Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: slobo_n on 22.02.2010, Monday, 12:21:45

Title: Едноставен електронски баласт за флуоросцентната ламба, дали е функционален?
Post by: slobo_n on 22.02.2010, Monday, 12:21:45
Code: [Select]
http://cxem.net/house/1-50.php
Значи написот за оваа шема вели дека ја стартува флуоросцентната ламба веднаш, без трепкање.

Дали оваа шема би ја стартувала флуоросцентната ламба? Изгледа премногу едноставно за да работи, дури и поедноставно од кинески електронски баласт. И кој би бил векот на траење на оваа шема, а и на ламбата која би ја напојувал?

Имам лоши искуства со кинески баласт, ги гореше ламбите за 4, 5 месеци, а потоа изгоре и самиот баласт кој го користев околу 7 месеци. Ламбата се користеше во просторија каде постојано се вклучуваше и исклучуваше.

Затоа е опција да направам нешто што ќе ме служи, како погорната шема. Ќе ве молам без непотребни сугестии од типот: зошто не користиш едноставно магнетен баласт?
Title: Одг: Едноставен електронски баласт за флуоросцентната ламба, дали е функционален?
Post by: BorceBT on 22.02.2010, Monday, 12:29:35
Јас имам правено слична шема и да, ја стартува флуоресцентната ламба без проблем бидејќи колото е напонски умножувач, од 220V прави 660V што е доволно да светне ламбата и без „стартер“. Проблемот се разбира е следен:

1. На ламбата и доаѓа DC наместо AC напон. Тоа значи дека ламбата само од едната страна ќе почне да црнее и ќе трае два пати помалку отколку рамномерно да црнее од двете страни.
2. Ламбата ќе свети барем двојно помалку (во сјајност) бидејќи имаме капацитивен елемент а не индуктивен во колото со ламбата што значи дека најголема струја тече при мал напон а не обратно како кај колата со пригушница.
3. Сепак вреди да се проба и експериментира бидејќи 90% дека овој баласт ако не ламбата барем самиот тој ќе трае подолго од кинеските :)
Title: Одг: Едноставен електронски баласт за флуоросцентната ламба, дали е функционален?
Post by: slobo_n on 22.02.2010, Monday, 15:35:25
2. Ламбата ќе свети барем двојно помалку (во сјајност) бидејќи имаме капацитивен елемент а не индуктивен во колото со ламбата што значи дека најголема струја тече при мал напон а не обратно како кај колата со пригушница.
Изумив да го поставам прашањето во врска со сјајноста, но ти веќе го одговори. Благодарам.

Во секој случај треба да се експериментира, па доколку ја направам шемата за брзо, ќе ги напишам заклучоците.
Title: Одг: Едноставен електронски баласт за флуоросцентната ламба, дали е функционален?
Post by: didy on 25.02.2010, Thursday, 16:13:54
Точно е дека ќе работи, и тоа до 10W , пример за Ув сијалица за комарци убивање . иста е шемата и за напонот што се користи за мржата околу светилката, што ги гори комарците.