Македонски форум за електроника
Огласи и понуди => Понуди => Topic started by: donis92 on 19.04.2011, Tuesday, 11:27:21
-
како што кажувам во насловот, кој сака и е заинтересиран за мајца со текст
''http://elektronika-mk.net (http://elektronika-mk.net)''
Македонски форум за електроника
да потикнеме за повеќе членови и да се рекламираме сами цена на мајцата ќе договориме отпосле..кој сака нека пише па ќе се дог :) :) :)
-
а кој ќе ги печати маиците ?
ти или некој друг, како ќе се движат цените и сл.
пошто ако не знаеме цена не можиме понатаму да разговараме, цената на печатењето не би требало да надминува повеќе од 350-400 денари со маици кој ќе ги набавува печатницата, а ако си носат сами членовите маици тогаш би требало да е многу поефтино, така прават сите оние кој печатат на маички
треба да се изработи и лого кое ќе биде на маицата не само текст
-
50денара од мајца, ама мајцата ќе биде од нас инаку ќе ги штампа еден мој колега и ако се дог да има повеќе н.п ќе има некој попуст :) :)
-
Jaс знам тука во СК една маица што ми испечатија црно-бело кошташе 250ден,од предната страна,и тоа со моја маица,а со нивна е 400...Знам дека ако се нарачуваат повеќе од 50ком. ептен ефтино би излегло :)
-
епа прашај колку ќе фаќа за тоа печатењето ако е прифатлива цената ќе договориме нешто
-
треба само да најдеме мајци по прифатлива цена.. инаку за мајците 40денара парче а после ќе го прашам со негова мајца колку е :) :)
-
јас имам печатено многу маички. наједноставна маичка со кратки ракави беше некаде 120-130-140 денари. поло беше некаде 250-300-250 денари. А4 печат беше некаде 30-35-40 денари до 3 бои, после се доплаќаше по 5 денари за боја ама веројатно нашите ќе се со 2-3 бои. последно кога гледав цените секаде беа тука некаде.
овде имате и сликички
http://superhit.com.mk/default.aspx?item=products&subitem=listproducts&itemid=72
не дека супер хит ми се нешто посебно мили, мислам дека само тие имаат ваков сајт
-
па ајде да видиме да направиме немора преку мене, ајде кој се нафаќа нека прави прифатлива цена и да си земеме сите :) :)
-
Преку кој ке идеме ? Преку оној што ке понуди пониска цена и подобар квалитет
-
мислам темата е добра??? зш да не се обележиме ајде кој има нека понуди па ќе порачуваме ;) ;)
-
ја су за
-
и јас сум за маица :) ...само ајде еднаш дефинирајте цена
-
сето ова може да оди преку форумот но прво треба да провериме колку и дали има заинтересирани за оваа работа
-
150денара е со мајца од штампарницата :) :)
-
и јас сум заинтересиран, и маиците сигурно ке бидат накај 350-400 ден дека ако сакаме поевтино квалитетот ке биде многу лош или ке се тргне после 2-3 перења, а за лого може да го ставиме тоа што е на почетна :)
-
да исто мисам и јас ако е до кај 350-400ден ама да е добра и квалитетна, баш ќе ми биде мило да направиме :) :)
-
јас имам моја маица со СКОЛС лого.Ако сте ми го виделе логото,а мислам на саем на форумската збиркана ја носев.Па кој ја видел може да каже дали е добра.Јас сум за маица.Мојата ја платив 300денари.На нивна маица!
-
епа луѓе дајте понуди на фирми кој нудат вакви услуги и за кои цени ги нудат
-
И јас сум за маица само кажете колку ќе чини и како ќе оди купувањето преку форум или сами да си извадиме од негде.
-
За да не се раздаваме со пари по сметки, па да гнјавиме некој да оди да порачува и сето тоа, од администраторите може на секој на емаил да ни го пушти логото на фурмот како атачмент па секој ќе може посебно да си испечати.Што мислите?
-
јас се слагам, може и така дури уште подобро е така :) :) :) ајде администрацијата ако може нека почне со праќање на логото така е најдобро и наисплатливо :) :) браво одлична идеа
-
Полека, не иде тоа така, најпрво треба да избереме најповна понуда за печатење а после да направиме доовор со тоа лице, па ке печатиме маички.
Gestak не иде така како што мислиш, тоа остави го на нас.
-
Dx-er стварно е добро така
-
Значи логото е во сопственост на форумот и на авторот кој го има направено, и единствено може авторот да даде дозвола да се печати. Не знам зошто така викате па мора да бришам и едитирам постови.
