Македонски форум за електроника
Дигитална електроника => Сè останато => Topic started by: avram on 28.04.2011, Thursday, 05:18:12
-
нов сум во овие работи... :-[ најдов шема на нет. сакам да го поврзам в соба на прекинувачот за светилката... значи целта е со шлукање на рацете да се приклучи светилката. дали е исправна шемата, и дали ќе работи на 220V? ако не, што треба да направам ? фала ;D
-
Мое мислење за шемава - првиот дел околу Q1 е микрофонски засилувач, понатаму со 555 се одредува на кој звук ќе реагира, а делот со Q2 и Q3 е некој вид на флип флоп да ја памти состојбата - кога ќе уклучи да држи уклучено се до наредното плескање. Вредноста на R6 ја нема во шемата, претпоставувам зависи од релето што ќе го употребиш - треба да биде иста со отпорноста на неговата намотка. Инаку, склопот ќе ти работи на 220 V, треба само да употребиш реле за на 220, и секако да му направиш напојување (ако не сакаш да го напојуваш со батерии како што е на шемата :))
Тоа е од мене, а мислам дека batka е најкомпетентен да каже за шемава ;D ;D
-
а тоа 7555 интегрално дали е исто со ne555?
Споено мислење: 28.04.2011, Thursday, 13:54:08
имаат исти pinout ???
-
а тоа 7555 интегрално дали е исто со ne555?
Споено мислење: 28.04.2011, Thursday, 13:54:08
имаат исти pinout ???
Да,истото е...
-
Одамна меркам една ваква шема за во гаража. Само дилемата ми е дали во гаража од ехото може да не работи. Зборам за поголеми подземни гаражи и кога ке се симнам да плеснам и да се пушти сијалица пред мојата гаража
-
Мое мислење за шемава - првиот дел околу Q1 е микрофонски засилувач, понатаму со 555 се одредува на кој звук ќе реагира, а делот со Q2 и Q3 е некој вид на флип флоп да ја памти состојбата - кога ќе уклучи да држи уклучено се до наредното плескање. Вредноста на R6 ја нема во шемата, претпоставувам зависи од релето што ќе го употребиш - треба да биде иста со отпорноста на неговата намотка. Инаку, склопот ќе ти работи на 220 V, треба само да употребиш реле за на 220, и секако да му направиш напојување (ако не сакаш да го напојуваш со батерии како што е на шемата :))
Тоа е од мене, а мислам дека batka е најкомпетентен да каже за шемава ;D ;D
ами нека каже ке биде од корист :P btw. гледав вакви шеми што реагираат на едно плескање или на 2 плескања како се постигнува тоа ?
-
Има уште еден флип флоп во “серија“ и веројатно има некаква задршка (каснење) меѓу нив, на пример ако плеснеш со рацете два пати во рок од две секунди да го уклучи релето.
Некои покомплицирани шеми имаат и примерок на звук од плескање (или звук од било што на пр. примерок од глас на одреден човек) во меморија и звукот од микрофонот го споредуваат со тој звук во меморија, ако се приближно исти се вклучува релето.
-
Ова шема со транз+555 + транзисторски флип-флоп е едноставна до таа мера што проблем може само флип флопот да прави. Излезните транзистори се врзани како мултивибратор(симетрично) и еден импулс од 555 отвара,другиот го затвара релето.НЕ555 е врзано како едноставен тајмер со кратка задршка ,за да не дојде до самоокинување со кратки звучни импулси.Значи,треба подолг звучен сигнал за да се активира склопот со 555 и да проработи флип флопот! Поедноставно е за почетници да работат само со флип флоп од ИК!
-
а.... отпорникот R6 не пиши колку оми е Марко рече дека колку што е отпорноста на намотката на релето толку треба да биде и отпорноста на R6 но не беше сигурен :-\ ако има некој мислење ве молам нека сподели :) btw. најдов друга шема изгледа како понова и подобра што мислите вие? :)
-
За да биде симетрична шемата ,оди со иста вредност - мери ја намотката на релето и стави толку на другата страна! Само подобро за почеток најди некоја шема со флип флоп од ИК!
-
Направи ја таа шемата со TL071 и 4027,таа испитана e,и е со флип флоп ;D
-
Направи ја таа шемата со TL071 и 4027,таа испитана e,и е со флип флоп ;D
На втората мислиш?? нема ништо со такви вредности оти... ??? :)
-
НА ова шема мисли,ама таа е од друг пост ;D
-
НА ова шема мисли,ама таа е од друг пост ;D
значи оваа е иста со шлукање работи се исто така ?
-
НА ова шема мисли,ама таа е од друг пост ;D
значи оваа е иста со шлукање работи се исто така ?
Да да!Побарај ја темата,таму имаш се нашкрабано ;D
-
НА ова шема мисли,ама таа е од друг пост ;D
Оваа шема работи ли на 220в !? ???
-
Со работните контакти од релето можеш да вклучуваш потрошуваш на 220V, ако ти е тоа прашањето. А иначе самиот склоп се напојува со 3V и за него треба да направиш едноставно напојување со некое малечко трафо и исправувач/стабилизатор за 3V .
-
Има шеми кои работат и на 220V. Моментално не ми се достапни шемите ( работам од дукан),ама после ручек ке ставам една шема за директно врзување на 220 В.Само ,вимателно ако немате искуство со висок напон! Тој директно може да се најде на масата на уредот и тоа е голем ризик!!
-
Еве една директно што се приклучува на 220V.
http://electroschematics.com/2903/sound-controlled-lights/
6.1. Сите екстерни линкови кои ги post-ирате во вашите коментари треба да бидат кодирани!
-
Ова ти е лајт шоу кое работи на звук,hands clap switch е прекинувач со кој исклучуваш или уклучуваш некој уред!
Еве една интересна и едноставна шема каде со еден удар вклучуваш,со следниот плесок исклучуваш уред.На контактите на телето ,зависно од јачината на струјата и напонот кој го издржуваат може да се врзе коло на 220 V во кое ке поврзеш сијалица,ноќна ламба,некој уред итн. Овде 4017 е употребен како флип флоп.
-
Грдо во овие склопки некако ми делува то шо, на пример ако пуштам гласна музика, тогаш шо ќе прај ова :o :o :o ЌЕ ЗБЕСНИ ;D
Зато подобар проект ми е некако онај на Борче, со далечинското ;)
-
Ако го подесиш нема да реагира на друг звук освен на плесок на дланките