Author Topic: Општи прашања поврзани со аналогната електроника  (Read 335458 times)

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
дали кај нас го има сеуште TDA7050 ?Бидејќи цртам шема со него,па да не го најдам.  :)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Е тоа незнам дали сеуште ги има.Многу ретки се овие ако не се лажам ѓи имаше во старите нишки телевизори во аудио степенот.Поправете ме ако грешам. ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Одг: Општи прашања поврзани со аналогната електроника
« Reply #1322 on 10.12.2013, Tuesday, 14:25:16 (Edited 10.12.2013, Tuesday, 14:59:31) »
Дали е можно да напишам некој текст т.е. направам име со лед диоди и да ги поврзам сите паралелно , да речеме 30-40 лед диоди од 5мм , сите прозирни но да светат плаво , тука напонот неигра улога , така ? 5V доволни се за да се напојуваат сите ? Мислам дека само поголема потрошувачка на струја ке има   :) ако 25ma e за една лед , за 40 ке дојде околу 1А а напонот ке биде за сите ист - ( 3 , 5 , 12 ) V , кој напон го препорачувате ? :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
E,бре Даниел ,мислев со * средно си* ;D,ама ти ептен почетнички прашања поставуваш.Ако јас вака ќе ти одговорам:
ЛЕД за име или натпис гледај да се прво сите исти,иста серија и боја.Второ ЛЕД обично работи на 3 V, а некој на 5V ,ама тоа треба да го провериш.Ако мислиш да ги врзуваш сите паралелно,може да се случи некои да светат послабо,а други појако.Имај го и тоа во предвид.Ако одиш со 12V ,можеш по 4 да ги врзуваш  со тоа што треба и некој мал отпорник( до 100 оми) да ставиш во серија.Ова е ако ЛЕД е предвиден за 3V.

Offline warningteam

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 292
Кога правев лед панелка од 150 лед диоди 3 мм  врзував 3 во серија и отпорник од 480 оми кој води кон маса ? :D Батка што мислиш за ова преголем да не е отпорникот ? а језда диодите светат екстра  :D

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не е : 3 ЛЕД х 3V = 9V + 470 оми точно за 12 V .

Offline Joker

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
А зошто толку големи напони и струи за ледиците?
Номинален напон им е околу 1,9 - 2,3 волти отприлка, во зависност од нивната боја, нели, а мислам дека 10mA (max 15) се сосема доволно за добра осветленост. Јас стандардно на 5 волти напојување, ставам 330 оми отпорник за една диода.
Даниел, еве едно мое размислување зошто не би било добро да ги поставиш паралелно. Да речеме дека имаш неколку диоди паралелно и еден сериски отпорник за ограничување на струјата... Нека низ секоја од диодите тече по 15mA. Ако поради X причини прегорат некоја од нив (се случува), тоа автоматски значи дека се зголемува струјата низ „преживеаните“, а со тоа се зголемува и ризикот и тие да изгорат...

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Батка се работи за *ultra light*  диоди кои влечат 20- 25 mA .Тој податок му е точен.Второ ,сака да стави 30 - 40 плави ледици паралелно на 3 V без отпор,но под услов сите да се еднакви исто да светат. Може и така,ама посигурно е на 12V ,по 3 во серија и отпорник 470 оми како што кажа другиот член.

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Одг: Општи прашања поврзани со аналогната 
« Reply #1328 on 13.12.2013, Friday, 15:01:53 (Edited 13.12.2013, Friday, 15:39:04) »


Сакам да го правам полначов , дали можам наместо тоа LM317K да употребам LM317T или обично LM317 ? И во случај да не го најдам MBR1545ct има некоја замена за него ?

За трафото , може да употребам трафо 12волти ( 2 ампера) ?  :) Бидејќи после грец ке добијам 17 волти а не 18 како на шемата ама мислам дека ке биде доволно за после излезот на LM колото да добијам 14V :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
MBR1545ct моѓе да ја замениш со шотки од РС напојување.Место R4/R5 може тример 5К да ставиш и да пробаш да наместиш потребен напон.

