Author Topic: PS/2 тестер - испитувач на исправност на кабли и ознаки на бои на жили  (Read 1486 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ова е всушност многу просто „уредче“ (се гледа и од сликите дека не е баш уредче, но така би го нарекол ;D) со чија помош може лесно да се испита исправноста на каблите (жилите, дали некоја е прекината или не) на PS/2 мауси и тастатури. Исто така, може да се одреди која боја на жила е одговорна за пренесување на Vcc (напонот на напојување на тастатурата или маусот), GND (заземјувањето, масата, односно негативниот вод од напојувањето), DATA (податоци) и CLOCK (тактот, кој е потребен за синхронизација на компјутерот со тастатурата или маусот при праќањето на податоците). Инаку, самата идеја за „уредчево“ ми дојде од „пуста мака“ ;D. Имам еден куп мауси и тастатури на кои (најчесто) им е прекинат само кабелот (инаку, ова е најчест проблем кај сите видови на жичани мауси и тастатури), па нема смисла да се фрлаат само поради прекината жила или жили ;). А освен тоа, често знаеме и да се навикнеме на димензиите на определена тастатура и големината на типките (некои се поголеми, некои помали, итн.) или на димзензиите на определен маус, па тешко ни паѓа потоа кога ќе треба да ги фрлиме и да купиме нови (а со тоа, и да се навикнуваме на истите) поради тоа што се „расипани“, а лесно може да се смени кабелот со сосема нов (или некој користен, можеби од друга тастатура или маус со друг проблем, но исправен). Едноставно се крати конекторот (притоа, се остава мала должина, околу 4 или 5cm, за да може да се надоврзе нов кабел) и на него се надоврзува нов кабел. Притоа, со помош на „уредчево“, може да се испита и дали сите жили се исправни до местото до кое сте го пресекле кабелот ;). Ако не се исправни, сечете уште малку, па пак проверувате. Ако проблемот е во самиот конектор, или купувате нов, или го расклопувате стариот (ова е малку деликатна процедура, бара малку пракса ;)) и на него го наставувате (залемувате) новиот кабел ;). Јас најчесто користам четири-жилен телефонски кабел бидејќи е прилично цврст (жилите се прилично дебели, во 90% од случаите, има многу подебели жили од оригиналните кабли со кои дошла тастаурата или маусот), има четири жили (колку што е и потребно за пренесување на сите четири сигнали: GND, Vcc, DATA и CLOCK), евтин е и може да се најде скоро секаде ;).

Еве неколку слики од ова „уредче“ ;).













Начинот на испитување е прилично интуитивен, врз база на самата градба на „уредчето“. Го ставате сомнителниот кабел во конекторот и со помош на унимер поставен на beep-ер подрачје проверувате дали имаат контакт сите четири жили од кабелот. Ако нема, веднаш имате информација која жила (Vcc, GND, DATA или CLOCK) е прецвикана и која е нејзината боја, така да, лесно може да се направи еквиваленција на боите меќу скинатиот кабел и некој друг (на пример, користен, но исправен) кабел од некоја друга тастатура или маус ;). Инаку, распоредот на пиновите во самиот конектор (Vcc, GND, DATA и CLOCK) е ист за мауси и тастатури, така да, можете и двете да ги испитувате со само едно вакво уредче ;).

Конекторот кој е прикажан на сликите е изваден од стара неисправна матична плоча. Притоа, распоредот на пиновите од долната страна на конекторот е прикажан на сликата подолу (да не мора да барате online кој е распоредот ;)). Останатите пинови не се врзуваат (N/C се). За изолација на жилите една од друга (оние кои се залемени на долната страна од конекторот) користев панцир-црево (термо-црево). Жилите (кабелчињата) пожелно е да бидат со различни бои (притоа, пожелно е, за полесно распознавање, жицата за Vcc да биде црвена, а жицата за GND да биде црна). Ознаките можете да ги напишете на парче фластер (како што имам направено јас) или некој друг вид на леплива трака (на пример, леплива трака од хартија или нешто слично). Не е лошо да поставите жици и на двата конектори (и за маус и за тастатура) бидејќи некогаш може да се случи конекторот од кабелот кој сакате да го испитате да не „фаќа“ убаво на едниот конектор, па да излезе дека „кабелот е прекинат“, а всушност не е ;). Затоа, вака, си имате „back-up тестер“ на истиот конектор ;).

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."