Author Topic: Стабилизатор на напон и струја  (Read 1327 times)

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Стабилизатор на напон и струја
« Opened on 28.09.2010, Tuesday, 21:44:15 »
луѓе...ако некој не приметил уште сум во потрага по добро напојување што ке ги задоволи моите потреби како машко ::)...и едно другарче така free ми даде трансформатор 300W ама 10V и сега ке треба да се премотува и од него сакам да правам стабилизатор на напон со струјно ограничување со напон од 0-40V, само треба да ги употребувам кондензаторите што ми ги даде LordZi што имаат работен напон од 63V, сега несакам да ги употребувам за некој стабилизатор за 30 волти...а за струја ке зависи од тоа колку волти ке треба да се премотува трафото...значи ми треба некоја шема до кај 40V и струја 3-4А со можност за континуирана промена на струјата и напонот од напојувањето... иначе сакам да правам две напојувања со тоа трафото од 300W...па дајте што имате...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Стабилизатор на напон и струја
« Reply #1 on 28.09.2010, Tuesday, 21:51:11 (Edited 28.09.2010, Tuesday, 21:59:18) »
јас имам една шема само ако не се брзаш за едно 10-15 дена ќе знам дали можед а се набават деловите во мк
пошто има едне сензор за струја кој тешко се наоѓа, да се распрашам да видам дали го има и дали има за него некоја замена и така .....

ако сакаш шема ќе ти дадам ама ќе треба да си ја измениш -..

ЕДИТ
еве ја шемата
тоа долу десно /на средина конекторот не мора да го ставаш ...
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Стабилизатор на напон и струја
« Reply #2 on 28.09.2010, Tuesday, 23:11:16 (Edited 29.09.2010, Wednesday, 20:51:08) »
јас најдов некои шеми, ама па никои такви како што ми требаат....оваа немоше да се преправи некако за поголем напон и струја да има..

Code: [Select]
http://freecircuitdiagram.com/2008/08/15/adjustable-0-30v-power-supply/
Споено мислење: [time]29 Септември 2010, 18:38:18[/time]
си тупев денеска мозокот и испадна вакво нешто...



значи како функционира...

првин стабилизаторот е изведен со зенер диода од 40V (незнам дали има толкава стандардна вредност, ама па има нешто блиску до тоа сигурен сум...). после тоа со потенциометарот од 10К се менува напонот што се носи на базата на транзисторот BD139 и после тоа тој напон се носи до базата на моќните транзистори 2N3055 (може и 3 такви да ги ставам...) и напонот си тера на излез...после тоа двата отпорници поврзани со лизгачот на потенциометарот формираа напонски делител што напонот го дели на два еднакви дела. тој напон се споредува со напонот донесен на инвертирачкиот влез од операцискиот засилувач кој е добиен од делителот на напон поставен на излезот на стабилизаторот. и бидејќи операциските засилувачи тежнеат да ја неутрализираат потенцијалната разлика на напоните донесен на неговите влезови, на неговиот излез ќе се појави некој напон кој што е збир од падот на напоните од транзисторите (околу 1,6В) и така напонот (би требало...) цело време да си остане константен без разлика на падот на напон од транзисторите...

па што мислите вие ке функционира??? иначе ова е само стабилизаторот за напон, ако ова функционира како што треба тогаш ке го мислам и струјното ограничување...

Споено мислење: 29.09.2010, Wednesday, 20:51:08
мал едит...тоа што се напонските делители нема напонот да го делат на пола, него на 1/4ка од напонот на напојување...така зашто максималниот диференцијален напон на 741 е +-15V а ако напонот се дели само на пола ке биде 20V...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
мислам дека нема да работи најдобро
излезниот напон од ОЗ ти е премногу мал плус имаш пад на напонот со диодата и отпорникот така да ништо нема да постигнеш, не верувам дека сигнал од 0.9V е доволно за да побуди транзистор ?!
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
не не не, напонот на излезот ке се зголемува се додека не се изедначат напонот на + и - на оз-то а и ке има напон на базата на транзисторот од лизгачот од потенциометарот...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Стабилизатор на напон и струја
« Reply #5 on 29.09.2010, Wednesday, 21:17:19 (Edited 29.09.2010, Wednesday, 22:29:32) »
епа тогаш ако носиш ти напон со потенциометар директно на база беспотребен ти е операциониот :)

ЕДИТ
еве од порано шо имав некоја идеа
( сега е преработена во sPlan )
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!