Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Звучници => Topic started by: batka on 08.02.2013, Friday, 01:00:59
-
Нема да пишувам за хорни,лавиринти или како се не ги викаат овие типови на звучни кутии,само ке ставам нацрти според кои ке можете да видите конструкции од безмалку цел свет.Значи да видите,да ги споделам со вас кој е заинтересиран,што и како тоа го работат другите во светот.Ставајте по некој коментар!
-
би можело по овој тертип да се направи кутија за 8 мица?
-
Па следи ги постовите ке има нешто и за 8-мици 8)
-
секако ги слеам, само ретко се користат 8-ци за бас, да не бида безнадежен :)
-
батка со овие имаш искуство? шо звук вадет?.....иначе ептен се сложени за изработка :D
-
Хорните се навистина сложени за изработка навистина.Ова што го ставам само е за да се видат конструкциите кои се прават низ светот.За да се направат( пресметаат) хорните треба прилично знаење,ама прво треба да се најдат добри басови.Со осмици имам само една конструкција,ама и осмиците треба да бидат солидни басови,а не некои Симсоник или слични *тарабуки*.Со нив не се прави хорна.Димензиите се големи па повеке конструктори ( а и музичари) ги избегнуваат.За затворени простори не се згодни.Еве ја најдов ова кутија со осмици.
-
А имаш некоја предвидена за со 1 звучник? Фала
-
Нема со една осмица,не сум видел,а и ова е реткост и со две ;D
-
А на пример од овие 12 ки или 15ка да се намалат пропорционално димензииве... ? или оваа да ја скрата, секако изглда симетрична...
-
Не е препорачливо.