Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: MARK123 on 17.04.2013, Wednesday, 19:51:51
-
Имам трафо со симетрично напојување ,односно 2 x 6v најизменична,по 1,5А за секој извод.
Сакам да го користам за полнач на акумулатори од 6v (овие малите од 7А).
Бидејќи сакам да полнам два истовремено поврзав два греца на едниот извод и на другиот .
Мерено со инструмент добивам 15v ???? :)
Aко го приклучам на акумулаторот си полни со 6,6v.. и се качува до 7,1v и струја 300mA ,не го почекав да видам дали уште ќе се качува напонот.
Дајте ми некоја шема на поврзување ,и дали може да се поврзат двата излези со еден грец да се добие на излез 3А па да полнам два преку еден излез...
Поздрав !
-
Не може како што ти сакаш.
-
Па добро,нека даде некој предлог нешто !?
-
Најди трафо со два посебни изводи 9-12V 3А и направи два посебни исправувачи со грец,ограничување на струја и евентуално електроника за стабилизација.Може да бидат и два посебни трансформатори,а електрониката најлесно ке ја направиш со LM338 до 5А струја.Ако сакаш шеми ке ти дадам.
-
Мерено со инструмент добивам 15v ???? :)
Како го мериш напонот? На еднонасочно подрачје на унимерот? Имаш ставено кондензатор за пеглање по грецот?