Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Монитори и ТВ приемници => Topic started by: BOBO on 20.04.2013, Saturday, 00:36:12

Title: Проблем со високонапонски трансформатор од ТВ
Post by: BOBO on 20.04.2013, Saturday, 00:36:12
Дечки се надевам дека темава е на соодветно место(ако не е корегирајте).Значи се работи за вис.напонски трансф. од телевизор. TV-то си работи како што треба но по некое време помеѓу трансф. и ладилник (кој е на 2 cm одалечен од него) се појавува варничење т.е куќиштето од трафото има пукнатина,а при тоа телевизорот си работи како што треба.Дали има некој спас за истото или ќе мора да се замени со ново?
Title: Одг: Проблем со високонапонски трансформатор од ТВ
Post by: batka on 20.04.2013, Saturday, 22:34:13
Ако е само тоа проблем извади го трафото,истругај ја горената пластика на телото и дупката пополни ја со течна пластика.Едно време ,кога немаше пиштоли со течна пластика топев пластика од пенкала и така  на САН телевизорите ги решававме овие проблеми.Исто така на местото на ладилникот каде удара искрата залепи со обичен неостик парче гума или пластика.Понекогаш  ваквите интервенции траат и со години,а некогаш треба и на неколку месеци да ја повториш постапката. ;D ;D
Title: Одг: Проблем со високонапонски трансформатор од ТВ
Post by: BOBO on 21.04.2013, Sunday, 01:06:41
Па да проблемот е само до тоа.Газдата вика се гледа како светка нешто внатре инаку си работи како што треба.И јас мислев на оваа постапка само сепак си реков да прашам да не има посебен некој лепак.Сепак фала на одговорот. :D
Title: Одг: Проблем со високонапонски трансформатор од ТВ
Post by: ddd on 21.04.2013, Sunday, 13:36:29
Онаа пластика од пиштоли е мека и мислам дека неможе да заврши работа.За пластика од пенкала незнам............Ке го истругаш местото на трафото онаму каде што е пукнато и шприца со каменче на малецка бормашинка,ке го истругаш подлабоко.Потоа ке бараш некој протетичар да ти налие на местото од оној материјал што прават протези,мислам дека тоа е адекватниот материјал за таа работа.Ова успева на едно 80% од случаите,се разбира ако добро си го истругал (исчистил) местото на трафото кое е пукнато.Се струга се додека има пукнатина.Ова се правеше на времето кога трафат и каскадите беа многу скапи и тоа време за оваа услуга се наплаќаше по 600 денари но трафата беа по 1800 денари а каскадите по 1200........Сега имаш трафа по 500 денари и мислам дека не се исплати ова да се прави...........
Title: Одг: Проблем со високонапонски трансформатор од ТВ
Post by: batka on 21.04.2013, Sunday, 16:02:14
Па навистина со СИМГАЛ (заботехничка пластика за протези!) се решаваше тоа,ама немаше тогаш пиштоли за течна пластика.Сега има и двокомпонентен лепак за метал со кој блок на скутер се лепи и чини 350 ден (две туби се).Но ,сум пробал и со течна пластика и било барем кај мене успешно.Само побарај од она пожолтата,мат пластика,не од прозирната.
Title: Одг: Проблем со високонапонски трансформатор од ТВ
Post by: Toma on 21.04.2013, Sunday, 16:07:55
Во принцип во “културните“ земји лепењето на трансформатор е “аматерска“ работа. Професионалец кој држи до себе и својата професија не би требало да се впушта во такви егзибиции (освен со договор со кориснокот на ТВ-от, но и тоа е дискутабилно). Што ако тансформаторот искри кон јадрото - тука нема помош.
Ако корисникот ти е пријател со лепењето можеш да му направиш “мечкина услуга“ , така да на крајот и да го отпише ТВ-от.Со самото искрење можно е оштетување на поскапи делови од тоа колку би чинела замената со нов трансформатор.
Јас сум дециден во ставот дека трансформаторот треба да се менува без никакво лепење.