Пак ке повторам, оставете ни ја работата на нас, ние ке избереме понудувач, ние ке се договориме и готово. На крај ке ви кажеме што како и каде можете да купите маичка
-
океј :) :)
-
Океј, јас само дадов идеа :)
-
брат и другарите се собраја едно 50тина души печатеа маици чкембари нова битола таму нешо кизне шо пиши по 200 денари негде платија (маиците ги купија од трикотажа пелистер, а печатеа во бабук мислам(а ништо чудно и в трикотажа и тие да ги имат испечатено)).Ке го прашам ако сакате подетално ке пишам кај 9 10 вечерва ако се врати :D
-
еј колега не зезај со таква штампа ко на чкембари мн е тапа, се вади на 3 перења знам и ние праевме околу 50 маици али после 5 перење обледе сликата :S
-
;D ;D
(http://pic.mk/thumbs/maica014.jpg) (http://pic.mk/?v=maica014.jpg)
„збавата“ ќе треба да се корегира :-\
-
интересно лого, може да се поставуваат сопствени идеа з логоа па да гласаме ама сепак тоа треба администраторите :)
-
Сега скоро печатевме во Велес кај едни дечки,беџеви по 5 денари(пластични округли) и 170 ден + ДДВ за маиците.Ако најдете под 100 ден . маици за 1 евро може и двострана штампа да добиеме. Сепак,ако правите рачунајте ме и мене.
-
мислам дека ќе е најдобро да земеме од маичките од дионис92 по 150 ден (или ако има некој поефтини), додаваме уште 20 денари за форумов, форумов организира се' и сите сме среќни :)
-
и со штампа од 150 денари после 5 перења обледена сликата :)
-
не знам каков бил тој печатот ама имам наоѓано добри за 30 денари. ако е во една или две бои е ОК, ако е слика со многу бои тогаш за тие пари ќе е добро ако издржи и едно перење
-
поубаво да си платиме 350-400 ден и да си имаме убава маица, а не џабе 150 денари за 2 перења :S
-
Јас не знам како се работи кај вас,ама кај мене нема едно-две прања. Редовно правиме (маичките се од Радовиш! ) кај овие дечки и досега проблем со бои ,перење и сл. не сме имале! ;D ;D ;D
-
знам тој предел натаму радовиш и штип имаат квалитетни фирми за штампање на маици и други работи :)
-
еј колега не зезај со таква штампа ко на чкембари мн е тапа, се вади на 3 перења знам и ние праевме околу 50 маици али после 5 перење обледе сликата :S
брат ми ја отепа од носење и перење и не е падната ни бојата ни ништо значи грешка си
-
ок чим викаш така, а по колку пари биле маиците ?
-
Значи вака сега, најверојатно сите типови на печатење за ккои пишувате, најверојатно се сито, НО, и кај сито пелатот има разлика, има повеќе типови на сито печат меќу кои најпопуларни се сито-хартија и сито-гума. Сито хартијата, од искуство, не е квалитететн сито печат, хартијата пребрзо се кине и ако се испокине на многу ситни делчиња, по некое време сами си отпаѓаат од маичката. Сито-гума од друга страна е многу квалитетен сито печат (најквалитетен), но и кај него квалитетот на печатот зависи од дебелината на слојот на гумата (значи, колку повеќе гума, толку подобро), но со тоа се зголемува и цената на маичката :S.
Сеуште не се знае што како ќе биде, но, доколку има доволно заинтересирани, најверојатно ќче се „оди“ на квалитет, а не цена. Ќе се набавуваат квалитетни (дебели) памучни маички (кои не се евтини) и ќе се штампа со квалитетна сито штампа, гумена, дебела (која исто така не е евтина). Мислам дека цената по маичка на вака направените маички ќе биде околу 300 до 400 денари (барем во Скопје, не знам за другите градови). Доколку може некој да најде поевтина сума од оваа нека пише, но доколку се исполнети погоре опишаните услови, значи, квалитетна гумена сито штампа, квалитетен и дебел памук на маичката. Зошто ако се направат со неквалитетна сито штампа или евтина сито штампа или ако маичките се тенки, ќе се скинат за година дена максимум :S, а најверојатно и ситото ќе отпадне. Поентата е да трае подолго ;).
-
Taa мојата маица што ми е штампана е супер,до сега мал милион пати е испрана,а пред 1-2 години е купена(и штампана) и ни едно делче не фали од штампаното...Црно-бело е и ме кошташе,како што пишав погоре 250ден само штампањето.Фирмата која ми ја иштампа маицата се вика „Divas Design“.Со нивна маица мислам дека беше околу 400ден црно-бело,и во која боја сакаш ти е маицата...За над 50 е доста поефтино,незнам точно цена,не прашав ;D
-
Гумена штампа или хартија?
-
Гумена штампа или хартија?
Гумена е ;D
-
Браво за идејата дечки :) и јас сум ЗА ;).
-
Гумена е ;D
Претпоставував, и јас толку платив за една маичка со дебела сито гумена штампа со нивна маичка ;).
