Author Topic: Изработувам вградени системи за далечински мониторинг и контрола преку GPRS  (Read 1071 times)

Offline EmbeddedMK

  • Нов член
  • *
  • Posts: 0
Уредот има можност за мерење и контрола преку специјално изработена десктоп апликација.
Уредот исто така има дополнителна можност за интеграција со Cloud базиран систем за логирање и графички приказ на измерените податоци на WEB.
Целиот систем  овозможува неограничена примена за голем спектар на апликации.

За повеќе информации можете да ме контактирате на следниот е-маил:
Code: [Select]
embedded.mk@gmail.com
Изгледот на еден ваков уред е прикажан на следните фотографии.









Offline MilerovEfekt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 176
Затоа што уредов ко што гледам се користи за мониторинг и контрола на уреди поврзани на електричната мрежа. Дали може да ми кажеш кои стандарди ги исполнува ? UL, CE, ATEX ?

Offline EmbeddedMK

  • Нов член
  • *
  • Posts: 0
Електрониката за уредот е дизајнирана лично од мене при што се запазени сите критериуми за ваков тип на уреди почнувајќи од самиот дизајн па се до користењето на оригинални и квалитетни компоненти кои се веќе сертифицирани и предвидени за работа на мрежен напон.
Вградената комуникациската електроника е со сертификатите: FCC, IC и CE.
Влезовите се по индустриски стандард на 24V и се галвански изолирани со оптокаплери.
Излезите се исто така галвански изолирани преку SSR и се со стандарди UL и CSA.
Енергетскиот дел односно контакторите веќе и самиот ги гледаш iCT модуларни од Schneider Electric кои се стандардизирни по CE, Class-2 insulation : continuous safety for operators and unqualified personnel. Compliance with standards: EN 61095 and CEI 1095.


Offline MilerovEfekt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 176
Фала на одговорот!

Прашањето повеќе ми се однесуваше на целиот уред - како целина, не на компонентите. Дали со истиот доаѓа некој сертификат за самиот уред (не за компонентите) ?

Поздрав и убава вечер!