Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: nikola_bb on 30.03.2011, Wednesday, 12:55:11
-
Имам едни звучници за кои неможам да најдам ништо на нет па да не му се на некого познати. Сликата е од спецификациите
(http://img705.imageshack.us/img705/3048/img20110330124710.th.jpg) (http://img705.imageshack.us/i/img20110330124710.jpg/)
-
а што ти треба за нив??? колкава моќност можат да издржат, или нешто друго???
-
nikola_bb , Помош нудиш или бараш ? Среди го насловот и не ги повторувај грешките
-
Иако пишува USA, скоро сигурно се кинески, 8 омски, фреквентен опсег имаат до 22 KHz, што не е лошо (ако е стварно така).
За моќност пишува 300 вати Peak Power, значи од 50 до кај 100 вати максимално RMS, ама и ова не е сигурно оти се кинески.
Тоа е во кратки црти.
-
Па ме интересираше дали е нешто онака ок. Дека не сум прочитал и незнам што точно значат ваквите ознаки
-
A шо би значело 50W Р.М.Р.О. ???
8 омски е звучнико :)
-
Peak Music Power Output (PMPO)
значи тие 50W може да ги даде мноооогу кратко време (мили секунди)
-
Вати RMS (Root Mean Square) се оние вистинските вати кои може да ги дава нон стоп.
PMPO е кинеска измислица. :D
Тоа ти е нешто како да земеш еден кондензатор од 1000 uF/ 35 волти, да го наполниш со 35 волти и потоа кратко да ги споиш изводите од кондензаторот со штрафцигер, и во дел од секундата додека се празни кондензаторот можеби низ штрафцигерот ќе протече струја од 30 ампери.
И после да речеш види имам кондензатор кој може да даде (35*30) 1050 вати. ;D
Да може, но за една милисекунда :D
-
во основа пмпо или п.м.п.о или пмпо или п.м.п.о. е придавка за екстремно увелучување(не ми текнува соодветен мк збор ) која во суштина не ви дава никакви информации, така да најдобро ќе е да ја игнорирате. На моити звучници за компјутер, тие малите, пишува 200 вати п.м.п.о што значи дека со интегралното коло тда2822 нема теоретски шанси да даде 200 вати па макар ни една милисекунда, барем не во овој свет....
-
Во принцип, за PMPO важи едно непишано правило, дефиниранат моќност на PMPO звучниците подели ја со 20 и ќе ја добиеш вистинската моќност ;D.
-
гига мислам имаш една нула заборајно :)
-
гига мислам имаш една нула заборајно :)
Гледав малку „благ“ да бидам во деградацијата на овој тип на класификација на моќност ;D.