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Одг: Општи прашања поврзани со аналогната електроника
« Reply #1330 on 17.12.2013, Tuesday, 09:59:16 (Edited 17.12.2013, Tuesday, 15:31:21) »
Twin Musical Tesla Coils playing Mario Bros

Можно е ова да се напраи некако ? Интересна работа , ептен  :) Шема или нешто слично ? и како пее ?  ;D :D

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: Општи прашања поврзани со аналогната електроника
« Reply #1331 on 17.12.2013, Tuesday, 13:16:29 (Edited 17.12.2013, Tuesday, 16:49:11) »
Спреми се за долго читање. ;)
Значи звукот се создава со ширењето на воздухот што го предизвикуваат искрите, Теслиниот трансформатор се вклучува и исклучува многу пати во секунда, и така се создава звук со одредена фрекфенција, иако Теслиниот работи на радио фрекфенции. Има сложен и попрост начин да се направи ова.
Сложениот претставува солид стејт Теслин трансформатор кој е аудио модулиран од страна на прост МИДИ (дигитален интерфејс за музички инструменти) прекинувач, кој го прекинува во зависност од фрекфенцијата, така се добива аудио модулација на високонапонските празнења. Овој начин има предност во тоа што тој може потполно да ја контролира струјата, со тоа се добиваат појасни тонови, а со тоа и почист звук, иако звучи како првите електронски музички инструменти. ;)

Простиот начин е ваков
-Значи за аудио модулација на Теслино трафо е потребен некој вид на прекинувач кој зависи од дигитален или аналоген сигнал, т.е. некој вид на засилувач. За ова има прост, сложен и уште посложен начин.

"Нај сложениот" од овие прости начини е со користење на аудио засилувач од неколку стотици вати, (зависи колку вати сакаш да биде теслиниот) и така со аудио сигнал да ги контролираш искрите.

"Сложениот" начин се состои од транзистор отпорник и реле, така поврзани што транзисторот ја вклучува и исклучува струјата во калемот на релето, релето ја вклучува и исклучува струјата во примарното коло. Базата и емитерот на транзисторот да бидат приклучени на некој сигнален напон, овој начин е ограничен во фрекфенцијата (до околу 200 херци) и често се случува релето и транзисторот да не се усогласат со макс. фрекфенција и така да се уништи звукот на искрите.
Друга варијација на ова е да се поврзи директно еден слабо сигнален, но високонапонски и јак транзистор, или дарлингтонов пар (за да не мора да биде слабо сигнален) на транзистори, така што тие да ја контролираат струјата на примарното коло на Теслиниот трансформатор.

Најпростиот од овие начини е со некои високонапонски тастери, да се вклучуваат одреден број на искричари (или кондензатори, или да се менува бројот на навивките на примарот, но не го препорачувам ова затоа што ова ја менува фрекфенцијата на примарното коло и ќе се раштима целиот Теслин трансформатор) сериски, со што ќе се менува фрекфенцијата на која работи Теслиниот трансформатор. Значи ќе добиеш нешто како -нова генерација на музички инструменти-
Сепак треба учење за ова бидеќи ќе треба ти да го свириш. ;)

Се надевам дека ова ти помогна.
 ;D ;D ;D ;D
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Многу убаво објаснето незнаев дека и за овие теслини трафа да свират вака треба дигитална електроника.
Quote
Теслин трансформатор кој е аудио модулиран од страна на прост МИДИ (дигитален интерфејс за музички инструменти)
.Но нема везе а и ти требаат доста пари ако сакаш волку големи да се може некоја помала како киловолт што има направено. ;D ;D ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Многу убаво објаснето незнаев дека и за овие теслини трафа да свират вака треба дигитална електроника.
Quote
Теслин трансформатор кој е аудио модулиран од страна на прост МИДИ (дигитален интерфејс за музички инструменти)
.Но нема везе а и ти требаат доста пари ако сакаш волку големи да се може некоја помала како киловолт што има направено. ;D ;D ;)
Јас пред да го направам мојон, немав материјали и само разгледував и истражував на интернет како работат. Затоа знам, А ги имаш гледано ArcAttack како настапуваат на американски талент?
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Многу убаво објаснето незнаев дека и за овие теслини трафа да свират вака треба дигитална електроника.

Па со дигиталната електроника уствари се упростува, затоа што во МИДИ фајловите инструментите се разделени (гитара, бас, посебно тапани, ..итн.) така да полесно е да се земе од таму информацијата него од аналоген сигнал (на пример мп3 песна) каде што све е измиксано :)
Life is too short to remove USB safely ..