Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: daniel spasovski on 16.02.2011, Wednesday, 18:07:11
-
Како што кажува насловот ми треба звучна кутија затоа што денеска набавив ваков бас звучник За тие пари ова е супер звучник со кевлар мембрана :)
Па треба една кутија (сабвуфер) да направам за него а ништо не ми паѓа на памет што би било како за него ;) . Инаку звучникот е 12 инчи и со моќност од 250W 8 ома ;)
-
јас би направил нешто вакво--> ТЛ
(http://i220.photobucket.com/albums/dd98/soundemon/ava15/AVA15%20TL%20build/building03003.jpg)
-
Ова кутија ја има некој испробано.од оваа страна кај што е сликано има уште еден капак а лево скрос она останува дупка како што претпоставив,инаку ова кутија што е за голем звучник е 40.:)
-
да да кутијата е затворена,сликава ја ставив да му дадам идеја на даниел,иначе мислам дека е за 15ка,ке побарам деновиве ТЛ за 12ка.
-
ја има истава некаде на форумов сосе димензии?
-
Ха,ха абе ептен сте забегани.Три тишлера треба ова да го прават недела дена.Ај кажи за роденден каква кутија сакаш - ТЛ,бас рефлекс,компресиона? Ајде исполнувам желби вечерва.Во комбинација со што ке го користиш басот?
-
eии добра е кутијава, ваква сакав за во кола да правам, ама не бива работата за во кола... и багашник ми треба... ама за дома одамна се дума за вакво нешто, ама со 12-ка не со 50-ка.. :))) патем ова е тл кутија ?
Споено мислење: 17.02.2011, Thursday, 00:39:32
не сум тишлер, ама летово е пред нас ;D
-
Абе на човеков веднаш му треба,не во лето.! Јави се јужна!! Славениче,каде си да бекнеш!? ;)
-
Абе на човеков веднаш му треба,не во лето.! Јави се јужна!! Славениче,каде си да бекнеш!? ;)
славеничето (најверојатно) пие, а може и да незнае како се вика до сега ;D
-
хаха ништо чудно,иначе да ова е ТЛ кутија.
-
Да да тука сум ;D ;D ;D Јас сакам некаква кутија во стилот на трапез ;) Такво нешто :)
-
а ова на сликата што ја постави Влатко,што ќе биде?Вуфер(бас) ?Ова како масичка ќе биде,интересен дизајн.Дај некој нека ми направи на мене една ваква :D
-
Абе какви трапези,пирамиди,конуси :(.Еве ти нешто проверено во работа! Имам 3-4 пара вакви направено и дадено,Јас ПРАВАМ КУТИИ,а не само прецртувам и кога велам дека е добра - значи добра е! ;D ;D ;D Направена е и со СИМСОНИК бас и високотонец ( оние YDG 25 -2 ) и работеше пристојно,Дампирај и налепи само задна ,горна и една бочна страна на кутијата со танок слој тервол (2 см) На задната страна верикално има преграда ,составена од две плочи кои се спојуваат на средината на плочата под агол од 45 степени.Свртницата е класична 12 дб/октава ,еве и табела: резна фреквенција =3500 Хз. За прашања - тука.Очекувам некоја слика,парче торта од роденденот и пиво кога ке се видиме на некоја свадба! ;)
[/quote]
-
Mислам кутијата ќе му биде за бас, но сепак не е на одмет скретницата. Друга работа, никако не разбирам што е поентата со цитатот.. ? ? ?
-
ако сака само бас нека си направи активна скретница.
-
Тој Симсоник не е баш за вуфер!
-
еее Батка, му го скина ќеот....
-
тој ни самиот незнае што сака,пошто знам дека ке купи уште еден звучник јас го советувм да направи isobaric кутија,а сега видел некој денар и ајде ке правиме звучници.и не ка му доказе некој дека isobaric вади многу појак бас од обична бас кутија или тој трапез што се запанл од ;D јас кога би правел би правел вакво нешто,ама тоа сум јас а даниел сам нека одлучи
http://diyaudioprojects.blogspot.com/2008/10/isobaric-6th-order-bandpass-subwoofer.html
-
А има некој пробано ТЛ од онаа погоре што е кутијата и од оваа isobaric ,ако има некој пробано нека кажи како е дека едно теорија а друго пракса. :)
-
TL немам слушнато а исобарик има еден член од форумов го имам слушнато и едноставо растура.
-
И јас имам изобарик кутии дома, задоволен сум од нив. Исто така може да се направат изобарик кутии со еден звучник, не мора два. еве едно програмче кое ќе ви помогне околу пресметките.
http://www.linearteam.dk/default.aspx?download=winisdpro
-
ја имам програмава ама мислам дека треба да ги знае thiele small параметрите на звучникот.
-
Па добро мислиш :)
-
За Симсоник?!?!?! :D :D :D ;D ;D ;D Абе,во фабрика не ги знаат... :) ;) ;D ;)
-
во која земја ги прават во туркса? во продавницата ни рекоа дека се корејски и дека имаат и многу квалитетни звучки од истава марка кој не ги носат во пордавница.
-
За Симсоник?!?!?! :D :D :D ;D ;D ;D Абе,во фабрика не ги знаат... :) ;) ;D ;)
Епа тогаш нека ги зимери сам :D :D ;D здравје, некоја кутија на "random" нека направи и тоа е :)
Патем, значи не се некој си добри звучници овие ?
Имаат а не ги носат...??? хмм,..
-
сеа ја си мислам ако имале било какви подобри звучници од тие во пордавницата од гамата на симсоник ке имаше нешто и на интернет да се најде за нив.