мораш да му направиш додатен адаптер, овај програматор е наменет само за пикови, ако сакаш да програмираш и мемори мора да додадеш адаптер, како што спомна гига, адаптерите мои за пик китот немаат место за програмирање на таква меморија, барем не оние што се нафорум, најновата верзија која ја дизајнирам има место и за меморија од тип 24C и 93C ..
ама таа сега за сега нема да ја давам на форум
За 25XXX немаш? Баш такви мемории се користат како нови BIOS-и на матичниве плочи
. Willem може да ги програмира и најдов уште еден програматор online кој може да ги програмира, ама па тој па може само нив да ги програмира :S.
А со таа шема вие што ја имате дадено ќе можам јас да го поврзам на овај програматор.
Не знам дали го правеше програматорот според плочката на првата страна. Ако е според неа, тогаш да, може да се програмираат овие мемории и има посебно лежиште само за нив (се гледа и на монтажната шема). го проверив поврзувањето на пиновите, идентично е со тоа на PICkit2 (целата лева страна од 24XXX е верзана на GND), така да, би требало да функционира. Можеби не си избрал нешто како што треба во програматорот
. провери дали има pull up отпорник меѓу Vcc и пин 5 од 24CXX со вредност од 10K. Пин 7 од 24CXX треба да е N/C, што значи дека JP2 не треба да биде присутен во колото (не треба да биде врзан за ништо). На пин 6 треба да биде врзан PGC (Clock, Programming Clock). На пин 5 се носи PGD (Data, Programming Data) и тој треба да биде врзан преку 10K pull up за Vcc. Пин 8 е Vcc и треба на неговиот пин да има напон од +5V. Мислам дека со овие pointers ќе можеш да провериш дали работи како што треба програматорот
.
Еве како се врзува PICkit2 за да можеш да програмираш 24CXX мемории
. Води се по овој дијаграм, нема да промашиш
.