Многу можно да е кинески више се е преплавено со копии. А кажи ми со унимер со такво подрачје што би требало да добијам како вредност?
На diode test го ставаш унимерот и треба да добиеш „проводност“ (условно кажано) или „непроводност“ (зависи од тоа дали транзисторот е NPN или PNP) од база кон емитер и од база кон колектор. Притоа, величината која се мери е пад на напон (ако унимерот е поставен на diode test подрачје).
Мислам дека сликава ќе објасни повеќе од зборови ;). За PNP транзистор, мерењата треба да се обратни ;). Притоа, тоа што го дава како мала отпорност на аналоген мултиметар, треба да се гледа како мал пад на напон на дигитален унимер (под услов да е поставен унимерот на diode test подрачје).
(http://img338.imageshack.us/img338/417/analoguemultimetertrans.jpg)