Кондензаторите се ставаат за пеглање на напонот за да не треперат (жмурат) сијалиците. Отпорникот од 1MOhm се користи за брзо празнење на кондензаторите (за да може по 2, 3, 4 секунди откако ја изгасиш сијалицата, да можеш да ги фаќаш деловите од колото без опасност од струен удар). За жал, истовремено константно (додека е пуштена сијалицата) троши и струја, така да, ако не планираш да менуваш сијалици често или да преправаш нешто во колото, може а го изоставиш
. Сијалицата, сама по себе би требала да биде доволен товар за празнење на кондензаторите
.
Трепкањето ти се јавило бидејќи ги нема кондензаторите. Бројот на полупериоди е прополовен (од 100, сега се 50), а и бидејќи за време на негативните (или позитивните, зависи за која сијалица станува збор) полупериоди, на краевите од сијалицата всушност и нема напон, па влакното се лади :S. Не би ти препорачал вака да го тераш колото. Се намалува животниот век на сијалицата, а и за очите е непријатно :S.
Напонот ти бил преполовен бидејќи волтметарот отчитувал само една полупериода. Не знам со каков инструмент си мерел, но очигледно бил добар. Повеќето инструменти нема да јават напон од 110V бидејќи при мерење на AC сигнал, најчесто не можат да мерат ништо друго освен чиста синусоида. Браво, твојот всушност ја исчитал правилната ефективна вредност на напонот, односно 110V
.
Само не ми е јасно како по монтажата на кондензаторот напонот рипнал на 300 и кусур волти
. Според пресметки, 110*1.41=155V, а не 300V.
Добро е што си ставил кондензатори со поголема вредност. Всушност, колку се поголеми кондензаторите, толку подобро
(да не се претерува, се разбира
). За оваа намена, одлични би биле кондензатори од switching напојувања од телевизори или PC-иња
(претпоставувам дека и оние кои си ги ставил, од таму ти биле извадени
).
Само сметај дека при напон од 110V~, односно 155V-, сијалицата ќе повлекува дупло повеќе струја со цел да компензира за понискиот напон, односно за да си ја задржи декларираната моќност
. Бидејќи, во принцип, нашите сијалици не се наменети за работа на напон од 110V, се разбира, ова не е целосно точно и струјата нема да биде дупло појака (грубо и со нагаѓање, би требало да биде околу 1.5 пати поголема), што значи дека сепак нема да се постигне максималната моќност на сијалицата, туку би требало да биде за околу 25% пониска (на пример, од сијалица со моќност од 100W, би требало да се добијат околу 75W).
Баш ме интересира дали со понизок напон ќе се палат како што треба и CFL сијалици и неонки со електронско палење
. Ако си во можност, пробај, баш ме интересира
.
EDIT: Ми стана јасно зошто напонот рипнал на 300 и кусур волти
. Пак ја погледнав шемата
. Јасно ми е
. Да, баш така треба да биде, треба да рипне на 300 и кусур волти
. Сепак, во моментот на палење на сијалицата, кондензаторот повлекува значителна јачина на струја низ диодата, така да, пожелно е да се постават и малку појаки диоди (2A-ски или можеби малку појаки). 1N4007 или било кои други троми диоди со максимална јачина од 1A, може да издржат вакви peak-ови, но, што знам, јас лично, не би ризикувал
.
А да, и уште едно прашање
. Дали се јавува задоцнување во палењето и гасењето на сијалицата по поставувањето на кондензаторите, и ако се јавува, дали е големо и забележливо или не
?