Author Topic: Донација на делови од страна на администрацијата за изработка на проекти  (Read 9111 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Со цел да се зголем бројот на изработени проекти, како и документацијата за истите, администрацијата на Македонскиот форум за електроника реши да направи еден гест за стимулација на градителите. Администрацијата на elektronika-mk.net реши да донира делови за вашите проекти, без разлика дали шемите се лично ваши дела или превеземни од некој сајт.

Се разбира дека вашите проекти треба да исполнуваат определени критериуми за да можеме да ви ги дадеме деловите. Проектите треба да се сериозни и скапи. За мали и евтини проекти, не планираме да донираме делови (се разбира, доколку проектот е со некој микроконтролер, а не може да се најде тука во Македонија, или е скап, а има малку екстерни компоненти, не важи ова „правило“). Овој критериум за донирање на делови за вашите проекти е донесен пред се од финансиски причини (финансиски не е оправдана целата ситуација околу примо-предавањето на деловите). Деловите ќе ги праќаме преку пошта, а притоа поштарината ќе си ја плати оној кој го поднел барањето за проектот. Доколку членот одбие да ја плати поштарината, администрацијата ова ќе го смета за несериозен потег од страна на членот, а ќе следуваат и санкции према истиот член на форумот. Времетраењето и типот на санкциите ги одредува администрацијата.

Администрацијата на форумот ќе се потруди да ги најде сите делови кои сте ги барале во вашиот проект и да ги испрати на вашата адреса, но тоа не значи дека администрацијата треба да ги купува деловите место вас. Деловите кои ќе бидат донирани се од личните залихи на членовите на администрацијата, што значи дека нема да се купуваат нови делови по ваша желба. Повеќето од деловите кои ќе ги добиете најверојатно ќе бидат веќе користени, односно извадени од некои стари уреди, но тоа не значи дека ќе добиете неисправни делови. Ќе се потрудиме деловите да бидат со (барем) просечен квалитет.

Предност во одобрувањето на проектите ќе имаат они членови кои покажале фер и коректен однос кон администрацијата, но и кон останатите членови на форумот.

Барањето на делови за вашите проекти треба да има определен тек, односно редослед:

1) За проектот кој планирате да го правите треба да имате целосна документација, односно да ја имате електричната шема, можнтажната шема, ППК-то, како и софтверот или driver-ите, доколку истиот проект има микроконтролер или е наменет за интерфејс помеѓу некој екстерен уред со PC или некоја слична апликација. Со ова би се избегнале ситуации од стилот на „вие дајте ми ги на мене деловите, нема проблем, јас ќе дособерам тоа што треба, само вие мене дајте ми ги“. Можно е потоа проектот многу да се одолговлечи, па дури и повеќето на членовите да заборават на проектот, дека воопшто некој почнал со изработката, особено ако е голем проект, како и веројатноста дека дел од потребните документи (на пример, доколку проектот има микроконтролер, софтверот за микроконтролерот) можеби и воопшто нема да ги најде членот, со што целиот проект би пропаднал.

2) Треба да ги наведете причините поради кои барате делови за конкретниот проект. Дали е тоа недостапност на определени делови во местото кое живеете, недостаток на продавници за делови во местото кое живеете или превисоката цена на компонентите. Не е важно која е причината, но треба да ја наведете за да може администрацијата да оцени дали е оправдана причината или не.

3) Мотивационен дел од барањето, односно да објасните зошто сакате да го правите овој проект, која примена би ја имал и каде. Проекти кои може да имаат само една примена, на пример, проект за отворање на гаражна врата кој е специјално дизајниран за вашата гаражна врата, најверојатно ќе бидат одбиени. Се разбира, доколку истиот проект е таков да може лесно да се редизајнира за било која гаражна врата и ако е добро документирано редизјанирањето, истиот проект најверојатно би бил одобрен.

Се разбира, можете да додавате и слики и се што сакате во самото барање. Горното набројување е напишано со цел да се постави патоказ за начинот на кој треба да биде дадено барањето, но не мора стриктно да се придржувате до набројаните точки. Сепак, треба да ги имате објаснето барем овие набројани точки.

Неколку правила околу начинот на кој го поставувате барањето:

1) Барањето се поставува во оваа тема. Притоа, post-ови до типот на „ми требаат делови за ова и ова“, ќе бидат игнорирани и избришани.

