Македонски форум за електроника

Огласи и понуди => Понуди => Topic started by: Aswo on 13.04.2010, Tuesday, 13:41:31

Title: Aswo Македонија
Post by: Aswo on 13.04.2010, Tuesday, 13:41:31
Од пред извесно време во Скопје започна со работа Aswo, лидерот во логистиката со резервни делови во Европа.

Code: [Select]
http://www.aswo.com
Продавницата се наоѓа на ул. Берска бр.1, спротивно од поштата на железничката станица.

Контакт:
тел.:02/3228-060
e-mail: aswo@aswo.com.mk

Комплетна понуда на делови за сите брендови, алат, пасивни и активни компоненти.
Title: Одг: Aswo Makedonija
Post by: SaleSk on 13.04.2010, Tuesday, 14:44:44
Конечно да се појават и во нашата земја  ;D
Одлично!!!
Title: Одг: Aswo Makedonija
Post by: z33dgm on 13.04.2010, Tuesday, 18:42:27
а дали некој знае шо електронски делови се продаваат дали нешо како у алфа или нешто различно и ако има некој некоја информација како е околу цената
Title: Одг: Aswo Makedonija
Post by: SaleSk on 13.04.2010, Tuesday, 20:06:08
Јас за ASWO имам слушано од многу колеги надвор од државава. Продавницата е една од најснабдените за електорника и електронски компоненти (така беше во останатите држави околу нас), а за оваа нашава незнам, бидејќи се уште не сум бил, а и искрено денес дознав од форумов и бев пријатно изненаден...
Ќе кажам уште еднаш големо БРАВО  ;)
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: Bojan on 14.04.2010, Wednesday, 18:09:41
ке ископам некој дел за да го купам, па ке барам таа продавница кај е...да видиме што се има таму :D
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: Gestak on 15.04.2010, Thursday, 08:41:47
Сега во новиот емитер имаат кажано за aswo,дека има и во Македонија и дека сега не е проблем за уредите кои досега немало делови кај нас сега можи од таму да се набават.
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: Bojan on 15.04.2010, Thursday, 10:31:02
јас вчера им пишав меил за да ми пратат ценовник, ама па некако малце делови како да има...ги прашав дали ке може ценовникот да го ставам тука и рекоа не  :-\...па кој сака нека им прати меил за ценовник да си добијат....
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: DX-er on 15.04.2010, Thursday, 10:57:54
Сега во новиот емитер имаат кажано за aswo,дека има и во Македонија и дека сега не е проблем за уредите кои досега немало делови кај нас сега можи од таму да се набават.
ааааааа ај ке видиме, баш и мене ме интересира дали е така, дали ке најдам работи кои ги нема во ниту една друга продавница во скопје дали ке ги има кај нив.
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: Gestak on 15.04.2010, Thursday, 11:06:48
Ако не ти е тешко паршај и за ласери дали има. :)
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: DX-er on 15.04.2010, Thursday, 11:24:23
Ако не ти е тешко паршај и за ласери дали има. :)
Веке им пишав уште вчера
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: SaleSk on 15.04.2010, Thursday, 19:01:42
Во ASWO се нарачуваа делови поспецифочни колку што знам...Веројатно дека е се уште нова продавницата...Верувам дека коа ке се средат ке бидат ОК
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: Gestak on 15.04.2010, Thursday, 19:53:07
Добри биле за почеток.  :D
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: DX-er on 24.08.2010, Tuesday, 18:53:34
Дечки пазарувал некој во ASWO, каде точно е продавницата ?

Како што видов улица Берска е црната линија на сликава, дали е тука некаде?

(http://pic.mk/thumbs/i1282669488.jpg) (http://pic.mk/?v=i1282669488.jpg)
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: GigaWatt on 24.08.2010, Tuesday, 18:57:55
Лелееееее, ама е стара сликава, уште кога беше оној циркусот во Скопје, хахахах ;D.

