Author Topic: Со 1 пин контролирајте 2 ЛЕД диоди  (Read 1306 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Со 1 пин контролирајте 2 ЛЕД диоди
« Opened on 20.11.2009, Friday, 02:02:40 (Edited 20.11.2009, Friday, 02:04:51) »
Ова е моја идеа за штедење на пинови на миктроконтролерот кога се користат за ЛЕД диоди како индикатори.

Како да се управуваат двете ЛЕД диоди:

- За да светне горната ЛЕД диода на излезниот пин од микроконтролерот испрограмирајте да има логичка нула (0V);
- За да светне долната ЛЕД диода на излезниот пин од микроконтролерот испрограмирајте да има логичка единица (5V);
- За да не свети ниту една ЛЕД диода поставете го пинот да биде во режим влез, то ест да не биде излез (да биде во трета состојба, отворено коло).

Диодите треба да се црвени или жолти за да работи ова добро, доколку ставате зелени лед диоди заменете ги зенер диодите со 2,4 волтни. Доколку ставате плави или бели лед диоди ставете обични диоди (1N4148) но завртени обратно од положбата (анода-катода) на зенер диодите.



Евидентниот проблем овде е дека никогаш неможат да светат двете ЛЕД диоди истовремено но тоа не е точно, доколку многу брзо (во софтверот) ги палите едната па другата ЛЕД диода ќе изгледа дека светат двете иако малку понесјајно :)

П.С. На шемата микроконтролерот IC1 е поставен само ради илустрација, „шемата“ се всушност лед диодите и зенер диодите.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.