Македонски форум за електроника
Огласи и понуди => Понуди => Topic started by: DX-er on 06.11.2010, Saturday, 20:55:11
-
Ова е каталогот на компоненти од ASWО - има и цени.
-
Прво,благодариме за споделбата :D :D ;D.Второ,дали кај вас цените се како исечени до пола како кај мене?Или до мене е нешто???
(http://pic.mk/images/region1289075861.jpg)
-
Прво,благодариме за споделбата :D :D ;D.Второ,дали кај вас цените се како исечени до пола како кај мене?Или до мене е нешто???
Да, и кај мене се исечени :S. Ама се чита, не е проблем ;).
-
и кај мене е така :)
-
Оки доки ;D ;DА ќе може ли некој да ми објасни зошто е така,не сфаќам ;D
-
Оки доки ;D ;DА ќе може ли некој да ми објасни зошто е така,не сфаќам ;D
Лошо конвертиран PDF фајл, некои DOC to PDF конвертори се катастрофа :S.
-
Оки доки ;D ;DА ќе може ли некој да ми објасни зошто е така,не сфаќам ;D
Лошо конвертиран PDF фајл, некои DOC to PDF конвертори се катастрофа :S.
Oва изглеа е конвертирано excel во pdf,мене така ми изгледа ;D
-
што мислите за цените?
-
Oва изглеа е конвертирано excel во pdf,мене така ми изгледа ;D
Можно е и од .html страница да е конвертирано, дека пишува „Страна таа и таа од толку и толку“, а така најчесто пишува ако принтап преку PDF принтер директно од .html во PDF ;).
Споено мислење: 06.11.2010, Saturday, 21:37:23
што мислите за цените?
Па кондензаторите не се нешто многу скапи, ама немаат некои со огромни капацитивности и големи работни напони (20.000uF па нагоре). А инаку конекторите и крокодилките им се прескапи, дури и поскапо од Loging, 80 денари за малечка крокодилка :S... прескапо... :S.
-
што мислите за цените?
Хах што да мислиме,јас едвај ги читам цените,ебате конвертираното ;D
-
BC550 2.5 ден.
BC547C 2.4 ден.
78L05 4,5 ден.
NE555 7ден.
-
BC550 2.5 ден.
BC547C 2.4 ден.
78L05 4,5 ден.
NE555 7ден.
Добро, тоа е евтино, да ;). Особено интегрираните стабилизаторчиња ;).
-
BC550 2.5 ден.
BC547C 2.4 ден.
78L05 4,5 ден.
NE555 7ден.
LOL WTF???????? Ако ова се цените јас одма идам да им земам 100 комада NE555.Мада сега за сега не ми требаат имам 30-ина TLC555 :D :D ;D
-
само не знам што марка се или се NoName
-
само не знам што марка се или се NoName
Марка made in china :D :D
-
Malecko да кажеш од каде ти е информацијата за евтините цени.
-
Абе, какви компјутери имате вие, кај мене не е ништо исечено, се гледаат цените најнормално, само таа последната нула после запирката е малце исечена вертикално ;D ;). Иначе го отварам со Adobe Reader 9.4.0.

Јас користам SumatraPDF и STDU Viewer, кај мене се исечени :S.
-
па може да си отидат и да им земат ценовник, ништо тешко не е тоа...
-
Aaaa oва што биле „исечени“ цените било до pdf viewer-от,јас го користам овој sumatra,aма еве симнав adobe и со него го отворив ценовникот и цените се цели т.е не се „исечени“ ;D
-
LED диодите им се поскапи и од логинг, обична црвена диода е 12 ден а прозирна што свети црвено е 1 евро :o :o :-\
-
а каде им се трансформаторите?Ги немаат во продавница,јас не сум им ги видел
-
а каде им се трансформаторите?Ги немаат во продавница,јас не сум им ги видел
Ги има во ценовникот, ама тотално несредени се, ни знаш кој работен напон е, ни моќност, ништо не пишува :S.
-
Јас се јавив кај баткиве да барам трафо и нема ништо т.с. девојката ми кажа дека имале за разни перални и такви работи...
-
Дали знае некој каде се наоѓаат овие во СК ?
-
Дали знае некој каде се наоѓаат овие во СК ?
Oвие сега се на местото кај електрон инвест.На истиот спрат со логинг само во другиот ходник,отиди до беверли хилс ќе ги најдеш :D