Јас еднаш пробав да го најдам, ама не успеав, ај ако не, некој од деновиве ќе одам да го прошарам тој реон (малку да излезам од дома, само уќам последниве 20 дена ;D), па ќе направам еден screen shot од Google maps на локацијата и ќе означам ;).
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: LordZi on 24.08.2010, Tuesday, 19:48:37
Кога одиш од поштата накај новиот мост близнак, на раскрсницата не продолжуваш право накај мостот туку вртиш лево накај комплекс банки, само што ќе свртиш продавницата е на 5 метри, од десна страна во куќите, не можеш да ја промашиш, има голема табла која што се гледа од далеку.
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: GigaWatt on 24.08.2010, Tuesday, 20:01:02
Аха, ок, фала ;).

А што поточно има во таа продавница, има нешто добро, некои делови кои се ретки, поевтини се деловите?
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: DX-er on 24.08.2010, Tuesday, 21:12:55
LordZi ај ако може кажи во кое квадратче е ASWO? на пример ако е кај циркусот ке биде А7 Ако е така како што те разбрав треба да е во Г4

(http://pic.mk/thumbs/a1282677829.jpg) (http://pic.mk/?v=a1282677829.jpg)
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: GigaWatt on 24.08.2010, Tuesday, 21:29:12
Па така некако ќе му дојде, Г4 или Д4 ;).
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: LordZi on 24.08.2010, Tuesday, 21:53:01
На Д4 е, не е на главната улица што оди накај банките, туку малце повнатре на онаа што оди дијагонално нагоре, ама има видлива табла така што лесно се наоѓа.
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: DX-er on 24.08.2010, Tuesday, 22:16:38
значи улицата на Д4 а кога ке влезам во уличето треба од десна страна да ја видам таблата? тоа мислам да почеток на уличето.
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: LordZi on 25.08.2010, Wednesday, 12:01:34
Таблата се гледа и од таа главната улица што е кај поштата, не се секирај, лесно ќе ја најдеш ;D
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: SKOLS_OLD on 25.08.2010, Wednesday, 12:08:22
Вака сега јас бев една вечер па не ја видов таблата ни еден знак не видов.Изгледа дека беше темница.Извинете за оф-топиков!!!
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: DX-er on 25.08.2010, Wednesday, 15:14:29
LordZi фала ти за информациите, продавницата е баш тамо како што кажа :)
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: LordZi on 25.08.2010, Wednesday, 16:11:44
Најде нешто интересно :), пошто јас кога бев немаа баш некој избор, таа продавачката немаше ни слушнато за пик 16Ф84 :o
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: DX-er on 25.08.2010, Wednesday, 16:27:41
барав еден чип SAA1057 и еден SN74LS73 ама вториот го немаа.
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: GigaWatt on 25.08.2010, Wednesday, 16:42:28
барав еден чип SAA1057 и еден SN74LS73 ама вториот го немаа.