-
Taa мојата маица што ми е штампана е супер,до сега мал милион пати е испрана,а пред 1-2 години е купена(и штампана) и ни едно делче не фали од штампаното...Црно-бело е и ме кошташе,како што пишав погоре 250ден само штампањето.Фирмата која ми ја иштампа маицата се вика „Divas Design“.Со нивна маица мислам дека беше околу 400ден црно-бело,и во која боја сакаш ти е маицата...За над 50 е доста поефтино,незнам точно цена,не прашав ;D
На сито печат ти ја правеа ли ? Некако евтино ми изгледа за еден примерок да земаат само 250 денари
-
Taa мојата маица што ми е штампана е супер,до сега мал милион пати е испрана,а пред 1-2 години е купена(и штампана) и ни едно делче не фали од штампаното...Црно-бело е и ме кошташе,како што пишав погоре 250ден само штампањето.Фирмата која ми ја иштампа маицата се вика „Divas Design“.Со нивна маица мислам дека беше околу 400ден црно-бело,и во која боја сакаш ти е маицата...За над 50 е доста поефтино,незнам точно цена,не прашав ;D
На сито печат ти ја правеа ли ? Некако евтино ми изгледа за еден примерок да земаат само 250 денари
Корект ;D.Незнам мене некако солена ми е цената,ама не жалам супер е маицата ;) ;D
-
Абе батки,со фолија се работи тоа и излегува баршунаст натпис,како кадифе.Маичкиве наши,за фирмава.се со јакиче,*Ла Коста * стил,со две бои -светло сина ,со портокалови ракави и јака (тоа ни се боите ;D!) со натпис лево на градите и на ракавите бочно.Маиците се исклучиво квалитетни,ни по сто прања (за две години) ни боја падна,ни бојата на материјалот се промени!! Цената не е 250 ден по маица.Овие што ги штампавме сега се памучни,бели,без јака доста дебели,во две бои (црвено,жолто -стилизирано знамето напред) и натпис-лого од фирмата.Позади еднобојна (црна ) лого имаил на фирмата во два реда,на левиот ракав само лого на фирмата во црна боја.Цена 170 ден,+ ДДВ.Ако има некој од Радовиш или Штип нека праша таму.
-
не е битно што и како ќе се штампа битно е да се среди раб да допреме до мајци да не остане само вака на форумов да си пишуваме :) :) :)
-
Не е само да допреме,јас сум за квалитет,да не се срамиш кога ке ја носиш.Реклама си е реклама и треба достојно да се презентираме.Побарајте спонзорство и од некоја фирма.
-
епа ајде администрацијата ако сака нека разговара со aswo,alfa elektronic... и ред др ќе го ставиме и нивното лого нека дадат нешто, зошто да не :) :)
-
добра идеа :) меѓутоа дискутабилно е дали ке прифатат.
-
ако прифатат, прифатат ако не сами ќе се исфинансираме по една мајчка па за натаму повеќе среќа околку спонзорите
Споено мислење: 20.04.2011, Wednesday, 16:33:03
http://www.astradizajn.com.mk/promotiven-materijal/astra-dizajn-studio-za-reklama-astra-dizajn-promotiven-materijal-maici/
еве некоја фирма за штампарија само треба да се јавиме и да прашаме што и како е со цени :) :)
-
Во некој претходен пост прочитав дека сметате дека гумираното е подобар квалитет. Имам роднина кој печати на сито со гумирано и пластично лого. Лично тој ми рече доколку ви е за квалитет поквалитетно е пластичното а пластичното и гумираното лого во цена се тука некаде (пластичното е некој денар поскапо,мислам) ама доколку сте запнале за гумирано не е проблем. Константирајте вие какво ќе биде логото, дали ќе има една боја, дали ќе биде само на едната страна или на двете страни (гради, грб) и мислам дека улога игра и големината на логото. Цената за квалитетно лого и квалитетна маица нема да биде поскапо од 400мкд. во кои сметам дека ке биде доволно и за достава. Доколку ми дадете точни податоци за логото какво сакате да биде можам да ви дадам точна цена па вие да споредите.
-
наскоро ке ви пишеме мејл на кој ке може да ги пратите понудите, бидејки вака на форум не иде од причина што не е така јасно. Во понудата ке пишете тој и тој тип на штампа со или без наши маици, печатницата е во тој и тој град. Цена толку и толку, попуст за пр. над 5,10,15... маици и сл. податоци
-
За маици печатење имам еден комсија, тој може да го прасам деновиве и да ни каже, инаку со сито печат ги печати, а за реклами до Емитер можам да побарам спонзорство, бидејќи сум нивни соработник, а и се знам со Слободан, па можам деновиве и таму да поминам. Исто така и до кај ГАЦ ако сакате можам да прашам. Само вие кажете како сакате да биде маицата.
-
Во Велес најевтино е 170 ден + ДДВ маица печатена во две бои напред и назад.Ако напред сликата е поголема назад имате текст ,веб страната и слично.И обратно. Маиците се турски,не се лоши ( бели,црни жолта и светло сини).Печатот е ОК и не се брише лесно.
-
Eпа уште да одбериме некоја добра шема за печатење и спремни сме ;D
Јас би нарачал маичка, во зависност од тоа дали ќе ми се допадне дизајнот на маичката, мислам дека баш е интересно да шеташ со оригинална маичка. :D
-
и јас сум за само уште да се договори од каде да се порача и какви да бидат маиците позз :P