Најпаметно решение било да врзе сијалица, ама што биднало биднало, тоа е тоа :S, затоа памет за нареден пат
, се учи преку грешки
. Aко не сте сигурни дали правилно е врзан некој уред кој работи на висок напон, ставете сијалица во серија (сериски) со еден од водовите
(пресечето го кабелот на едниот од водовите и врсете меѓу двата пресечени краја една сијалица 220V, 60W-75W). Ако сијалицата засвети, значи дека уредот или е неисправен, или погрешно сте го врзале (струјата што по правило треба да „пукне“ некоја компонента протекува низ сијалицата и она ја троши, така да уредот останува неоштетен
). Ако сијалицата не засвети и уредот проработи, значи дека правилно сте го врзале уредот, па можете (во принцип) да сметате дека ќе работи правилно и без сериски врзаната сијалица
.