Author Topic: Општи прашања поврзани со аналогната електроника  (Read 335447 times)

Offline ddd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 276
  • Gender: Male
Обично таму има поголем број електролити во паралела.Пример ако има 10 електролита по 680 микрофаради ти можеш да ставиш три од 2200 микрофаради 25 волти.Не би ти препорачал 680 микрофаради да ги замениш со 1000 микрофаради............
Дарко

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Сега конкретно во ситуацијава незнам каква функција вршат елетролитите, доколку се некаква филтрација слободно замени и со повеќе, батка послушај го тој мислам дека доволно добро ги знае :D

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Овие прашања поставувајте ги во оваа тема, немојте во случајни муабети, нека седи таа тема чиста за други прашања
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Погрешно е мислењето кое кружи да не се ставаат поголеми кондензатори,во случајов 680мФ да не се заменуваат со 1000мФ.И дека од матичните плочи електролитите биле поквалитетни итн.Електролитот си има капацитет кој по некое време си опаѓа,па вишокот капацитет оди во прилог на долготрајноста- подолго време ке му треба да се намали.Друго ,ставајте што е можно со поголем работен напон,ама тоа е потешко да се изведе поради димензиите на електролитите.Иначе,квалитетот на електролитите кои ги набавувам е дури подобар од оние пр.на Asrock.... и на некои други да не кудам сега,освен плочите со *solid* кондензатори кои се поквалитетни помалку се подуваат.И едно правило- ако менувате во низа -сменете не три подуени ,туку сите околу влезните мос-фети и нека бидат сите исти по вредност и квалитет.И уште една тајна - ако смените цела низа електролити  или повекето на матичната ,добро би било да го смените и напојувањето.Тоа е некое непишано правило кое допринесува до продолжување на векот на матичната плоча.

Offline ddd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 276
  • Gender: Male
Погрешно е мислењето кое кружи да не се ставаат поголеми кондензатори,во случајов 680мФ да не се заменуваат со 1000мФ.И дека од матичните плочи електролитите биле поквалитетни итн.Електролитот си има капацитет кој по некое време си опаѓа,па вишокот капацитет оди во прилог на долготрајноста- подолго време ке му треба да се намали.Друго ,ставајте што е можно со поголем работен напон,ама тоа е потешко да се изведе поради димензиите на електролитите.Иначе,квалитетот на електролитите кои ги набавувам е дури подобар од оние пр.на Asrock.... и на некои други да не кудам сега,освен плочите со *solid* кондензатори кои се поквалитетни помалку се подуваат.И едно правило- ако менувате во низа -сменете не три подуени ,туку сите околу влезните мос-фети и нека бидат сите исти по вредност и квалитет.И уште една тајна - ако смените цела низа електролити  или повекето на матичната ,добро би било да го смените и напојувањето.Тоа е некое непишано правило кое допринесува до продолжување на векот на матичната плоча.

Јас давам мое мислење од мое лично искуство,дали е според тебе погрешно или не..............Дека треба да се става што поголем работен напон мислам дека не држи место.Јас ставам 1500 микрофаради 10 волти,кое за 3,3 волти работен напон е сосем доволно,би ставил и 6,3 волти но многу се ретки.Каде ги набавуваш тие толку квалитетни електролити???Во Македонија ретки се пратките со квалитетни електролити.Друго,електролитот старее и од стоење(неупотребуван).Дека е голем ризик да се покачи капацитетот го кажувам од искуство бидејки изгорев една плоча така,беа 820 јас ставав 1000 микрофаради...........
Дарко

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Плочата сигурно не си ја изгорел ,бидејки си ставил 1000 место 820 мФ!!! Веројатно бил некој мос фет *начнат* или чипсетот на мала душа.Уште и со старото напојување...Добро е што ставаш 10V место 6,3V ! Затоа и спомнав дека  скоро секогаш прво пробам со ново напојување да ја покренам плочата.Веројатно си приметил дека понекогаш и не стартува плочата од прва,ами треба да почекаш или неколу пати да ја стартуваш,па да тргне.Друго,не менуваме нови електролити за да стојат во компјутерот,ами да работат.Електролити во поголеми количини набавувам во Алфа - Битола и задоволен сум со квалитетот,немам замерки досега.Повеке проблеми имам кога веке некој ја *буричкал* плочата и место 470 мФ пример ставал пример 1500 мФ ! Тогаш ако е напојувањето* тргнато* ,го покачува напонот  на АГП слотовите и кај старите графички се јавуваат дефекти,греење,мрежа....

Offline ddd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 276
  • Gender: Male
Одг: Општи прашања поврзани со аналогната електроника
« Reply #1236 on 14.04.2013, Sunday, 01:07:41 (Edited 14.04.2013, Sunday, 01:11:50) »
Значи не е погрешно мислењето кое кружи???Пишав дека би ставил и 6,3 волти бидејки таму напонот е 3,3 волти и негледам зошто би требало поголеми.И околу тоа дали да се со поголем капацитет од постоечкиот не прочитав некое објаснување...........