7473 e Ј-K Flip-Flop изработен во TTL техника, а не мора да го бараш само под тоа име, можеш да кажеш само 7473 ;). SN е ознаката за произвoдителот, во конкретниов случај тоа е ознаката на Texas Instruments ;). Буквите во средина најчесто ја означуваат подфамилијата на TTL фамилијата на дигитални интегрирани кола. Во конкретниов случај ознаката означува Low Power Schottky, ако ознаката беше ALS ќе значеше Advanced Low Power Schottky, ако ознакта беше само S ќе значеше само Schottky (транзисторите и/или диодите во колото се изведени како Шоткиеви транзистори кои нудат поголема брзина на работа од обичните биполарни транзистори).
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: SKOLS_OLD on 25.08.2010, Wednesday, 16:44:34
Или можеш да напишеш 74HC73!!!
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: GigaWatt on 25.08.2010, Wednesday, 16:49:42
Доволно е да каже само 7473, станува збор за исто коло, но подфамилијата се разликува, ама нема везе, во прицип сите (горе долу) имаат исти логички нивоа, се разликуваат во горната гранична фреквенција, минималниот и максималниот напон при кој поминуваат од една логичка стостојба во друга (најчесто, тука некаде се сите, 100mV + или -) и максималниот напон на шум/пречки кој е дозволен во едната и во другата логичка состојба ;).
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: SKOLS_OLD on 31.08.2010, Tuesday, 10:23:03
Пројдов од таму и ѕирнав,внатре се беше празно што се случува??Затворила ли продавницата или мене така ми се чини!!!??? ::)
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: DX-er on 31.08.2010, Tuesday, 11:09:22
Контактирав со ASWO и не се повеке на таа локација. Се селат во ТЦ. Беверли Хилс
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: LordZi on 31.08.2010, Tuesday, 11:25:36
Можеби ќе одат на местото на електронинвест? :)
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: DX-er on 31.08.2010, Tuesday, 11:50:24
можно е, јас ги разбрав нешто како на спрат дека ке бидат ама не сум сигурен за тоа
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: GigaWatt on 31.08.2010, Tuesday, 11:55:23
Епа најверојатно им го земале местото на Електроинвест ;D. Добро е, барем нема да морам да одам само до Loging кога ќе барам делови во Беверли ;).
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: SKOLS_OLD on 31.08.2010, Tuesday, 13:29:36
А дали имаат спреј Позитив 20 во Аswo??? да не знае некој дека вчера цело Скопје го прошетав за тој спреј!И по се во ГАЦ газдата ми рече ако нема во Логинг нема да најдеш никаде  ;D
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: Bojan on 31.08.2010, Tuesday, 14:24:40
во логинг знам дека го има тој спреј...1500 денари и јас ке го земав да не ми ги собраа парите...
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: daniel spasovski on 23.10.2010, Saturday, 22:27:40
Дечки мала помош од мене  ;) бев во беверли хилс и таму се преселени на местото на електронинвест  ;) Доколку на некој му треба нешто таму може да ги најде  ;)
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: SKOLS_OLD on 23.10.2010, Saturday, 22:40:14
друже таму јас скоро секој ден сум(во Беверли) и нема проблем,фала за информацијата!
Инаку ужас,нема компоненти,ужас! >:( :-\
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: Malecko on 23.10.2010, Saturday, 22:41:45
друже таму јас скоро секој ден сум(во Беверли) и нема проблем,фала за информацијата!
Инаку ужас,нема компоненти,ужас! >:( :-\
Е ај жити мајка наброј што има,јас не сум бил. ;D
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: SKOLS_OLD on 23.10.2010, Saturday, 22:45:38
има неколку мемории,напонски регулатори(7805 а 7812 нема,за жал) некој тразистори,интергралци а има за веш машини црева,термостати,имаат еден спреј конектори и калај.Исто така и една плоча за ТВ приемник!
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: Malecko on 23.10.2010, Saturday, 22:47:23
има неколку мемории,напонски регулатори(7805 а 7812 нема,за жал) некој тразистори,интергралци а има за веш машини црева,термостати,имаат еден спреј конектори и калај.Исто така и една плоча за ТВ приемник!
ОК,а цените како им се движат за компонентите?
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: daniel spasovski on 23.10.2010, Saturday, 22:47:54
Колега малечко како прво кога влегов таму се беше цакум пакум ама кога и реков на таа за плочка да ми даде незнаеше за што се работи  >:(
И кажувам пертинакс а она ми вели немаме такви плочки  >:(
Е сега сеуште незнам дали немаа или женски памет па незнае што е пертинакс  ;D ;D ;D
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: SKOLS_OLD on 23.10.2010, Saturday, 22:55:56
ја знам продавачката,изгуена! ;D ;D
И викам дај ми она таа ми дава нешто трето! :'(
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: Bojan on 24.10.2010, Sunday, 02:25:39
јас еднашка и барав отпорници од 5W а она ми даваше осигурачи од 5А  :-\ а и како што знам aswo е за резервни делови, делови што потешко може да се најдат...ама МИСЛАМ дека е така...
Title: Одг: Aswo Македонија
Post by: BorceBT on 25.10.2010, Monday, 08:59:12
Да, воглавно е за тоа.