да има а не "a quote in a quote" ;)).



Продолжете си со дискусијата ;).
Title: Одг: Помош-информации!
Post by: MKD-Boy on 23.05.2013, Thursday, 16:36:42
Тапа ме напраја, малтер не чинело, кнауф не чинело, стиропор не чинело, фуга камен не чинело.... ШО ЧИНИ!?
Мислам дека годинава така ке ми остани собата >:(
Title: Одг: Помош-информации!
Post by: Toma on 23.05.2013, Thursday, 16:53:48
Напиши на Гугл - внатрешна термо изолација - и читај
Title: Одг: Помош-информации!
Post by: batka on 23.05.2013, Thursday, 17:21:20
Па земи даски и ковај! 8)
Title: Одг: Помош-информации!
Post by: MKD-Boy on 23.05.2013, Thursday, 19:06:05
Ке малтарам!
Ај сеа да ми кажи цени некој ако знај за цефки, одвод-довод

Ке ми требаат 8 метри цефка за довод-од тие белите пластичните- цена?!
И ке ми треба 6-7 метри одвод од нај тесните цевки ф-40 ли беа или потесни.. цена?!
Title: Одг: Помош-информации!
Post by: GigaWatt on 23.05.2013, Thursday, 20:10:42
Напиши на Гугл - внатрешна термо изолација - и читај

И јас истото го имав направено за звучна изолација ;). Само читање ;), без разлика дали е online или не (пожелно е да е online, бидејќи често, ако некој не се разбира од определена проблематика, на некои сајтови може работите да се начекаат „на готово“, односно, прилично упростени, без многу пресметки и теорија ;)), па потоа, нешто во консултација со мајсторите (а ако не сакате, не мора, како сакате ;)), ќе најдете некое решение ;).
Title: Одг: Помош-информации!
Post by: Devil on 23.05.2013, Thursday, 20:56:21
Ке малтарам!
Ај сеа да ми кажи цени некој ако знај за цефки, одвод-довод

Ке ми требаат 8 метри цефка за довод-од тие белите пластичните- цена?!
И ке ми треба 6-7 метри одвод од нај тесните цевки ф-40 ли беа или потесни.. цена?!

какви цевки од оние што се со лепење (со топење) или обични цевки со наставување со спојки
Има едни гријави за со лепење, тие се многу поквалитетни малку се поскапи од другиве, ама квалитетот е на многу повисоко ниво, инаку белите се околу 30 денари метро, Ф50 за одвод е околу 70-80 денари, а Ф100 е околу 150-200 денари, пак зависи од квалитетот и од кај ќе ги набавиш

За малтарење немој да земаш езерска/речна песок од сепарација, мој предлог набави си од кршен камен, пошто сега оваа песоква има многу земја во неа, и покрај сепарирањето се случува да пола од неа биде со поголеми димензии па ќе треба сеење па после ќе се чудиш на вишокот што да му правиш, вар исто така да си набавиш за во малтерот ;), ако бојадисуваш бело многу подобро ќе фати бојата на зидот, инаку ќе треба неколку раце да го поминеш и пак ќе удира на гриаво
Title: Одг: Помош-информации!
Post by: MKD-Boy on 23.05.2013, Thursday, 21:04:41
Да од тие што се со лепење, мислам дека тие се нај убавви, никој не става сега од металните цефки.
Иначе овде во Крушево се 150 денари 4 метра(цела цефка е 4 метра)
А иначе за овие одводниве, нема некој по тесни?! фи40?! бидејќи треба да ѓи наставувам на постоечка цефка али таа е тесна не знам што димензија е, затоа орентационо барам нај тесна цефка.

А за песокта, има една многу ситна песок мислам дека таа ке биде нај добар избор, вар најдов 180 денари 50 килограми.

Е сега не знам ме збуни еден мајстор ми рече, покрај циментото ке требало да се земи уште една вреќа (не знам како се викаше).
Title: Одг: Помош-информации!
Post by: Devil on 23.05.2013, Thursday, 21:10:40
Усјемал се вика таа другата вреќа, незнам зошто цименто само, ако планираш кабел некогаш да местиш во тој ѕид малтарен со цименто рацете ќе ти испаднат од копање, инаку има редуцири за цевката, ако не успееш да најдеш помала димензија, со редуцирче ќе си ја направиш :D
Title: Одг: Помош-информации!
Post by: ki4o01 on 23.05.2013, Thursday, 21:33:20
и не земај црно цименто туку бело има едно, варосвењето ке ти е полесно а и мислам тука се со цените