Споено мислење: 14.04.2013, Sunday, 01:11:50
И знам зошто ми изгоре плочата,од преголем напон бидејки ставив поголеми електролити............
Дарко

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не ја разбирам теоријата дека ако си ставил 1000 мФ место 820 мФ,си го подигнал толку напонот да ја изгори плочата.?? Тоа не држи и не изгорела плочата поради тоа,сигурно.Не мора да ставиш секаде поголем капацитет,ама дека поголемиот капацитет( 820 спрема 1000 мФ)ги гори плочите не сум чул ,ниту видел досега.И не гледам проблем ако на место каде има 3,3V да не му ставиш 10V ? А,објаснување... ајде објасни ми го ти ова: ми доаѓа дефект-нема слика од графичката,мртва.Ја вадам и на нејзино место ставам друга (иста ,слична не е битно!).Проработува машината! Потоа ја враќам на место старата графичка ,за која веке сите рекоа дека е мртва - и машината си тргна и со неа без проблем.Објаснување??Нема објаснување.Објаснувањето е тоа што во пракса функционира промената на електролитите ( сега,не да ставаме несразмерни или помали вредности!) ако другите елементи се во ред.Ако си мерел,кога електролитите започнуваат да се *дуат* редовно растат напоните на напојувањето на самата МВ.Ако ги смениш електролитите,напојувањето може да остане со покачени вредности ( па и внатре има електролити!) и затоа реков дека треба ( или пожелно е!) со менување на електролитите да се смени и напојувањето.Така ми е посигурно.

Offline ddd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 276
  • Gender: Male
Не ја разбирам теоријата дека ако си ставил 1000 мФ место 820 мФ,си го подигнал толку напонот да ја изгори плочата.?? Тоа не држи и не изгорела плочата поради тоа,сигурно.Не мора да ставиш секаде поголем капацитет,ама дека поголемиот капацитет( 820 спрема 1000 мФ)ги гори плочите не сум чул ,ниту видел досега.И не гледам проблем ако на место каде има 3,3V да не му ставиш 10V ?

10 по 180 микрофаради е 1800 микрофаради што е сосем доволно да се подигне напонот.Ти рече дека препорачуваш што поголем работен напон,не дека е проблем каде има 3,3 волти да се стави 10 волти.Човекот треба да менува електолити што се 4 волти и не би трбало да користи ништо повеке од 6,3 волти..............
Дарко

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Општи прашања поврзани со аналогната електроника
« Reply #1239 on 14.04.2013, Sunday, 14:58:08 (Edited 14.04.2013, Sunday, 16:03:53) »
Мислам дека грешиш  со тоа-подигањето на напонот.Разгледај некоја шема и ке видиш дека обично на еден мос фет идат два електролита ,и така степен по степен.Секој степен е своја  приказна и нема множење на напони  и собирање вредности.Полошо е ако не ги замениш сите елкоси во низот,ама ако се сменат и место 6,3  ставиш 10V нема да има  проблем ,ако другата електроника е во ред.Пробај мери го напонот на плочата (5 и 12V)кога веке имаш подуени кондензатори,а плочата сеуште работи,па ке видиш дека напонот е покачен.Затоа го спомнав она другото-покрај менување на сите електролити да се смени и напојувањето.Електролитите имаат мака од старост,повишен напон од напојувањето и температурата.  

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Некој тип на P канален MOSFET со слични карактеристики на IRFZ44N (овај е N канален, таков имам сега ми треба P канален) ми треба за да изработам H мост за контрола на мотор
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Види тука:

Code: [Select]
http://www.frmtr.com/hobby-elektronik/4432657-irfz44n-ve-irf9540n-mosfet.html

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
батерија од 14,4V (за безжична бормашина) до кој напон треба да се полни??? точно до 14,4V треба да биде???
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
може и нешто над да биде, ако е прилично нова и да е исправен полначот
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ќе поставам едно, можеби малку глупаво прашање ;D. Не знам дали имате забележано, но на кондензаторите во примарниот дел од еднo SMPS напојување (оние што се со 380 или 400V работен напон, најчесто има по еден во примарната секција кај телевизорите или по два врзани во серија кај SMPS напојувања за PC), ознаките за максималниот работен напон понекогаш им се напишани со W на почетокот. На пример, ако максималниот работен напон е 400V, тогаш ознакатa би гласела "400WV". Не ми е јасно што означува тоа W-то и зошто на некои кондензатори го има, а на некои не. Колку што имам забележано на постари кондензатори (на пример, од примарна секција на некој постар телевизор) вакви ознаки немаше, само на поновиве има вакви ознаки, а во SMPS напојувања за PC, кондензаторите од примарната секција (двата со максимален работен напон од 200V) скоро секогаш се вака означени, скоро и да немам начекано кондензатори со „нормални“ ознаки.



It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."