Којзнае од што се правени, од некое ефтино железо...
Оние најквалитетните врвови се прават од бакар со многу тенок слој галвански нанесено железо на врвот, затоа не смеат да се стругаат механички, оти ако се иструга тој слој после нема да држи калај врвот. Ваквите врвови се чистат исклучиво со
мокро сунѓерче за леткум - потенцирам мокро, јас секогаш си држам мало шишенце со вода покрај лемната станица и по потреба го мокрам сунѓерчето. Ако не може да се исчисти врвот со сунѓерчето постојат специјални пасти, т.н. tip refresher-и за чистење, ако и со нив не може да се исчисти врвот толку од него, време е да се менува.
Инаку долги години си правев врвови од подебела (радиус 5mm) полна бакарна жица, лесно се прават ама траат неколку саати, најмногу ден лемење, после тоа се јаде врвот и треба да се стругаат, ама добра страна е што можеш да си направиш форма на врв каква што сакаш.