Одма ме предомисливте колеги Знам дека А-класа бара големи струи ама до толку за појачало од 100вати да ми треба трафо од 1000 вати ... Некако нереално
А класа има (барем теоретски, практично е уште помалку) 20% искористување на моќноста. Ова значи дека ако сакаш да направиш засилувач во А класа од 100W, ќе мораш да имаш трансформатор кој може да даде барем 500VA. Практично гледано, трансформаторот ќе треба да има моќност од 700, 800VA (како што рекоа останатите членови, околу 1KW).
Епа ништо тогаш ... А некое појачало исто така до 100 вати рмс со ТHD непоголемо од 0,0008% на максимална снага на излез ?
Хахахахахахах
, со толку ниско THD, ретко кој засилувач може да се пофали
, особено не домашно направен
. Проблемот најчесто не е во самите шеми (засилувачите со толку ниско THD најчесто се многу прости по изведбите, немаат тонски контроли, само влез и излез, често немаат ни прекопник за бирање на влезови
, има само еден влез и толку
, ова се прави со цел да се намали бројот на компоненти низ кои поминува сигналот бидејќи секоја компонента внесува изобличување во сигналот), проблемот е што квалитетот на компонентите кај нас (а со време ќе дојде и на глобално ниво) е катстрофално низок :S.
И во право е LordZi, повеќе грижи се за звучниците отколку за засилувачот
. Звучниците го внесуваат најголемото изобличување во сигналот од сите уреди во ланецот на пренесување, обработка и засилување на сигналот
. Не сум сигурен околу бројкиве, но мислам дека некаде прочитав дека дури 20% од крајниот производ (звукот) е изобличен поради звучниците. Тоа е последица на нивната консртрукција
. Звучницте се многу неефикасни „машини“ (имаат неверојатно низок коефициент на искористеност, мислам дека најдобрите и најквалитетните звучници имаат околу 10% коефициент на полезно дејство
, а за поефтините модели, да не правиме муабет
) и внесуваат неверојатно голем процент на изобличување во сигналот. Најголем дел од ова е последица на фактот што електричната енергија се претвора од електрична, прво во механичка, па дури потоа во звучна и тука се губи многу енергија и се внесуваат многу нуспродукти кои не биле во оригиналниот (влезниот) сигнал
. Но тоа е тоа
, подобар „тансформатор“ на електрична енергија во звучен потисок (звук) нема
.
Уште малку муабетот ќе спадне од 100 вати а класа на тоа да си купи готово и да не се замара ич со правење
Не, зошто? Нека си направи
. Ако сака, нека направи
. Често домашните конструкции на засилувачи може да бидат и многу подобри од купечките за истата сума на пари која би ја потрошиле и за фабрички изработен засилувач
. Плус, ќеифот е поголем
.
Поентата ми е, да има реални очекувања
. Значи, нека не очекува дека ќе добие нешто "WOW" со самоградба, особено не со деловите кои се кај нас на располагање
. 100W RMS по канал A класа бара многу пари, а крајниот резултат не е секогаш „загарантиран“. Така да, моја лична препорака е AB класа, има малку поголемо изобличување, но, ништо страшно
. Искрено, имам слушано засилувач во А класа и во AB класа на звучници со просечен квалитет (најевтини од поскапите модели), искрено, разлика некоја значителна не забележав, можеби малку поголема дефиниција во високите, ама ништо серизно, ништо што малку додавање на treble нема да корегира
.
Но, од друга страна, ако отидете во оние продавничките во Ченто (Синѓелич) каде што продаваат електронска опрема од запад донесена, може да начекате и многу добар засилувач за 50-тина вера, така да... искрено, веќе не знам реално колку ќе му се исплати да го прави... ако нема ќеиф да го прави, туку го прави бидејќи мисли дека ќе помине поевтино, подобро да отиде таму и да провери што може да најде
. Ако не му е итно, може да почека и неколку недели, секоја недела носат по нешто ново, така да, може ќе начека нешто супер за многу ниска цена
. Е сега, засилувач со 100W RMS по канал најверојатно нема да најде, а и да најде, нема му биде цената 50-тина евра, туку барем 100-тина евра. Тоа е тоа, се си има предности и недостатоци
.