Ги замолувам членовите да не пишуваат цени на делови од причина што форумот го читаат и крајни корисници, а бидејки тие не се компетентни во сервисирањето можно е да се дојде до несакани односи сервисер-корисник.
Title: Одг: Проблем со високонапонски трансформатор од ТВ
Post by: batka on 21.04.2013, Sunday, 16:16:20
Е,за тоа си во право,најдобро е нов трафо,ама за одредено време ( ми се случувало и две три години така да оди) ке користи.Само,нека си го праша газдата дали сака така да се поправа или да се менува ново трафо,така е коректно.
Title: Одг: Проблем со високонапонски трансформатор од ТВ
Post by: SaleSk on 30.04.2013, Tuesday, 21:48:21
Ги замолувам членовите да не пишуваат цени на делови од причина што форумот го читаат и крајни корисници, а бидејки тие не се компетентни во сервисирањето можно е да се дојде до несакани односи сервисер-корисник.

Нека читаат...Јас радо таквите муштерии ги препраќам во дуќан да си го купат и да си го заменат делот...
Воедно такви муштерии и не ми ни требаат...
Ако се толку умни за осигурач кој чини 2 денари и кондензатор 5 денари, вкупно 7, наплаќам 800 денари...Односно 793 денари повеќе од чинењето на делот...
Ако знаел сам да си го поправи, нека си го поправал, а ако не знае, нека плати...
Фала лепо, молим лепо.
Title: Одг: Проблем со високонапонски трансформатор од ТВ
Post by: batka on 30.04.2013, Tuesday, 22:44:22
Се слагам Сале со тебе! Кај мене пред сервисниот дел стои натпис: * Ако знаеш што му е на компјутерот и знаеш сам да си го направиш ,не го носи тука!*.Се случувало да гаси компјутерот зашто има два  подуени електролити  или е заглавен БИОС-от,па за 15 минути го решаваме проблемот - менуваме 2 електролити или го ресетираме БИОСОТ.За првата интервенција земаме 600 ден,за втората 300 ден. На муштеријата му кажувам што сум дијагностицирал и што сум направил ( дури и кондензаторите му ги давам!),но сите поштено си плаќаат! Ако некој запрашува многу или филозофира го замолувам да го носи на друго место.Најтешко е да им докажеш  дека дијагностицирањето на грешката може да трае 1-2-3 дена ,а при тоа делот или компјутерот неколку пати мине тестови:Исто е и со вадењето(спасувањето податоци) кои некогаш се 30-80 Гб,па ми требат скоро два дена само да ги извадам и пак да ги вратам назад на дискот. Во последно време најдобро поминуваме или читај- се опаруваме од *маалски надри мајстори* кои знаат да го дотепаат до крај РС-то.Тогаш се менува хард,матична или графичка,а сопственикот доживотно се кае и учи каде да го носи  на сервис компјутерот.Значи,дијагностицирањето е посебна категорија која се наплатува + цена на чинење на деловите + работната рака.За добар мајстор нема зима,ако поштено си ја работи работата.
Title: Одг: Проблем со високонапонски трансформатор од ТВ
Post by: Bojan on 30.04.2013, Tuesday, 23:27:51
ти не го наплаќаш делот, или тоа што си му го сменил, ти го наплаќаш времето што си го потрошил за да научиш како да откриеш што е дефектот во тој телевизор...
Title: Одг: Проблем со високонапонски трансформатор од ТВ
Post by: GigaWatt on 01.05.2013, Wednesday, 00:22:15
Добро, да се вратиме назад на темата, нека пише BOBO што направил со високонапонскиот трансформатор.
Title: Одг: Проблем со високонапонски трансформатор од ТВ
Post by: Toma on 01.05.2013, Wednesday, 00:23:55
Мојата поента да  не се пишуваат цени на поправки не е да се заштитам себе си туку да ја штитам сервисерската фела од некоректни “колеги и корисници“ кон коректните колеги ! Инаку секој сам ја одредува цената на својата работа која во суштина е вредноста на трудот претворена во “валута“ ! А што се однесува за тоа дали некој ќе го прифати “апелот“ да не се пишуваат цени на услуги и делови ;D мене ми е ама баш сеедно. Никој од форумов не ми е конкуренција , ниту пак јас некому сум му конкуренција, така да не настојувам туку замолувам, а кој како сака така нека прави мене од џебот нема ништо да ми извади ;D . Секој во својот сервис си е свој “газда“ и тој најдобро знае како да се однесува со корисниците на неговата услуга и како треба да го валоризира својот труд !
