Има и за големите, не се секирај
, само ќе треба сам да си ја довршуваш работата
... пошто штедат нели
. Пример е машината за перење на еден пријател
. Кога ги вадиш алиштата од машина, полни се прашок и треба сам да си ги домиваш
.
Е сега, рака на срце, стварно пере со многу малку вода и малку време пере, па ваљда и помалку струја троши
... кој знае, никој не мерел
. Ама па и никаде во упатството не пишува дека ќе треба да дотрошиш потоа ти на рака топла вода (значи и струја и вода
) и дека можеби и поскапо ти се фаќа
... а да не зборуваме за времето, имам машина, ама јас морам да и ја довршувам работата
. Е*ате машината
. Ама тоа е, битно штеди
. И најверојатно штеди... ама само додека она работи
. Не се рачуна во тоа домивањето на алиштата
.
Чоекот пробал да ја врати, нова, под гаранција, им кажал на сервисерите, дечки, нешто не е во ред со машинава, ми ги остава алиштата недопрани. Му се јавуваат по една недела (ваљда тогаш фатиле да ја прават) и му викаат дека машината си работи, се е во ред со неа. Он прашал, добро, ако се е во ред со неа, зошто недопрани ми се алиштата, му рекле, па штеди струја, green е, таков е софтверот во машината (ајдеееее
) и според дефиниција, машинава не е расипана, така да, дојдете да си ја земете. Пробал уште да се разубедува, му рекле, сте си купиле green машина за перење, повеќето се вакви, така да, тоа е тоа, машината е исправна, дојдете да си ја земете
.
Ах, стари добри Gorenje... каде сте. На некој отпад ваљда
. Никој не мислеше дека некој ден ќе дојде време кога старото ќе биде подобро од новото, ама тоа е
.
Мој совет, држете си се до тоа што го имате и како од огин бегајте од green уреди
.