2) Ако не планирате да барате делови, не пишувајте во оваа тема бидејќи post-овите ќе ви бидат избришани.

3) Не коментирајте околу проектите и нивната комплицираност. Аминистрацијата е онаа која ги донира деловите, од каде следува дека таа е онаа која треба да одлучи дали некој проект е сериозен или не.

4) Доколку сте поднеле барање за делови за проект, тоа не значи дека можете секој ден да spam-ирате во темата и да прашувате „дали ми е одобрен проектот?“. Истото ќе се смета за spam, post-от ќе ви биде избришан, а со ваквите гестови, само си ја намалувате шансата да ви биде одобрен проектот за донација на делови. Ќе гледаме во најбрзо можно време да ви одговориме на вашето барање, но никој од нас не е платен за да одговори во рок од еден ден или побрзо од тоа. Истото правило важи и за приватните пораки, односно, не пишувајте PM на администрацијата. Знаеме дека сте поднеле барање, кога ќе ја донесеме одлуката дали вашето барање е одобрено или не, ќе бидете известени во темава. Од друга страна, ако администрацијата има нешто да ве праша во врска со вашето барање (нешто што можеби не сте навеле во вашето барање), должни сте да одговорите на приватната порака.

5) Ако е вашиот проект одбиен, администрацијата ќе образложи зошто е вашиот проект одбиен. Поплаки за одбиени проекти прифаќаме, но да биде добро објаснето зошто сметате дека сме згрешиле во нашата одлука. Поплаки од типот на „абе ајде, зошто па да не“, не прифаќаме. Се разбира, и поплаката треба да биде јавна и транспарентна, како и одлуката на администрацијата.

Неколку правила околу обврските кои ќе ги имате према форумот доколку вашиот проект биде одобрен:

1) Проектот кој ќе го направите со донираните делови, треба да биде добро документиран и објаснет во темата од која сте го превземале проектот. Доколку нема таква тема на форумот или има, но вашиот проект е модфициран или е само како идеја сличен на некој друг проект, ќе си отворите нова тема во адекватната подсекција.

2) Под добро документиран проект се подразбира: слики од самиот проект; слики од процесот на изработка на проектот; документација и објаснување на чекорите на изработка (со слики, но и со текст); документација на евентуални проблеми и модификации кои сте ги направиле доколку проектот не работел како што треба или не работел со деловите кои сте ги искористиле (сте немале ист дел како што е наведен во проектот, па сте ставиле некој сличен или еквивалентен); слики од осцилограми во определени клучни точки според кои се определува дали проектот е исправен или не (доколку членот има осцилоскоп, се разбира, доколку нема, нема потреба од овој чекор); да ја има презентирано целосната документација за проектот и се ова да биде upload-ирано на самиот форум или на екстерен host; се останато што е потребно за правилна, точна и брза изработка на истиот проект од страна на останатите членови на форумот.

3) Пожелно е целиот проект да биде документиран и се да биде презентирано и напишано во еден PDF фајл, односно истиот текст кој членот го има напишано во post-от за изработката на неговиот уред да го има и во PDF формат, но не и задолжително. Но, затоа, задолжително е некои клучни факти во однос на изработката, подесувањето или нешто слично, да бидат напишани во определен тип на документ (доколку процесот кој треба да се објасни содржи и слики, документот да биде спакуван во PDF или DOC, доколку може само со текст да се објасни целиот процес, може да биде зачуван и во обичен .txt фајл). Со ова се зголемува прегледноста на документацијата на самиот проект, но и се елиминира потребата за интернет конекција на компјутерот на кој ќе реши некој иден градител да ги префрли фајловите (се е на едно место).

Прашања околу правилата и нивно менување или заобиколување не се дозволени. На вас останува да ги презентирате проектите кои сакате да ги правите на начинот опшан погоре и во согласнот со правилата напишани погоре.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Значи форумов подарува делови, а посебно оние кои се или по скапи или потешко може да се најдат кај нас. Како до дел? Пријавете дека сакате да направите проект кој досега не е направен од ниту еден член на форумот, но сепак тој проект да не е нешто како трепкач или нешто просто со неколку компоненти.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.