Author Topic: Електронски осигурувач  (Read 1446 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Електронски осигурувач
« Opened on 08.11.2009, Sunday, 00:16:29 (Edited 17.10.2014, Friday, 01:10:11) »
Ова е многу едноставен електронски осигурувач кој работи на DC струи на напон од 10 до околу 50V. Тиристорот може да биде BT151:



Со отпорникот од 0.2 ома осигурувачот исклучува на околу 3A, за други струи може да се стави на пример 1 ом за 700mA или 0.33 оми за 2А.

Отпорникот на гејт на тријакот = [Напон] x Komi (за 12V = 12K), може да се експериментира и со други вредности нормално не помали од 1К.

[Edit]: Додадени се информации за колото кои беа побарани во долните постови, затоа некои од долните мислења веќе немаат смисла.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Одг: Електронски осигурувач
« Reply #1 on 16.01.2010, Saturday, 16:53:53 »
Дали може да се направи ваков електронски осигурач и за 24 V оти почесто ние  на работа го користиме ?
А и колку пати може да се ресетира  ??? барем теоретски одприлика ?

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Електронски осигурувач
« Reply #2 on 16.01.2010, Saturday, 19:40:26 »
теоретски бесконечно многу :)
мсилам дека ќе може за поголеми напони и вака да се искористи
пробај со некоја минијатурна струја ( за секој случај ) и пиши
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Електронски осигурувач
« Reply #3 on 28.02.2010, Sunday, 20:23:56 »
сега се збунив... значи...треба напон да се донесе на гејтот за да проведе тиристорот, а на шемата нема никаков напон донесен на гејтот...или тастерот треба да е нормално затворен(грешно да е нацртан)...или па ја нешто сум се збунил...:-[ помош ке може за мојата “мака“
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Електронски осигурувач
« Reply #4 on 28.02.2010, Sunday, 23:42:29 »
Според мене накратко вака работи, ако грешам нека ме поправи некој
откако ќе се приклучи нешто на овај осигурувач, низ него нема да тече струја затоа што треба да се „отвори“ транзисторот (2Н3055), за да се постигни тоа се притиска на копчето за ресетирање преку него на гејтот од тиристорот се донесува сигнал за побуда, овај сигнал го „отвора“ тиристорот со што се побудува и транзисторот, е сега откако ќе се побуди транзисторот почнува струјата да тече низ него, па преку отпорникот од 0,2 оми оди на базата со што самиот се држи „отворен“, доколку се појави проблем пр. краток спој на краевите имаме пад на напонот и склопот се исклучува, за да се вклучи пак треба да се притисни на рестаарт копчето

значи ова по мое како би работело, ама ако не е така нека ме поправи некој 
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Електронски осигурувач
« Reply #5 on 01.03.2010, Monday, 00:02:30 »
ај ја малце да пробам со теоријата  ;D
значи се притиска тастерот, и тече струја низ тиристорот, одпорникот, и кога ке достигне некоја вредност потребна за транзисторот да проведе, тој го премостува тиристорот, бидејки не тече струја низ тиристорот тој се гаси, и нема напон на базата на транзисторот и транзистрот се закочува и....нема струја на излез...ама па се чудам па од каде 0,2R одпорникот...за транзистор да спроведе (како што знам јас) треба напон база-емитер 0,6-0,8V што би се добило со пад на напонот низ одпорникот од 0,2R за струја од 3-4А...а и на шемата што треба да значи тоа 4А/250V???
someone correct me if i am wrong....
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Електронски осигурувач
« Reply #6 on 01.03.2010, Monday, 00:11:28 »
тоа 4A/250V значи дека тиристорот треба да е за струи до 4А и напони до 250В
хаха
а зошто би се изгасил транзисторот, прочитај го мојот пост погоре пишав дека сам си прави побуда, се додека е уклучено напојувањето и не се случи нешто на излез тој ќе проведува
односно се додека напонот на излез не падне толку да не може да се побуди транзисторот
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Електронски осигурувач
« Reply #7 on 01.03.2010, Monday, 00:49:56 »
а..колку волти треба да има на базата на транзисторот за тој да може да проведува??? и да престане да проведува транзисторот, тиристорот ке си продолжи да проведува....се додека не се добие напон поголем на катодата, или па скроз да се исклучи од напојување....
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Електронски осигурувач
« Reply #8 on 01.03.2010, Monday, 03:24:39 »
Значи вака отприлика:

1. Ова не е наменето за 220V!!! На шемата е означено 220V само затоа што такви тиристори се најлесни за наоѓање (на пример BT151).
2. Шемата не е тестирана за жал, па некој нека ја направи и истестира, нека каже дали работи и ако не работи после ќе пробаме да ја средиме да работи.

Некои едноставни шеми за жал неможат теориски да се објаснат бидејќи најчесто во теоријата се земаат идеални компоненти. Но реално на пример: тиристорот има пад на напон на проведување од околу 1.4V при максимална струја а нема информации колку има пад на напон на помала струја. Транзисторот 2N3055 на пример има пад на напон колектор-емитер од околу 1 Волт на 4А до 3V на 10А. Ова е толку тешко за динамичка пресметка што подобро да се направи и да се проба. Сепак не гарантирам дека со BT151 тиристорот ќе ги добиеме потребните карактеристики за да „се изклучи“ осигурувачот. Можеби подобро во иднина е да направиме нова шема и тоа за 220V :)
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline SaleSk

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 434
  • Gender: Male
Одг: Електронски осигурувач
« Reply #9 on 01.03.2010, Monday, 09:34:33 »
Како и да е шемата е доста корисна и има многу голема употреба...
Барем да не горат осигурачи при несакани куси врски :))
Душевно болниот човек никогаш не напаѓа без причина. По тоа се разликува од нормалните луѓе.
Keyboard not found...Press F1 to continue...