Toma не се плаши од лојална конкуренција и од нелојална и навидум дампинг цени, затоа нека внимаваат оние кои се на почеток од своите “кариери“ како сервисери. Со среќа... 8)
Title: Одг: Проблем со високонапонски трансформатор од ТВ
Post by: batka on 01.05.2013, Wednesday, 00:48:55
За разлика од цените на услугите ,ние во другите градови сме  под скопскиот просек,така е и  мора да биде,ама што е тука е . Не сваќај го ова Тома како нелојална конкуренција (не сме иста бранша) ,ама нема ништо лошо ако се кажат проблемите и се дознае некоја добра работа во  врска со муштериите .Не сум за тоа да криеме од муштериите колку чини делот- впрочем ,веке се знаат горе-долу цените на деловите во МК ,а цената на услугата ( работната рака) зависи во кој дел од МК се наоѓаш! Значи,најчовечки е да си кажеш колку ке го чини поправката,а ако е муштерија ке се нафати,пред се ке ти остане и понатаму муштерија,ако го задоволи квалитетот, брзината и секако цената на услугата.
Title: Одг: Проблем со високонапонски трансформатор од ТВ
Post by: Bojan on 01.05.2013, Wednesday, 01:22:13
затоа се вика задоволен муштерија најдобра реклама е..
Title: Одг: Проблем со високонапонски трансформатор од ТВ
Post by: Toma on 01.05.2013, Wednesday, 01:40:19
Еве нека е последно.
Можеме да пишуваме се и сешто за менталитетот и на сервисерите и на корисниците (и на трговци и на научници итн. итн...) ама цените и на услугите и на деловите нека си останат за чаршиски лаф-муабет (или на ПП), а најдобро  меѓу сервисерот и корисникот на взаемно задоволство!
Очигледно не се разбираме доволно и затоа подобро да ја прекинеме таквата полемика.
Title: Одг: Проблем со високонапонски трансформатор од ТВ
Post by: BOBO on 01.05.2013, Wednesday, 01:44:43
Се извинувам малку покасно што се надоврзувам.Нормално во согласност со муштеријата трафото го лепев.И јас несакав такви цигански работи,но на човекот не му се даваа пари за нов.Како што и рековте претходно направив жлеб на пукнатината и нанесов течен алуминиум (двокомпонентен  лепак во шприцеви,марка Bizon).После интервенцијата го оставив TV-то да работи скоро цел ден и се си беше во најдобар ред.Да напоменам дека овој лепак навистина ми се допадна,одлично се сврза со материјалот на трафото и неверувам дека ќе попушти барем подолг период.
Title: Одг: Проблем со високонапонски трансформатор од ТВ
Post by: batka on 01.05.2013, Wednesday, 18:13:54
Е,тоа е добро завршена работа - ем муштеријата задоволен ,ем работата завршена.Има многу цаки кои мајсторите не ги кажуваат (дури и љубоморно ги кријат).Има муштерии кои сакаат пред нив да го работиш кварот,ама се слагам дека така не треба да се работи.Кај мене е пракса компјутерот да се остави,а кога е готово јас му се јавувам на муштеријата.Тоа функционира,а ако во меѓувреме се случи нешто непредвидено,прво се консултирам со муштериите,па потоа го отклонувам кварот.Кај нас најголем проблем е кога муштеријата ненамерно(или намерно) го носи компјутерот запреинсталација например,а е дооден хардот или напојувањето,матичната.Затоа најчесто пред муштеријата го вклучувам компјутерот ,гопроверувам дали ке запали,дали е за преинсталација и сл.,а потоа на мира си го правам.