Македонски форум за електроника
Дигитална електроника => Микроконтролери => Topic started by: Josifosky on 06.05.2013, Monday, 13:56:50
-
Сакам да купам оригинален PIC KIT е сега колку што гледав на страната на Microchip има верзија 2 и 3 и неколку подверзии дали ќе можи да ми кажи некој која е разликата од програматор до програматор ? и дали со 3ката ќе можи да се програмираат пикови кои се компатибилни со 2ка (можеби е глупо да прашам ама сепак да си прашам )
Благодарам :)
-
Ќе се програмираат, со тоа што тројката има можност и за понови верзии, не сум сигурен, немој да ме фаќаш за збор, ама колку што разбрав ќе има некоја нова надградба, ако не се брзаш многу многу почекај малку
Инаку пик китот оригиналниот има помалку можности од 2-та, барем од она што зборуваат на форумиве, види разгледај ги можностите кој ги нудат
Ако ти е само за програмирање, земи си ја 3-та, ако ти треба и за плус некој можности 2-та
-
PICkit 3, барем колку што имам читано по форумиве, се нешто надградби барал на софтверот, за ова за она... така да, сеуште најпрефериран програматор/debugger за PIC-ови е PICkit 2. PICkit 3 поддржува поголема палета на PIC-ови, но најверојатно нема никогаш да ти затреба да програмираш некои од оние кои ги поддржува PICkit 3, а не ги поддржува PICkit 2, бидејќи најголем дел од нив се понови микроконтролери од Microchip (како PIC24 серијата, PIC32 серијата и dsPIC серијата), а и бројот на додатни микроконтролери кои ги поддржува PICkit 3, а не ги поддржува PICkit 2, е прилично мал (еднаш ја имам видено листата, немаше повеќе од 20-тина или 30-тина микроконтролер). Кратко кажано, да, PICkit 3 поддржува повеќе PIC-ови, но веројатноста е мала дека некогаш ќе се сретнеш со некои од овие микроконтролери ;).
-
Во Македонија оригинал има некаде? ако не Македонија Турција има сигурно да не е запознаен каде има..
-
Во македонија нема да најдеш нигде оригинали, во турција незнам, види од големиве фирми за електроника која има претставништво таму би можело да има
-
mikroElektronika ne isporacuvaat? prasaj gi niv po forumite
tablet koristam
Споено мислење: 07.05.2013, Tuesday, 00:38:28
uff, aj sam da se koregiram gi pomesav mikroelektronika i Microchip, docna bilo
-
Не, тие си ги продаваат само сопствените програматори :D, јас користам од нив, не е нешто посебно, едино скапи што се, ама кога човек има мака не гледа многу на парите ;)